АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
Живот120 години затвор за лидер на секс-култ во САД Кеит Раниер, водач на култот во кој жените биле во одреден вид сексуално ропство, денес е осуден на 120 години затвор.Раниер минатата година беше прогласен за виновен за трговија со луѓе, уцени и поседување детска порнографија. Тој бил водач на култот наречен NXIVM и престојувал во државата Њујорк. Во интервју кое го дал од затворот за Dateline NBC, Раниер се извини за „повредите“ што им ги нанел на жртвите, но исто така рекол дека не е виновен за какви било кривични дела. NXIVM founder Keith Raniere speaks out ahead of his sentencing in an interview with journalist Frank Parlato and @DatelineNBC. Raniere was found guilty of multiple charges related to the group, which prosecutors call “cult-like.” We'll have more tonight on @NBCNightlyNews. pic.twitter.com/YLOuHwuA4m — NBC Nightly News with Lester Holt (@NBCNightlyNews) October 23, 2020 "Јас сум невин. Тоа е страшна трагедија во која се повредени многу, многу луѓе. Но, исто така, е неправда. Што и да мислите дека сум, самиот ѓавол или не, треба да се испита правниот процес", рече Раниер. На поротниците во Бруклин им биле потребни само неколку часа да го прогласат Раниер за виновен во јуни 2019 година. Раниер водел организација за самопомош во близина на градот Олбени во рамките на која основал тајно здружение наречено ДОС, каде ги уценувало „робовите“ жени со компромитирачки материјал, како што се нивните голи слики, и ги принудувал на сексуални односи, пишува NBC News. Поранешна членка на NXIVM, Индија Оксенберг, ќерка на sвездата на серијата ,,Династија”, Кетрин Оксенберг, рече дека е многу тешко да се напушти култот откако станала плен. „Лесно е да ве заведе ако не сте свесни што се случува, особено кога тоа го прават добри манипулатори“, изјави Оксенберг за ABC овој месец. Вината ја признаа претседателот на NXIVM, Ненси Салзман, нејзината ќерка Лорен Салзман, сметководителката Кети Расел и Клер Бронфман, наследничка на „Сеаграм“, компанија која продава алкохолни пијалоци. Бронфман била голем донатор на NXIVM и е осудена на 81 година затвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook