3Инспиративна приказна од Германија: Млад брачен пар од струмичко со сопствена служба за медицинска нега
Култура13 милиони евра за проекти во културата, националните установи ќе добијат делегиран буџет814 милиони денари или околу 13 милиони евра изнесува буџетот за годинава за финансирање проекти од национален интерес на културата, и е поголем од минатогодишниот буџет за 74 милиони денари, или околу еден милион евра.814 милиони денари или околу 13 милиони евра изнесува буџетот за годинава за финансирање проекти од национален интерес на културата, и е поголем од минатогодишниот буџет за 74 милиони денари, или околу еден милион евра, информираше министерот Зоран Љутков. Како што рече, видно зголемување на буџетските програми ќе има кај театарските претстави за 40 отсто, за 30 во делот на меѓународна и заштита на аудиовизуелните добра, но и кај издавачката дејност за 25. Љутков вели дека оваа година е ставен акцент на финансиските потреби на националните установи, односно за нивно збогатување со квалитетни програмски содржини. Тој најави дека со програмата за инвестиции, оваа година интензивно ќе продолжат да работат на изградбата на театарот и библиотеката во Тетово, а ќе се реконструираат Турскиот театар во Скопје и „Стар театар“ во Струмица.. Годинава ќе започне и реконструкција на објектот на Музејот на Македонија, а меѓудругите проекти се предвидува и санирање на проодните тераси на објектот на Македонскиот народен театар во Скопје како и санација на делови од велешкиот театар„Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во ГостиварГостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките парОд локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати. Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.Тагови: вода за пиење Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобренаВо моментов состојбата со пожарот на Халкидики е подобрена, информираа властите во Грција во однос на големиот пожар кај Сивири, посочувајќи дека по морски пат било евакуирано 481 лице, пренесува МИА.Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата споради, туристи и жители успешно, по морски пат беа евакуирани од Сивири. Сивири е целосно евакуирано, а според информациите на МИА не е дозволено никој да се врати во градот, а во прекин е сообраќајот во поширокиот регион. Оние кои не го напуштија Сивири по копнен пат, беа евакуирани од плажа, земајќи ги со себе само основните неопходни работи. Од МНР велат дека по избувнувањето на пожарот во Сивири на првиот крак на полуостровот Халкидики во Грција, македонски државјани телефонски се обратиле до нашето дипломатско-конзуларното претставништво во Солун од каде што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти. +389 75 268 736, КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН: +30 694 526 8068 И +389 71 323 001“, [email protected]Тагови: пожар Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степениСпоред извештајот на УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2) 13 Виница, 8 Штип 4 Берово, 2 Битола. Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter