19- годишен американски пилот среде зима слета на зафрлен аеродром на Антрктикот, уапсен е - Канал 5

19- годишен американски пилот среде зима слета на зафрлен аеродром на Антрктикот, уапсен е

Деветнаесетгодишниот американски државјанин Итан Гуо бил притворен на антарктичкиот остров Кинг Џорџ откако слетал спротивно на планот за лет што им го пријавил на чилеанските власти, објави Би-Би-Си.

19- годишен американски пилот среде зима слета на зафрлен аеродром на Антрктикот, уапсен е

Деветнаесетгодишниот американски државјанин Итан Гуо бил притворен на антарктичкиот остров Кинг Џорџ откако слетал спротивно на планот за лет што им го пријавил на чилеанските власти, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение од Чилеанската дирекција за цивилно воздухопловство.

Гуо, кој се обидува да стане првиот пилот што лета сам низ сите седум континенти во мал авион Цесна 182, додека собира 1 милион долари за истражување на ракот кај децата, наводно пријавил дека летал само над чилеанскиот град Пунта Аренас.

Но, за време на летот, тој ја преминал планираната рута и слетал на островот Кинг Џорџ, каде што се наоѓаат неколку меѓународни истражувачки станици. Со тоа ги активирал протоколите за безбедност на воздухот, според соопштението за медиумите од чилеанските власти.

Слетал среде зима на оддалечен аеродром на Антарктикот

Инцидентот се случил на аеродромот Тениенте Р. Марш, кој се наоѓа на островот Кинг Џорџ, територија што Чиле ја смета за дел од својот антарктички суверенитет. Температурите таму во јули се постојано под нулата, а островот се користи исклучиво за научни и логистички мисии.

Регионалниот обвинител Кристијан Кристосо Рифо изјави дека Гуо е обвинет за кршење на два члена од законот за воздухопловство на Чиле, вклучувајќи еден што може да резултира со кратки затворски казни. Покрај тоа, Гуо наводно го прекршил Антарктичкиот договор, меѓународен документ што го регулира статусот на Антарктикот како област наменета исклучиво за мирновременска и научна соработка.

„Жив сум, наскоро ќе се вратам“

Гуо не се рекламирал со денови, но во среда објави на платформата X: „Жив сум, наскоро ќе ве контактирам“.

Според податоците од неговите социјални мрежи, Гуо досега летал над сите шест континенти. Летот до Антарктикот требало да биде последната фаза од неговиот 140-дневен потфат, кој го следат повеќе од милион луѓе низ целиот свет.

Според Би-Би-Си, случајот привлече големо внимание од чилеанските воздухопловни власти поради кршењето на безбедносните протоколи, но и затоа што станува збор за област со посебен меѓународен режим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп.

Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол.

При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист.

„Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција.

Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина.

„Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони.

Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа.

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието.

Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер