Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
Македонија18 години без Тоше во Крушево: Ултрамаратонците му оддадоа почит на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 розиСо 500 рози, тага и сеќавања крушевчани ги пречекаа 12-те ултрамаратонци кои денеска пристигнаа во Крушево, на Гумење каде е вечното почивалиште на Тоше Проески, македонската и балканска ѕвезда, големиот човек и хуманитарец.Маратонците по 18-пат, колку што години Тоше не е меѓу нас, го почнаа маратонот од Нова Градишка, Хрватска од местотокаде Тоше на 16 октомври 2027 година загина во сообраќајна несреќа. -На 13 октомври од 17 часот стартуваше 18-тиот ултра маратон од Нова Градишка, Хрватска. Патот од 900 километри завршиденеска воКрушево,На Гумење. Сѐ е во чест на нашата и балканска музичка ѕвезта, вочест на големиот Тоше Проески. Им се заблагодарувам на маратонците,на нивната жртв, на нивната битка со асфалтот. Пораката е да го следиме патот на Тоше кој беше ангел на земјата, а сега е ангел на небото, изјави ултрамаратонецот Наум Капричевски. Најстариот, 73 годишен маратонец, Ангел Малинов од Загреб четврти пат учествуваше на маратонот. -Ова е само и единствено за Тоше. Не можам ништо повеќе да кажам,рече Малинов. Најмладиот, 9-годишниот Даријан Капричевски првпат учествува на маратонот. - Сакам да го слушаме Тоше и да ги применуваме сите пораки што ги праќаше. Рече малиот Даријан. На вечното почивалиште на Тоше на Гумење се собраа почитувачите на неговото дело од Македонија, балканските, па и од европските земји. -Го слушаме Тоше во Словенија. Ќерка ми ги пее неговите песни. Тоше беше светски човек и ние го сакаме, вели Неа Порович од Словенија. Од Црна Гора стигна пејачот Стеван Феди кој бил првиот претставник на нсвојата земја на Евровизија, една година по Тоше кога тој ја претставуваше Македонија на Евросонгот. -Смеам да кажам дека како Тоше нема да гледаме долго време на овие простори. Добро е што еднаш годишно се собираме на музички начин да изразиме благодарност на влијанието што Тиоше Проески го извржи. Дури и на мене и на моето дете. Убаво е што се негува една култура и уметност што ја персонифицираше Тоше Проески. Како великан на уметноста, едноставно како еден голем човек, рече Феди. Во Крушево и во Битола се одржува Фестивал со учесници кои ги пеат песните на Тоше. -Минатата година за првпат го организиравме меѓународниот натпревар во пеење на песните на Тоше. Се одржа во Скопје,во Македонската опера и балет, а оваа, втора година, се одржува во Крушево, каде живееше Тоше, и во Битола, каде учеше во средното музичко училиште. На фестивалот се 16 учесници од 7 до 38 од Македонија, Србија, Бугарија,од Словенија, Црна Гора, дури имаме и учесници од далечниот Казахстан. Убаво е да се слушнат младите таленти како ги пеат песните на Тоше. Целта е да го продолжиме споменот за Тоше, истакна Марјан Катароски, директор на „Естрада мултимедија центар“, организатор на фестивалот „песните на Тоше Проески“. Сите посетители денеска го посетија и Спомен- домот „Тодор Проески“ наз Гумење. Со околу 1000 експонати од Тоше Проески, овој музеј е еден од најпосетуваните во Регионот со преку еден милион гости. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter