Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
2Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
2Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
Живот15 години живеела само од помфрит20 – годишната Хана Литл живеела само од помфрит цели 15 години. Во тој период не вкусила ништо друго, освен помфрит. Нарушувањето како тоа од кое заболела Хана подразбира страв од сета друга храна, освен за една намирница за која ќе се врзе пациентот, а одбивноста кон друг тип на храна станува толку силна, што личноста чувствува силна мачнина ако се обиде да јаде нешто друго. За да се излекува, Хана била подложена на хипнотерапија.Дури кога почнала да има несвестици заради лошата исхрана, Хана знаела дека мора да преземе нешто. Сега, после сеанси на хипнотерапија, таа успеала да се избори со своите демони и да изеде цела пица после 15 години. „Боледувам од ова нарушување откако знам за себе, а всушност никогаш е бев сигурна зошто се плашев да пробам некоја друга храна. Било што друго освен помфрит ме плашеше и ми беше ужасно мака при самата помисла. Често имав напади на паника и не знаев како да реагирам кога одев со пријателите на скара или на пикник бидејќи не можев ништо да јадам. Можев да јадам парче тост за појадок, но ручекот и вечерата секогаш беа помфрит. Сега можам да јадам што сакам благодарение на терапијата, а најмногу сакам пица“, вели Хана. Мајката на Хана се обидувала да ја натера да јаде овошје и зеленчук, но на крајот се завршувало на помфрит и леб. Хана имала проблеми кога прв пат требала да оди кај момчето на ручек. „Кога отидов прв пат кај него му немав кажано за мојот проблем. Неговата мајка имаше подготвено прекрасна паста, но јас морав да лажам дека сум алергична на домати...многу ми беше срам. Никој не знаеше за мојот проблем, сите мислеа дека сум чудна и пребирлива, ниту јас самата до 16-та година не знаев дека сум болна“, рекла Хана. На Хана единствено можело да и помогне хипнотерапијата и сега конечно живее нормален живот, се чувствува поздраво и има повеќе енергија. Селективното нарушување во исхраната е предизвикано од траума која некогаш сме ја имала со храна, најчесто тоа е во периодот додека сме уште бебиња, па не се ни сеќаваме, тврдат психолозите. Кога со хипноза ќе се „отклучи“ потсвеста, пациентот може да се сети на тој настан во потсвеста и да научи како да престане да се плаши. Процесот на една сеанса на хипнотерапија трае околу еден час и после само една, Хана успеала да проба неколку други намирници потполно без страв кој претходно го чувствувала. Хипнозата е ефективна кај околу 90 отсто од пациентите засегнати од овој проблем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Пробиштип, се обратија потпретседателот на ЗНАМ и пратеник во Собранието, Павле Арсоски, заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, директорот на ПИОМ и директор на Центарот за комуникација и аналитика на ЗНАМ, Никола Мемов, како и пратеничката и член на Извршниот одбор на ЗНАМ, Даниела Белимова. Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски, истакна дека изминатите две години се доказ дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните преку конкретни политики, одговорност и мерливи резултати. Посебно го потенцираше Извештајот на Европската комисија за 2026 година, кој нотира напредок во реформските области и претставува значајна потврда за работата на институциите. „Европскиот извештај е важна надворешна оценка за напредокот на државата. Онаму каде што ЗНАМ презеде одговорност, се преземаат конкретни чекори и се постигнува видлив напредок. Не бараме признание за она што го зборуваме, туку за она што го работиме. Нашата политика се темели на дела, а не на празни ветувања“ истакна Арсоски. Тој посочи дека зад политиките на Владата стојат конкретни придобивки за граѓаните, меѓу кои околу 1.300 капитални проекти во општините низ државата, насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот, како и зголемувањето на платите во повеќе сектори. „Кога зборуваме за 1.300 проекти, зборуваме за реални инвестиции во општините, за подобри улици, водоводи, училишта и инфраструктура. Кога зборуваме за растот на платите, зборуваме за вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците. Платите во образованието се зголемени за 20 проценти, здравствените работници добија зголемување. Со договорот со синдикатите е предвиден и натамошен раст на платите на административните службеници до 40 проценти до март 2028 година. Тоа се конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат, а не политички пароли“ нагласи Арсоски. На панел-дискусијата Лабудовиќ ги истакна резултатите во енергетскиот сектор, меѓу кои инвестициите во околу 200 мегавати нови фотоволтаични капацитети, финансирањето на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, рехабилитацијата на шест хидроелектрани и засилената контрола врз концесионерите, со раскинување на повеќе од 50 концесии поради неисполнување на обврските. Овие активности се дел од поширокиот инвестициски циклус за зголемување на домашното производство, енергетската сигурност и заштитата на националните природни ресурси. Никола Мемов ги презентираше резултатите од двегодишното работење на Фондот ПИОМ, посочувајќи дека пензиите од септември 2024 до март 2026 година се зголемени за вкупно 7.000 денари, а во септември 2026 година следуваше и дополнително усогласување од 3 проценти. Даниела Белимова ги истакна парламентарните иницијативи на ЗНАМ, меѓу кои обезбедувањето 55.000 вредносни ваучери за студентите, како и предлог-измените на Законот за семејството. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски. Две години се доволна потврда дека ЗНАМ е движечка сила на конкретни промени и резултати. Движењето продолжува да работи за силна и стабилна Македонија, функционални институции, економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ФудбалХари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн МинхенФудбалерот на Баерн МИнхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн е успешно опериран и ќе отсуствува од зелениот терен најмалку три месеци.Најдобриот фудбалер за 2026 година, асот на Баерн, Хари Кејн, имаше успешна операција и ќе отсуствува најмалку три месеци. „Хари Кејн синоќа беше успешно опериран поради скинат лигамент на левиот скочен зглоб, повреда што ја заработи на натпреварот од Бундеслигата против Келн. 33-годишниот фудбалер сега ќе започне програма за рехабилитација“, се наведува во соопштението на Баерн, а германските медиуми пренесуваат дека тој ќе отсуствува најмалку три месеци. Добитникот на „Златната топка“ се здоби со сериозна повреда во 10-тото коло од Бундеслигата, на натпреварот одигран во петокот, при што мораше да го напушти теренот уште во 20-тата минута. Отсуството на Кејн ќе претставува огромна загуба за Баерн, бидејќи капитенот на Англија ја игра сезоната на кариерата . Англичанецот постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗдравјеОд јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook