16 месечно бебе со скршеници и хематом на главата заврши на интензивна нега во Детска хирургија - Канал 5

16 месечно бебе со скршеници и хематом на главата заврши на интензивна нега во Детска хирургија

Шеснаесет месечното дете со хематом на главата, скршеници на градите и по телото е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија во Скопје. 

16 месечно бебе со скршеници и хематом на главата заврши на интензивна нега во Детска хирургија

Директорката на Клиниката, Славица Литајковска, за Канал 5 вели дека во моментот е во стабилна состојба, но го чека операција на левата надлактица, закажана за утре.

-Има скршеница на левата надлактица и закажана е операција за утре. Има скршеници на градите и постојано ја следиме неговата состојба. Направени се сите иследувања, како комјутерски снимања, така и сите потребни прегледи. На интензивна нега е, вели директорката Литајковска.

Детето вчера претпладне првично било примено во болницата Св. Еразмо во Охрид, но подоцна е пренесено во скопската детска хирургија. Од охридската болница случајот веднаш го пријавиле во полиција, а од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

„На 12.02.2023 околу 11.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ со тешки телесни повреди било донесено 16-месечно дете од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, соопшти МВР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.

Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. 

Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.

Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест.

Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест.

Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули.

Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега.

„Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“.

Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето.

Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија

Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми.

Фото: Вергара со „жежок“ дрес на Колумбија

Една од најплатените телевизиска актерки, холивудската ѕвезда Софија Вергара (53) повторно се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, откако на социјалните мрежи даде силна поддршка за својата родна Колумбија за време на Светското првенство.

Атрактивната актерка е позната како голем навивач на „Лос Кафетерос“ и како таква не ги пропушта настапите на националниот тим на својата земја на Светското првенство.

Пред еден од натпреварите на Колумбија на Мундијалот, Вергара упати порака за поддршка до колумбиските фудбалери преку социјалните мрежи, објавувајќи на Инстаграм фотографија во карактеристичниот жолт дрес на својата репрезентација со пораката:

„Колку е возбудливо ова!!!! Подготвена за вечерва!!!!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите

СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите

СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси.

Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и претставува дел од реформските обврски на Македонија.

Наместо конструктивност, СДС и Левица избраа политички театар, свесни дека секое одложување значи штета за државата и за европскиот реформски процес.

Ако навистина СДС и Левица имаат суштински забелешки, нека ги предложат. Никој не бега од аргументирана дебата. Но десетици илјади амандмани не се обид за подобрување на закон, туку класична парламентарна опструкција.

Позиција на ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Подготвени сме да разговараме за сите предлози кои придонесуваат за подобар изборен процес. Истовремено, остануваме цврсти на определбата македонската дијаспора да добие можност да гласа по електронски пат на претседателските избори, затоа што секој македонски граѓанин, без разлика каде живее, заслужува полесно да го оствари своето демократско право.

Очигледно е дека стравот од изборен пораз ги обедини СДС и Левица повеќе отколку која било политичка идеја. Наместо да понудат визија, тие нудат блокади. Наместо реформи, произведуваат кризи.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи политички калкулации да бидат над интересите на државата. Реформите ќе продолжат, институциите ќе функционираат, а граѓаните сами ќе дадат оценка кој работи за Македонија, а кој работи само за дневнополитички спас.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер