3Кузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски
Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
2Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
Култура19 награди на вториот конкурс за создавање на класична музикаДеветнаесет награди со износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика до Министерството биле поднесени 36 апликации за девет различни категории од кои само една не ги исполнила условите. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција на која ги соопшти резултатите од конкурсот, рече дека се доделени 10 први награди со износ од 2.830.000 денари, седум втори награди со износ од 555.000 денари и две трети награди со износ од 130.000 денари. Посочи дека Комисијата задолжена за избор на оркестарски копозиции одлучи во таа категорија да биде доделена една прва награда со освоени 22 бодови за композицијата на авторот Вања Николовски, а Комисијата за должена за избор на композиции од категоријата за гудачки оркестар одлучи да бидат доделени една прва награда со освоени 33 бодови за композицијата на авторот Никола Крстевски и две втори награди: со освоени 29 бодови за композицијата на авторот Александар Пејовски и со освоени 29 бодови за композицијата на авторот Сони Петровски. - Комисијата за должена за избор на композиции од категоријата за гудачки квартет одлучи во оваа категорија да бидат доделени прва награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Маријана Јаневска, втора награда со освоени 17 бодови за композицијата на авторот Валентина Велковска Трајановска и трета награда со освоени 14 бодови за композијата на авторот Филип Иванов, рече Канческа-Милевска. Таа потенцира дека Комисијата за избор на композиции од категоријата мешан хор утврди дека во оваа категорија ќе бидат доделени: прва награда со освоени 23 бодови за композицијата на авторот Јана Андреевска Димитровска, втора награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Никола Крстевски и со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Маријана Јаневска, како и трета награда со освоени 20 бодови за композицијата на авторот Тодор Трајчевски. Нагласи дека Комисијата задолжена за избор на композиции од категоријата за вокално инструментални дела одлучи во таа категорија да биде доделена една прва награда со освоени 40 бодови за композицијата на авторот Панде Шахов, а Комисијата за избор на композиции од категоријата за дуо утврди дека во таа категорија ќе бидат доделени: прва награда со освоени 32 бодови за композицијата на Никола Димушевски, втора награда со освоени 29 бодови за композицијата на Ана Пандевска и трета награда со освоени 27 бодови за композицијата на авторот Илија Илиевски. Комисијата за избор на композиции од категоријата камерна опера утврди дека ќе биде доделена прва награда со освоени 46 бодови за композицијата на авторот Горан Начевски, а Комисијата за избор на композиции од категоријата солист и гудачки оркестар утврди дека ќе бидат доделени две први награди со освоени 24 бодови за композицијата на авторот Михаило Трендафиловски и со освоени 24 бодови за композицијата на авторот Дамјан Темков, а Комисијата за избор на композиции од категоријата за солист и оркестар одлучи да биде доделена само една прва награда со освоени 34 бодови за композицијата на авторот Сони Петровски. - Во однос на оваа стимулативна мерка на Министерството за култура во 2014 година на првиот конкурс (чии резултати без соопштени во јули кога беа доделени 23 награди) и на вториот конкурсен рок се поддржани вкупно 42 композиции на 27 автори кои се наградени со вкупен износ од 5.305.000 денари од буџетот на Република Македонија. Министерството и следната година ќе продолжи со реализација на оваа мерка и веќе во втората половина на јануари ќе биде објавен нов конкурсен рок за нарачка на нови дела од областа на класичната музика, додаде Канческа-Милевска. Таа ги повика сите автори, композитори без оглед на која генерација и припаѓаат да се информираат и да учествуваат на конкурсот. Сони Петровски, претседател на СОКОМ и композитор, рече дека неколкукратно е зголемен е фондот на нови музички дела и тоа им овозможува на институциите, фестивалите и ансамблите да го збогатат својот репертоар со македонски дела. Според музикологот и член на неколку комисии, Марко Коловски истакна дека годинава веројатно ќе ја завршат со исклучително висок број создадени композиции од македонските автори. - Оваа година вложениот креативен труд на авторите на класична музика е вреднуван сосема солидно, пристојно и достоинствено, додаде Коловски. Еден од наградуваните автори Горан Начовски потенцира дека во врска со неговата композиција камерната опера не би сакал да открива детали, но оти со задоволство и нетрпение го очекува моментот кога ќе дојде да се подготвува во нивната национална установа Македонската опера и балет. Наградениот автор Дамјан Темков рече дека ова е еден најмотивирачките периоди во македонското музичко класично творештво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЛитера отвора ново поглавје: „Градови полни приказни“ и нов центар за детска креативностМеѓународниот фестивал за илустрација и литература за деца и млади „Литера“ најавува два значајни проекта – едиција сликовници посветени на македонските градови и отворање Центар за развој на детска креативност.Од денес, 19 октомври до 10 ноември 2026 година е отворен конкурс за авторски текстови за сликовници под заедничката тема „Градови полни приказни“. Со овие иницијативи, фестивалот го проширува своето дејствување во целогодишна платформа за литература, илустрација, уметност и едукација. Шест градови, шест сликовници, една Македонија раскажана низ приказни. Гевгелија, Битола, Охрид, Скопје, Прилеп и Куманово ќе добијат свои авторски сликовници, кои преку автентични приказни и илустрации ќе го претстават нивниот културен идентитет пред домашната и меѓународната публика. Под мотото „Градови полни приказни“, „Литера“ ги повикува авторите да создадат оригинални текстови инспирирани од овие шест македонски градови. Конкурсот е отворен од 19 октомври до 10 ноември 2026 година и има цел да поттикне нови авторски гласови и современи приказни што ќе го доближат културното богатство на Македонија до најмладите генерации. Шесте сликовници ќе бидат изработени со висококвалитетни материјали и обединети во специјално дизајнирана кутија со интерактивна игра за запознавање на градовите. Проектот создава современо книжевно, визуелно и едукативно искуство, со потенцијал за промоција на македонската култура надвор од земјата. Од 1 ноември започнува со работа Центарот за детска креативност Во исто време, „Литера“ отвора Центар за развој на детската креативност, кој од 1 ноември 2026 година ќе понуди тематски работилници за боја, илустрација, 3Д-форми, раскажување приказни преку цртеж и изработка на сликовници. Работилниците ќе ги водат професионални автори и стручни лица, а програмата ќе се објавува однапред, со пријавување и до пополнување на капацитетите. Осум години посветени на квалитетната детска литература Во изминатите осум години „Литера“ придонесува за нов пристап кон детската литература и илустрацијата во Македонија, афирмирајќи ја сликовницата како уметничко дело со важна улога во развојот на визуелната култура, имагинацијата и љубовта кон читањето. „Веруваме дека вложувањето во детската литература и креативност е вложување во културната иднина на нашата земја. Со едицијата „Градови полни приказни“ сакаме да покажеме дека секој град има приказна што вреди да се раскаже и зачува. Паралелно, создаваме простор во кој децата ќе можат да ја развиваат својата имагинација и креативност. Нашата цел не е само да создаваме нови читатели, туку и идни автори, илустратори и генерации со развиена визуелна култура“, велат од тимот на „Литера“. Во 2026 година фестивалот ја развива својата целогодишна платформа, која ќе обедини изложби, работилници, предавања, професионални вмрежувања и меѓународни претставувања. Со новите проекти, „Литера“ продолжува да гради простор во кој приказните ја зачувуваат културата, а креативноста ја обликува иднината. Автор на официјалната илустрација за Литера 2026 е Анастасија Јованова. Конкурс „Градови полни приказни“ Рок за доставување авторски текстови: 10 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПутин: Русија создава погранична безбедносна зона во Украина за која нема да се преговараРусија воспоставува безбедносна зона во Украина по должината на нејзината граница, што нема да биде предмет на какви било преговори со киев во иднина, изјави претседателот Владимир Путин.Тој рече дека операцијата е одговор на украинската инвазија во западниот руски регион Курск во 2024/25 година. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека планираната безбедносна зона се протега 660 километри, од кои 70% моментално се под контрола на Русија. Не кажа колку длабоко ќе навлегува во Украина. Путин рече дека руските сили сè уште не освоиле нешто повеќе од 10% од територијата на Доњецк и 16,5% од регионот запорожје, два од четиритие региони што беа анектирани во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од ГруевскиНа 17 октомври гласаа болните и изнемоштените во Брвеница. 85 од 88. Веднаш по гласањето, во сабота, на социјалните мрежи профилите на ВМРО-ОКГ ги поделија бројките.Веднаш по затворањето на избирачките места, ВМРО-Орбан порталот „Република“ ги објави истите резултати: 50 гласа за нивниот кандидат, 20 за ВЛЕН, 15 за ДУИ, нула за СДСМ. Бројките се точни со објавите на страниците на ВМРО. Како знаеле ден порано? Болните и немоќните гласаат дома, во присуство на комисија. Кутиите се затвораат. Се носат. Се отвораат на денот на изборите, заедно со гласовите од избирачките места. Не се бројат претходниот ден. Не се објавуваат претходниот ден. Освен ако некој веќе “знае” што има внатре. Оттука СДСМ нула. Лесно е кога некој има пристап до гласачките ливчиња. Ова не се „неофицијални податоци“. Ова е признание. Знаеле што има во запечатените кутии пред да се отворат и пред официјалното броење на комисијата. Во „бомбите“ од 2015 година се слушаше токму тоа: влечење за уши, човечиња фатени за рака што ги водат да гласаат, контрола на ранливи групи, субвенции условени со глас. Тогаш системот на Груевски го правеше тоа отворено. Сега, под арамијата Мицкоски, истиот систем работи само под радар. Знаат што има во кутијата пред да се отвори. Мицкоски ја претвори својата партија во сопствено царство. Ги укина сите потпретседатели. Сега ги презема сите техники на владеење на Груевски. Менторот го постави ученикот. Затоа СДСМ не сака да го прифати изборниот грабеж кој ВМРО-ОКГ го спрема со законот по моделот на Груевски, со кој сака да овозможи изборна манипулација со гласовите од дијаспората. Гласање без контрола. Гласање по пошта. Електронско гласање. Не прифаќаме ништо што не е во согласност со препораките на ЕУ и ОДИХР - истрага на купување гласови, притисок врз гласачи, злоупотреба на јавни ресурси, транспарентност и контрола. Не гласање без контрола. СДСМ бара обвинителство веднаш да спроведе истрага. Како е можно да се знаат гласовите од запечатените кутии што се отвораат во исто време со гласовите од избирачките места? Бараме одговорност. Бараме да се види кој ги отворил кутиите, кој ги броел на „ВМРО начин“ и кој го пратил бројот да се објави јавно пред да стигне до комисијата. Ова е доказ како работи организираната криминална група. Истите методи од Груевски. Кутиите се отвораат уште во сабота. Гласовите ги штелуваат како анкетите. Истата банда. Само шефот е сменет. Народот гледа. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter