Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
2Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
Балкан14-годишникот кој уби 9 лица во училиште во Турција нападот го најавил неколку дена претходно14-годишникот кој вчера уби осум ученици и наставник во училиште во Турција нападот го најавил четири дена претходно.Ова го откриле истражните органи по проверката на неговиот компјутер, каде момчето навестило дека ќе изведе голем напад.. Како што пренесоа турските медими, таткото на младиот Иса, инаку пензиониеран полициски инспектор, на сослушувањето признал дека петте оружја и муницијата што ги користел син му биле негови и ги поседувал со дозвола, како и тоа дека пред една недела го однел синот на стрелиште за да пука. Тој открил дека синот бил зависник од видео игри со воена тематика, имал психички проблеми и дека во последните месеци посетувал психилог. Осмоодделенецот вчера отвори оган во две училници во училиштето во кахраман-мараш, каде што учел и самиот, по што се самоуби. Неговите мотиви се уште остануваат непознати.. Полицијата приведе над 160 лица поради онлајн објави кои ги поддржувале нападите во училиштата.. Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Тошковски го штити кумашинот ЈанушевСкандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра. Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување. Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници. И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници. Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него? Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамТатра направи вистински ѕвер за војската: Овој камион има 19-литарски V12 мотор„Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони.Чешкиот специјализиран производител на возила Татра ја претставува новата генерација на моделот „Force“ во воената конфигурација 8x8 на саемот „MSPO“ во полскиот град Киелце. Ова е тежок тактички и логистички камион со рамна платформа и целосно нова продолжена кабина за до шест члена на екипажот. Кабината има 4 врати, подобрени безбедносни системи и дигитализирана контролна табла. Погонскиот склоп привлекува најголемо внимание. Камионот користи нов електронски контролиран, воздушно ладен мотор Татра „T3D-930 V12“ со работна зафатнина од дури 19 литри. Развива 450 kW, или околу 612 КС, и е поврзан со автоматски менувач од „Allison“. „Force 8x8“ може да има максимална бруто тежина до 44 тони, додека носивоста е дури 25,5 тони. Новиот модел е наменет за тешки воени и логистички задачи, каде што големата носивост и можноста за движење по тежок терен се од клучно значење, пишува Ревија ХАК.Тагови: Татра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11