13. фестивал на античка драма „Стоби“ od 19 до 26 јули

- Во археолошкиот локалитет Стоби од 19 до 26 јули ќе се одржи 13. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

- Фестивалот се отвора на 19 јули во 21 часот со претставата „Војникот Фалбаџија“ во режија на Лука Кортина, во продукција на Турскиот театар од Скопје. На 21-ти јули со две изведби, во 20 и 22 часот, ќе се одигра претставата „Федра“ на Независна продукција од Македонија. Два дена подоцна ќе настапи Театар Комедија од Македонија со претставата „Многу врева за ништо“, која премиерно беше изведена деновиве, рече на денешната прес-конференција Зоран Љутков, претседател на Здружението на античка драма „Стоби“, кои со општина Велес се организатори на фестивалот.

Единствената странска претстава е „Медеја“ на Казахтанскиот театар за танц и музика „Ајгул Иманбаева“, кои ќе настапат на 25 јули, со што го затвораат официјалниот натпреварувачки дел на фестивалот.

И оваа година ќе се доделат четирите редовни награди, Гранпри за најдобра претстава на фестивалот, награда за најдобра режија и наградите за најдобра машка и женска улога. За наградите ќе одлучува жири-комисијата во состав: Кети Борисовска-актер, Венко Серафимовски-музичар и Драган Спасов Дац-актер.

Љутков појасни дека фестивалот од година во година се труди да го задржи и квалитетот и квантитетот на претставите и да го привлече вниманието на публика.

- Веќе пет години како организатори го следиме пулсот и вниманието на публиката. Секогаш во прв план се претставите кои имаат и танц и музика. Гледачите сакаат да гледаат претстави кои ги разбираат и се на мајчин јазик и мислам дека оваа година ќе бидеме посетени, имајќи предвид дека имаме повеќе македонски претстави кои се квалитетни и барани, потенцира директорот на фестивалот Зоран Љутков.
Фестивалот завршува на 26 јули со изведбата на претставата „Крал Лир“ во продукција на Велешкиот народен театар, кога ќе бидат доделени и наградите за најдобрите.

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

Герасимовски: Дебар Маало го прослави роденденот на најпознатиот центарец Горан Стефановски

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“.

„Моето име е Горан Герасимовски, неговото Горан Стефановски. Навистина сум среќен што денес, заедно со вас, во маалото каде што и двајцата сме растеле, уште еднаш ќе го прославиме роденденот на великанот на македонската драматургија“, вака градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го отвори културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод роденденот на најпознатиот македонски драматург.

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. Присутните ја проследија промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, и уживаа во изведба на култните песни на „Леб и сол” во изведба на бендот Сешн Селекшн. Градоначалникот Герасимовски на синот Игор Стефановски му врачи карикатура со ликот на Горан Стефановски во чест на неговите безвременски дела со кои пренесуваше универзални пораки за сите граѓани.

„Во чест на денот на раѓањето на бардот на македонската драма Горан Стефановски денеска повторно уживавме во неговите драми. За потсетување на сите нас и за оставање траен белег на едно прекрасно време, Општина Центар и јас како Градоначалник, сакавме да оставиме видлива трага преку создавање мини културни простори под ведро небо што ќе се користат за промоција на младите и неафирмирани уметници. Овие културни сцени што ќе никнуваат низ Центар, збогатени со мурали и графити, ги изразуваат поддршката и трудот што Општината ги вложува во областа на културата. Чест ми е што првото центарско ќоше ќе го носи токму името на легендата од Дебар Маало – Горан Стефановски. Кога ќе поминеме низ Боемска улица, верувам дека секој еден ќе го сврти погледот и ќе се потсети на славните реплики од неговите драми. Можеби овој агол е мал, во споредба со големината на целокупното негово творештво, ама сигурен сум дека ќе влијае врз уметноста во нашето Скопје.“, рече денеска Герасимовски.

На настанот граѓаните можеа да го видат и надополнетиот мурал на Горан Стефановски со најпознатиот рефрен на песната „Скопје“ од Леб и сол „Насмевни се, не бери гајле, намигни ми, ајде на здравје, Скопје, нацртан од уметниците Драш и Мачка.

Со овој настан, со кој Општина Центар им оддава признание на најдобрите меѓу најдобрите, нека биде поттик за сите, заедно да создаваме трајни културни вредности што ќе станат нераскинлив дел од нашиот културен идентитет.

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

 Во првиот натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига немаше победник, во Лондон Вест Хем и Ливерпул одиграа 2-2.

Мохамед Салах во игра влезе дури во 79. минута од натпреварот. Непосредно пред да влезе на теренот, египетскиот фудбалер влезе во вербална расправија со тренерот Јирген Клоп, веројатно незадоволен што доби шанса на крајот за да го „спаси денот“.

На последните четири првенствени натпревари Ливерпул забележа само една победа, со едно реми и два порази и е сè подалеку од шампионската титула,

Арсенал води на табелата со 77 бодови од 34 натпревари, пред Манчестер сити со бод помалку и натпревар помалку. Ливерпул остана третопласиран со 75 бодови од 35 натпревари.

притисни ентер