2.500 вработените од клинички ќе се паркираат во „Лимак“ од 1 јули, обезбедени 300 паркинг места - Канал 5

2.500 вработените од клинички ќе се паркираат во „Лимак“ од 1 јули, обезбедени 300 паркинг места

Од 1 јули нови правила за паркинг местата во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Вработените на клиничкиот центар ќе паркираат  во „Лимак“, каде ќе бидат обезбедени 300 места за вработените.

2.500 вработените од клинички ќе се паркираат во „Лимак“ од 1 јули, обезбедени 300 паркинг места

Министерот верува дека пет минутно пешачење нема да им биде проблем, но засега се уште се бара методологија како да ги натераат вработените таму да паркираат. На паркингот на клинички дневно влегуваат околку шест илјади пациенти и има над 2.500 вработени.

Од самостојниот синдикат на вработените во клинички центар за Канал 5 одговорија дека за овој предлог слушнале од медиумите и немале средба со новиот министер за здравство, за да дадат став за предложеното решение. Тие поддржуваат да не се најде решение за паркингот на клинички и како решение го нудат примерот на клиничкиот центар во Љубљана да се регулира со сообраќјна полиција и се прави увид кој влегува во центарот со автомобил.

Алиу најави дека скоро ќе се бара решение и за паднатиот ѕид кај детска клиника што стои една година, а по состанок со неколку институции беше донесена одлука овој проблем да го решение министерството за здравство. Алиу за стартот на наредната недела најави состанок со заеднички служби во делот на решавање на проблемот со пералната на клинички каде во моментот вработените со месеци немаат земано плата, а во пералните од ден на ден се купува прашок за перење за да се испере постелнината во болниците и униформите.

Министерот најави дека во рамки на Клинички центар ќе бидат поставени интерактивни информативни табли каде ќе има информации колку паркинг места има пред одредена клиника, и каде точно се клиниките.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во Виетнам

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна на самитот на АПЕК во Шенжен, Кина, придружуван од офицер кој – пред камерите на руските државни медиуми – го покажа „нуклеарното куферче“.

Путин во Кина ја покажа нуклеарната актовка, руски бомбардери пристигнаа во Виетнам

Во меѓувреме, во Виетнам се појавија два руски стратешки бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Овие случувања доаѓаат пред денешните средби меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Ова е прва заедничка средба меѓу лидерите на овие три нуклеарни сили. Потезите на Русија привлекоа внимание, бидејќи Москва во последно време ги демонстрира своите воени капацитети далеку надвор од границите на Украина – земја во која веќе речиси пет години води војна.

На видеоснимка објавена од руските државни медиуми се гледа припадник на придружбата на Путин како носи црна актовка. Новинарот го праша дали станува збор за нуклеарна актовка, а службеникот тоа го потврди.

Актовката, позната како „Чегет“, е дел од системот преку кој рускиот претседател одржува врска со воената команда и учествува во донесувањето одлуки за употреба на нуклеарно оружје.

Иако нуклеарната актовка обично го придружува рускиот претседател на патувањата, таа ретко се прикажува јавно пред камерите.

Видеото беше објавено непосредно пред средбата на која се очекува да се разговара за нуклеарното оружје и односите меѓу трите големи сили.

Во последните денови, Русија исто така ја зголеми својата воена активност во Источна Азија.

Сателитски снимки покажаа два руски стратешки бомбардери „Ту-95“ – познати според ознаката на НАТО како „Мечка“ (Bear) – на аеродромот Да Нанг во Виетнам. Тие беа придружувани од уште два руски воени транспортни авиони „Ил-76“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

Секој ден има нова потврда на она што го кажува СДСМ веќе со месеци за последиците од криминалното владеење на Мицкоски.

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

Заклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните не се префрлени во вториот пензиски столб.

Тоа се пари на 650 илјади граѓани, што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сопствената пензија.

Префрлањето пари не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско да ги префрли парите во вториот пензиски столб.

Ќе реагира ли сега Јавното обвинителство или повторно ќе молчи?

Организираната криминална група ја загрозува исплатата на идните пензии на над 650.000 граѓани.

Дупката во ПИОМ е веќе 1 милијарди евра. Власта го загрозува и вториот пензиски столб.

Нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк.

Пари има само за криминалните тендери на власта.

За само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за околу 4 милијарди евра. За 2027 година, Мицкоски и Кочоска планираат ново задолжување од речиси 2 милијарди евра.

Ова е економскиот дебакл на Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ .

На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.

Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.

Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво.

Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи.

Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер