Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши
1Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши
Македонија14 возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување возило – дел од нив предизвикале и сообраќајни незгодиВо текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишија од слобода 14 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила.Двајца возачи во Скопје и Охрид биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол. Возачот од Охрид, кај кого биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Три лица биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола. Станува збор за лице од Прилеп кое управувало патничко моторно возило, лице од Куманово кое управувало мотоцикл и лице од Битола кое управувало мопед. Во посебен случај, 17-годишно лице од село Врбјане, Општина Маврово и Ростуше, предизвикало сообраќајна незгода управувајќи мотоцикл без положен возачки испит и без возачка дозвола. Во Скопје бил сопрен и возач на мотоцикл кој управувал без соодветна категорија и без заштитна кацига. Дополнително, биле затекнати уште седум лица кои управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Лица од Скопје и Свети Николе управувале мотоцикли, лица од Скопје, Кочани и Македонска Каменица управувале патнички моторни возила, малолетник од Неготино управувал мопед, додека едно лице од Скопје без возачка дозвола управувало патничко моторно возило и предизвикало сообраќајна незгода. По целосното документирање на настаните, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила, управувањето без возачка дозвола и возењето под дејство на алкохол претставуваат сериозна закана за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Затоа, апелираме до граѓаните да покажат одговорност зад воланот и со своето однесување да придонесат кон намалување на ризиците и зачувување на човечките животи.Тагови: сообраќајни незгоди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаМицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да завршиОд јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола имало груба манипулација, допрва ќе следи истрага вели премиерот Мицкоски во однос на одлуката да му се врати пасошот на бизнисменот и почесен конзул Борче Марковски.Од јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола имало груба манипулација, допрва ќе следи истрага вели премиерот Мицкоски во однос на одлуката да му се врати пасошот на бизнисменот и почесен конзул Борче Марковски, кој од пред два дена е во Србија. Постои несогласување меѓу извештајот на Основното јавно обвинителство и записникот врз основа на кој Вишото обвинителство ја донело одлуката, вели Мицкоски и најави дека ќе има истрага за целиот случај. -Од Обвинителството, пак, најавија дека ќе бидат испитани сите аспекти на донесената одлука и аргументацијата за враќањето на патната исправа. Оттаму претходно посочија дека во моментов Марковски не може да се смета за лице во бегство, бидејќи, според образложението на Вишото обвинителство, со определената гаранција биле отстранети околностите кои укажувале на опасност од бегство. Биле прифатени и аргументите на одбраната дека неговото патување во Србија е поврзано со работењето на фирмата што ја поседува таму,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Марковски ја доби патната исправа назад откако Вишото јавно обвинителство Битола, по барање на неговата одбрана, наложи да се даде позитивно мислење за укинување на мерката. Основниот суд во Струга потоа му го врати пасошот,по што тој ја напушти државата преку граничниот премин Табановце Дека ќе бидат испитани сите аспекти на донесената одлука и аргументацијата за враќањето на патната исправа најавија и од ОЈО. Оттаму претходно посочија дека во моментов Марковски не може да се смета за лице во бегство, бидејќи, според образложението на Вишото обвинителство, со определената гаранција биле отстранети околностите кои укажувале на опасност од бегство. Биле прифатени и аргументите на одбраната дека неговото патување во Србија е поврзано со работењето на фирмата што ја поседува таму. И според неговата одбрана Марковски не бил во бегство и викендов ќе се врател во Македонија а доказ за тоа била и дадената гаранција од 5 милиони евра.. Марковски и уште осум лица се обвинети за злоупотреби поврзани со јавната набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“, вредна над 1,7 милиони евра. Судскиот процес продолжува на 2 септември во Основниот суд Струга. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува Водата во Гостивар се уште не е за пиење,ниту за готвење, според добиените резулатти за гостварци нема позитивни вести. Резиуделната бактерија се уште е пристуна во гостиварскиот водовод, потврди првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Она што е во добра насока е дека епидемилошката состојба се подобрува и има континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош, велат во писмениот извештај на министерството за здравство. Во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи во здравствениот дом Гостивар, што е за 37 помлку од претходниот ден. Од почетокот на епидемијата, во двете здравствени установи се извршени вкупно 4.483 први прегледи. Доставени се 1.014 формални пријави за заразна болест, а обработени се 706 нови епидемиолошки анкети, со што е постигната покриеност од 70 проценти, велат од министерството за здравство.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
Фудбал Душан Влаховиќ во плановите на Мурињо и Реал Мадрид?! Според дел од српските медиуми, старо-новиот предводник на Реал Мадрид, Жозе Мурињо лично му се јавил на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ и му понудил плата од 8.000.000 плус бонус за потпис.Фудбалска„бомба“ – Душан Влаховиќ е на чекор до потпис со Реал Мадрид! Српскиот ас е голема желба на Жозе Мурињо, пишува шпанскиот портал „Defensa Central“. Португалецот Мурињо наводно смета дека на тимот му е потребен силен, физички доминантен центарфор, односно класична „деветка“, а во Влаховиќ гледа играч кој може да ги исполни сите тие барања. Односот на Жозе Мурињо кон Душан Влаховиќ претставува спој на голема тренерска почит, медиумски провокации и постојана желба да го доведе во својот тим. Додека Португалецот ја водеше Рома, Србинот блескаше во дресот на Фиорентина, а потоа премина во Јувентус. Мурињо постојано го опишуваше Душан Влаховиќ како „идеален и модерен центарфор“ – физички доминантен, агресивен и смртоносен во шеснаесетникот. Римските медиуми пишуваа дека Мурињо побарал од раководството на Рома да стори сè за да го доведе, но Јувентус бил финансиски недостижен. За време на натпреварите меѓу Рома и Јувентус, Мурињо честопати фрлаше предмети кон Влаховиќ од техничкиот простор, но по натпреварите јавно го фалеше: – Душан е фантастичен напаѓач. Ги поседува сите квалитети за да биде меѓу најдобрите во светот. Интересно е што, кога пред две години Жозе Мурињо стана тренер на Фенербахче, тој исто така побара од раководството на турскиот клуб да го ангажира Душан Влаховиќ. Едноставно кажано, Португалецот е воодушевен од Србинот во фудбалска смисла. Турските и италијанските медиуми тогаш известуваа дека Мурињо лично стапил во контакт со Влаховиќ и неговиот агент Дарко Ристиќ за да ја испита можноста за евентуален сензационален трансфер во Истанбул.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook