140 луѓе скокнаа по крстот во Вардар во Скопје

Бог се јави, Навистина се јави. Православните верници денеска го одбележуваат празникот Водици.

Ден кога синот божји бил крстен во реката Јордан.

Од овој ден крштевањето значи духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата.

Покрај реката Вардар дојдоа момчињата оние кои ќе влезат во реката за крстот, веруваат дека ќе имаат добро здравје и бериќет.

Студената вода не ги плашеше. Архиепископот Стефан го читаше евангелието посветено на денешниот празник.

Околу 140 момчиња се пријаваа и скокнаа на кејот на реката Вардар го чекаа моментот кога крстот ќе падне во вода. Најбрзо и до светиот симбол крстот стигна во рацете на Христијан Ниневски. Тој по 6 години верба стигна до крстот.

Верниците велат дека овие празници се моменти кога од топлите домови ќе излезат да се видат.

Со желба за мир и слога и заменик на владата Кочо Анѓушев заедно со министерката за правда Рената Дескоска порачаа мир помирување и бериќетна година.

Во скопско крстот беше фрлен и од железниот мост во Долно Нерези.

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер