Македонија14 Меѓународна научна конференција „Охрид - Водици 2026“- Оваа година на конференцијата ќе бидат разгледувани сите тие аспекти, да видиме како истите се употребуваат преку дигитализацијата, како може да се користат за промоција, но и предизвиците поврзани со злоупотребата..Современите општествени процеси, феноменот на дигиталната технологија и предизвиците што произлегуваат во областите на идентитетот, културната меморија, наследството, туризмот и безбедноста ќе бидат теми на дискусија во рамки на 14. Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“ што од денеска се одржува во Охрид. - Оваа година на конференцијата ќе бидат разгледувани сите тие аспекти, да видиме како истите се употребуваат преку дигитализацијата, како може да се користат за промоција, но и предизвиците поврзани со злоупотребата...Имаме навистина голем интерес оваа година, со над 70 реферати, така што очекуваме добар научен собир, рече Рубин Земон, од Центарот за напредни истражувања што е организатор на конференцијата. На научниот собир во Охрид, што се одржува во партнерство со Филмската академија од Охрид, Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство на Азаербејџан и Универзитетот од Ајдин, ќе може да се слушнат напредните искуства од светот кога станува збор за промоција и заштитата културното наследствто. - Да ги искористиме сите искуства во областа на заштитата на културното наследство, потоа начините како да се презентира истото преку користење на дигиталните алатки, особено преку вештачката интелигенција...Денеска може преку неа да се оживуваат стари фотографии, но колку и да е тоа интересно има простор и за злоупотреби така што добро е да се слушнат искуствата, а науката да даде одговор за предизвиците. Особено е тоа изразено кога се зборува за иднетитетот, каде има се повеќе примери за злупотреби, дури и зачестена појава на говор на омраза. Токму на тој аспект на безбедноста имаме посветено една цела сесија тука на собирот во Охрид, рече Земон. Тоа, како што беше речено на собирот, се големи проблеми, но очкувањата се да се даде некаков придонес во насока на помош на општеството и јавноста во справувањето со предизивиците. Професорката Селма Мухиќ Диздаревиќ од Карловиот универзитет во Чешка, ќе има предавање на темата „Конструкција на меморијата во дигиталниот простор“. Таа рече дека темата пред се е посветена на младите луѓе, а се однесува на проблемот со конструкција на вистината во дигиталниот простор. - Ќе презентирам дел од начините како на младите луѓе им се претставува тоа историско искуство, на кој начин тоа се прави преку социјалните мрежи, на кој начин со големите јазички модели и вештачката интелигенција...Тоа се големи предизвици, оттаму што интерпретацијата на историските случувања се проблем и за нас, а многу повеќе за младите луѓе кои се големи корисници на социјалните мрежи и вештачката интелигенција, рече таа. Организаторите на Конференцијата сметаат дека собирот претставува добра можност преку одржување стари познанства и создавање нови академски врски и пријателства Охрид да го добие заслуженото место на светската академска мапа, во некои пошироки рамки како град со еден од најстарите универзитети во светот, Работните сесии во рамки на Конференцијата ќе се одржуваат во просториите на Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Куќата на Григор Прличев. Годинешното издание на собирот во Охрид е посветено на д-р Ахмет Ајтач од Измир, емитениот универзитетски професор и уметник чии научни и уметнички дела имаат оставено силен белег во академскиот и уметничкиот свет на Балканот, Анадолија, Кавказието и Средниот Исток..Тагови: Водици Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook