14- годишно момче се удави во река поради опасен ТикТок предизвик „сурфање на душек“ - Канал 5

14- годишно момче се удави во река поради опасен ТикТок предизвик „сурфање на душек“

Четиринаесетгодишно момче се удави во францускиот град Бријансон откако падна во река додека се обидуваше да снима предизвик на TikTok.

14- годишно момче се удави во река поради опасен ТикТок предизвик „сурфање на душек“

Тој се лизна од душек што беше врзан за влечната кука на автомобил и падна во реката додека возилото свртуваше.

Полицијата отвори истрага за убиство од небрежност, а возачот на автомобилот (18) ја призна одговорноста и моментално е во притвор, објави Акту.

Откако момчето паднало во реката, неговите пријатели веднаш ја известија полицијата. Спасувачките служби веднаш почнаа да ја пребаруваат реката, но телото на момчето било пронајдено следниот ден.

„Првичните наоди од истрагата, отворена врз основа на убиство од небрежност, укажуваат дека во овој инцидент биле вклучени и други млади луѓе кои биле на брегот на реката“, рече судијата.

Покрај возачот на автомобилот, уште еден млад човек (17) бил приведен истиот ден под сомнение дека е соучесник.

Уапсениот возач претходно не ѝ бил познат на полицијата, има возачка дозвола и неговото возило било регистрирано.

Исто така, било утврдено дека тој не бил под дејство на алкохол или дрога.

Овој предизвик на Тик Ток е многу популарен и во Велика Британија, каде што младите го нарекуваат „сурфање на душеци“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.

Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Шкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

На 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика.

„Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат

„Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски.

Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров.

„Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски.

Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер