13- годишникот од Чаир, кој прободе негов врсник во срцето е под лупа на социјалните служби - Канал 5

13- годишникот од Чаир, кој прободе негов врсник во срцето е под лупа на социјалните служби

13 годишникот од Чаир кој се нож го прободе градниот кош и срцето на него врсник е прв случај со потешко кривично дело, објаснуваат од Центарот за социјални грижи. 

13- годишникот од Чаир, кој прободе негов врсник во срцето е под лупа на социјалните служби

За него изречена е најригорозната мерка од страна на социјалните работници, надозор и на родителите кои треба да вршат редовен надзор над детето и треба да го носат во клиниката за психијатрија и таму да одлучат дали 13 годишникот ќе биде лекуван болнички.

„По добиениот извештај во Центaрот за социјални грижи од страна на Клиниката за психијатрија, ќе знаеме дали момчето ќе биде во болница на лекување или не? Доколку не биде во психијатриска болница, ќе има надзор на родителството, доколку нема промени ќе се донесе мерка за одземање на родителство“.

Според Законот за правда за децата дете кое нема наполнето 14 години не може да има кривична одговорност без оглед на тешкотијата на кривичното дело и постапката се запира, надлежен е Центарот за социјални грижи. За адвокатот Александар Тумановски потребено е да има мерки кои ќе се применуваат во соодветна институција со цел да не го повтори делото, а не само тоа да биде надзор или работа од еден час со дете кое имало обид за убиство. Тој го зема примерот со Коста Кецмановиќ кој уби девет луѓе, и многумина повредени, откако пукаше со пиштол кон ученици во училиштето Рибникар и вработени.

„Ако станува збор за потешки дела каде што имаме живото загрижувачка последица на пример како ова, убиство или обид за убиство да има задолжителна психијатриска проценка, да има задолжителна проценка на ризик за детето за можно ново извршување на насилство. Да има задолжително индивидуален план за третман на таквите деца можност за сместување во посебни и специјализирни институции и задолжителна контрола од страна на судот.

Ако се направи паралела со случајот во Србија со Коста Кецмановиќ исто е дете под 14 години и тоа дете е сместено во здравствена институција и е под постојна психолошка опсервација. И кај нас децата кои се во таква ментална состојба на тој начин треба да бидат третирани“, објаснува Тумановски.

Адвокатот Тумановски објаснува дека во законот за правда на деца треба да се интервенира во делот на трање на постапките и во делот на сексуална злоупотреба каде малолетник силува малолетник. Тој во негов случај објаснува дека силувачите деца не добиле никаква мерка бидејќи во предвидениот рок судот не успеал да доенсе одлука. Во овој случај децата на 16 години се слободни и нема никакви мерки кон нив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер