18- годишник со потекло од Србија е осомничен за убиство во Осло, го товарат за тероризам - Канал 5

18- годишник со потекло од Србија е осомничен за убиство во Осло, го товарат за тероризам

Ѓорѓе В. (18), чии родители се по потекло од Србија, е осомничен за убиство на работничка за социјална помош на деца во Кампен, Осло.

18- годишник со потекло од Србија е осомничен за убиство во Осло, го товарат за тероризам

Според извештаите на медиумите, тој е германски државјанин, додека неговите родители се по потекло од Србија.

Жртвата е идентификувана како Тамима Нибрас Јухар (34), родена во Етиопија, а злосторството се случило во Осло околу 1:15 часот вчера наутро.

Јухар била на должност во објектот кога била убиена.

„Тамима била грижлива, присутна и инклузивна. Имала пријатели од многу сфери на животот, култури и религии и се сметала за обединувачки центар и во нејзиното семејство и во нејзиниот круг на пријатели“, соопшти нејзиното семејство.

Надвор од домот за социјална помош на деца во понеделник, луѓето оставале цвеќе и палеле свеќи во спомен на младата работничка.

Еден од нејзините најблиски пријатели, Мариус Петерсен, ја опишал како „една од најтоплите луѓе“.

„Некоја која секогаш била социјално ангажирана, ги сакала луѓето и се борела против неправдата“, изјави Петерсен за медиумите.

Германски државјанин кој живеел во институцијата е обвинет за нејзиното убиство. Осомничениот е идентификуван како Ѓорѓе В., според три независни извори со кои разговарал Document.no. ,неговите родители се од Србија.

Според полицискиот обвинител Филип Грин, 18-годишникот се поврзал со убиството за време на испрашувањето.

Службата за полициско обезбедување (PST) претходно му кажала на NRK дека се запознаени со 18-годишникот бидејќи тој изразувал десничарски екстремистички ставови.

„Жената била вработена во студентскиот дом каде што живеел обвинетиот. Таа била муслиманка“, додаде Грин.

Според NRK, починатата жена претрпела тешки убодни рани и исеченици.

Денеска обвиненијата против 18-годишникот обвинет за убиство се проширени. Тој сега е обвинет и за кршење на одредбата за тероризам.

„Како што стојат работите, веруваме дека имал намера да создаде страв кај дел од населението“, изјави полицискиот обвинител Грин на прес-конференција во понеделник наутро.

Обвинението за тероризам е дополнителен шок за семејството, изјави адвокатот на одбраната за NRK.

„Станува уште посериозна работа и станува многу поголема за семејството. Тие се во шок. Тамима се бореше против расизмот и десничарскиот екстремизам. И парадоксално е што таа, која беше толку загрижена за овие вредности, го губи животот“, рекоа тие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство.

Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Почитувана госпоѓо Харасти,

Почитувана госпоѓо Колумбија,

Министре Дурмиши,

Почитувани претставници на Владата,

Дами и господа од синдикатите, работодавачите и од сите засегнати страни во процесот,

Простете ако некого испуштам, но се трудам сите да ги споменам.

Денес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За човекот кој создава, произведува, гради и со својот труд го обезбедува животот на своето семејство.

Зборуваме за достоинството на трудот, за правото на секој човек да има пристојна работа, праведна плата, безбедни услови и можност да напредува.

Затоа што економијата не се состои само од бројки, статистики и проценти. Зад секоја бројка стои човек. Зад секоја плата стои семејство. Зад секое ново работно место стои надеж за подобар живот.

И токму затоа, денешното потпишување на Националната програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година го гледам како важна заедничка обврска.

Обврска на Владата, на работодавачите, на синдикатите и на сите институции коишто имаат одговорност за иднината на македонската економија.

Нашата цел е јасна: да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот.

Почитувани,

Изминативе години се соочувавме со сериозни предизвици. Недостиг од квалификувана работна сила, иселување на младите, недоволна продуктивност, неусогласеност меѓу образованието и потребите на компаниите.

Тоа се проблеми кои не се решаваат преку ноќ. Но се решаваат со јасна стратегија, со одлучност и со партнерство.

Ние сакаме економија која расте, но уште поважно, економија чиј раст го чувствуваат граѓаните.

Сакаме повеќе инвестиции, но инвестиции кои создаваат квалитетни и доброплатени работни места.

Сакаме успешни компании, затоа што без успешни компании нема силна економија. Но истовремено сакаме и задоволни, заштитени и мотивирани работници.

Овие две цели не се спротивставени. Напротив, тие се меѓусебно поврзани.

Нема силна економија без силни компании. Но нема ниту вистински успешна држава без работници чиј труд е праведно вреднуван.

Токму затоа нашите политики се насочени кон зголемување на продуктивноста, развој на нови вештини, подобрување на работните услови и отворање нови можности за вработување.

Особено внимание посветуваме на младите луѓе.

Не сакаме младите својата иднина да ја гледаат единствено надвор од својата татковина. Сакаме тука да ја добијат својата прва шанса, тука да градат кариера, тука да создаваат семејства и тука да ги остваруваат своите амбиции.

Исто така, мораме да создадеме повеќе можности за економско зајакнување на жените, за нивно поголемо учество на пазарот на трудот и за еднакви можности за професионален развој.

Тоа не е само прашање на социјална праведност. Тоа е прашање и на економски напредок.

Дами и господа,

Меѓународната организација на трудот е наш долгогодишен партнер.

Со нејзина поддршка се развиваа важни механизми за социјален дијалог, заштита на работничките права, минимална плата, вработување на младите и мирно решавање на работните спорови.

Денес тоа партнерство го продолжуваме со нова програма и со нови приоритети.

Пред нас се реформите на трудовото законодавство, модернизацијата на институциите, зајакнувањето на инспекцискиот надзор, развојот на вештините и подобрувањето на конкурентноста на нашите претпријатија.

Сакам да нагласам нешто што е особено важно.

Законите се важни. Програмите се важни. Меморандумите се важни. Но најважно е граѓаните да ги почувствуваат резултатите од нив.

Работникот да почувствува поголема сигурност.

Младиот човек да добие вистинска можност.

Жената да има еднаква шанса за напредување.

Работодавачот да има услови да инвестира, да создава и да отвора нови работни места.

Тоа е суштината на нашата заедничка работа.

Почитувани пријатели,

Верувам во Македонија која создава. Во Македонија која произведува. Во Македонија во која успехот доаѓа преку знаење, посветеност и чесна работа.

Верувам дека најголемиот ресурс на нашата земја не се само природните богатства, инфраструктурата или инвестициите.

Нашето најголемо богатство се луѓето.

Работникот во фабриката. Земјоделецот на нивата. Лекарот во болницата. Наставникот во училиштето. Инженерот, претприемачот, занаетчијата. Секој човек кој со својот труд придонесува за нашата заедничка иднина.

Нивниот труд заслужува почит. Нивната работа заслужува сигурност. Нивните семејства заслужуваат подобар живот.

И затоа нашата задача не е само да отвораме нови работни места, туку да создаваме услови во кои секое работно место ќе носи перспектива, достоинство и надеж.

На крајот, дозволете ми да се заблагодарам на Меѓународната организација на трудот, на госпоѓа Колумбија, на нашите социјални партнери и на сите коишто придонесоа за подготовката на оваа програма.

Денес потпишуваме документ, но нашата вистинска обврска започнува утре — со неговото спроведување.

Затоа што достоинствениот труд не е привилегија. Тој е право.

А достоинствениот живот не смее да биде недостижна желба. Тој мора да биде реалност, реална можност за секој наш граѓанин.

За таква држава работиме.

Македонија во која трудот се исплати, успехот се вреднува, а иднината се гради дома.

Ви благодарам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите!

-Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите! Партиските книшки не можат да го заменат знаењето!

ЛДП: Со вакви политики утре нема да има кој да ги води институциите!

Кој утре ќе ги лекува граѓаните? Кој ќе проектира мостови, ќе развива нови технологии, ќе ги води научните институции и ќе ја движи економијата? Партиските директори? Партиските книшки? Или очекуваме вечно да увезуваме знаење додека сопственото го извезуваме бесплатно? Како сме тргнале, наскоро нема да биде прашањето која партија ќе управува со институциите, туку дали воопшто ќе останат доволно стручни луѓе што ќе можат да ги водат!

Владата соопштува дека буџетот за наука пораснал од 380 милиони денари во 2024 година, на 680 милиони во 2025 година и 773 милиони денари во 2026 година. Но, зголемување од ниска основа не е исто што и достигнување на европските стандарди! Европската комисија во извештајот за 2025 година предупредува дека вложувањата во истражување и иновации остануваат многу ниски, а учеството на приватниот сектор е маргинално.

И додека Владата ги брои милионите, резултатите од ПИСА тестирањето ја покажуваат загрижувачката состојба во образованието. Само околу 35% од нашите 15-годишни ученици го достигнуваат основното ниво на знаење во природните науки, наспроти 76% во земјите на ОЕЦД. Ова не се само проценти. Ова е предупредување за иднината на цела држава!

Според меѓународните податоци, Македонија во 2021 година вложувала само 0,38% од БДП во истражување и развој, додека Словенија во 2023 година издвојувала 2,13%. Иако станува збор за различни години, разликата јасно покажува колку голем развоен јаз треба да надминеме.

Со децении политиката создава простор за партиски вработувања, додека талентирани млади луѓе бараат можности надвор од Македонија. Не можеме да градиме европска држава со партизација, потценети научници, недоволни инвестиции и генерации на кои единствена перспектива им е билет во еден правец!

ЛДП бара Владата да престане да ги претставува буџетските зголемувања како конечен успех и да понуди конкретен план за достигнување на европските стандарди во науката и образованието. Бараме поголеми и предвидливи вложувања, модерни лаборатории, поддршка за младите истражувачи, поврзување на универзитетите со стопанството и департизација на институциите. Бараме и јавен отчет за тоа колку од најавените средства навистина се инвестирани во научни проекти и какви резултати се постигнати.

Владата мора да одговори: Каква Македонија планира да остави зад себе – држава на знаење, иновации и способни луѓе или држава со партиски директори, празни институции и млади што заминуваат?

Без наука нема развој. Без стручни луѓе нема функционални институции. А без младите нема иднина за Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нации

Жезус и Кристијано  ги смируваат страстите?

Кристијано Роналдо во проширениот список на селекторот Жорже Жезус за Лига нации

Притисокот од јавноста вроди со плод – Кристијано Роналдо се враќа во тимот на Португалија за Лигата на нации. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна.

Кристијано Роналдо е вклучен во проширениот список на португалскиот селектор Жорже Жезус за претстојните натпревари во Лигата на нации против Данска и Велс, пренесува угледниот португалски весник „А Бола“.

Вклучувањето на капитенот на Португалија во прелиминарниот список не значи дека тој сигурно ќе биде дел од тимот за претстојниот собир, но претставува важен чекор кон неговото враќање во националниот состав.

Претходно, Роналдо го напушти репрезентативниот камп пред натпреварот со Данска, откако претходно се загреваше на средбата против Норвешка, но не настапи. Поради тој потег, следеше дисциплинска санкција, при што Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Португалија му изрече суспензија во траење од 30 дена.

Сепак, казната истекува пред почетокот на следниот собир на националниот тим, па постои можност искусниот напаѓач повторно да биде дел од екипата. Португалската федерација, во согласност со правилата на ФИФА, однапред испраќа прелиминарни покани до клубовите за околу 50 фудбалери, додека конечниот список се објавува подоцна. Поради ова, значителен број играчи од првичниот список ќе отпаднат од конечните планови на селекторот.

Португалија веќе обезбеди место во четврт-финалето на Лигата на нации, откако оствари четири победи на четири натпревари. Уште еден бод би бил доволен за и математички да се потврди првото место во групата.

Враќањето на Роналдо, на тој начин, останува една од главните теми пред следните репрезентативни предизвици, но конечната одлука за неговото место во тимот ќе биде позната дури откако селекторот ќе го објави конечниот список.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер