12 години докторите го убедувале дека е дебел, а стомакот му растел-му извадиле тумор од 27 кг. - Канал 5

12 години докторите го убедувале дека е дебел, а стомакот му растел-му извадиле тумор од 27 кг.

Лекарите 12 години биле убедени дека Норвежанецот е едноставно дебел - но неговиот растечки стомак всушност се ширел поради малиген тумор, тежок 27 килограми.

12 години докторите го убедувале дека е дебел, а стомакот му растел-му извадиле тумор од 27 кг.

Му била дијагностицирана дебелина, па дури и му препишале „оземпик“ пред да го откријат израстокот, што доведе до 10-часовна операција за негово отстранување, објави Њујорк Пост.

Томас Краут (59) бил опериран во Осло, бидејќи неговиот стомак станувал сѐ поголем и поголем, а лекарите првично биле убедени дека тој едноставно е дебел. Тој бил испратен на режими за слабеење и диета додека ракот растел во него.

Краут, по потекло од Германија, се преселил во Норвешка за да работи како оптичар во 2008 година, додека неговата сопруга Инес работи во здравствениот сектор. Во 2011 година почнал да има здравствени проблеми, а стомакот сѐ повеќе и повеќе му растел. Првично му бил дијагностициран дијабетес тип 2 и дебелина во 2012 година.

Но, 12 години подоцна, лекар внимателно го погледнал додека го подготвувал за операција на желудникот за да се справи со неговата дебелина. Тогаш сфатија дека Краут не само што е дебел, туку и дека во него расте џиновски малигнен тумор.

„Мојот стомак стануваше сѐ поголем. Ми дадоа Оземпик за дијабетес и неколку години пред операцијата на стомак морав да земам курсеви за исхрана и фитнес “.

Лекарот брзо сфатил дека тврдата површина на стомакот на Томас не е од дебелина.

„Ми го притискаше стомакот. Беше тврд, не мек како сало“, рече Краут „Исто така, изгубив толку многу килограми со промената на исхраната и Оземикот што лицето и рацете ми беа многу тенки. Само стомакот ми беше огромен. Докторот дури рече дека сум всушност неухранет“.

Лекарот веднаш наредил томографија која открила огромен тумор.

„Тоа беше вистински шок за мене“, признал Краут „Ми беше зафатен бубрегот, бидејќи туморот се хранел со мојот десен бубрег.“

На лекарите им биле потребни две недели за да го дијагностицираат реткиот масен тумор, кој всушност се состои од повеќе помали канцерогени области опкружени со маснотии.

Краут бил подложен на 10-часовна операција за отстранување на огромниот тумор на 26 септември 2023 година. Кога бил отстранет, тежел 27 килограми и имал дијаметар од 52,3 сантиметри.

Тоа му нанело значителна штета на телото и морало да му биде отстранет дел од тенкото црево, како и десниот бубрег, а во него сè уште расте канцерогено ткиво.

"На секои две недели одам на терапија на психолог. Морам да одам на онколог двапати годишно бидејќи се уште имам туморско ткиво во мене кое расте. Ми рекоа дека не може да се извади бидејќи е поврзано со повеќе органи. “ рече тој.

Краут и неговата сопруга поднеле тужба против лекарите кои не успеале да го откријат огромниот и потенцијално смртоносен тумор. Првично бил отфрлен бидејќи типот на туморот е толку редок што лекарите рекоа дека не може да се обвинат што не го откриле.

Неговиот адвокат веќе поднел приговор.

„Мојот адвокат поднесе приговор. Ќе успее некако“, рече Краут.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Две лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата ќерка С.И.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.07.2026 во 23:55 часот полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани во с. Боротино, општина Кривогаштани го лишија од слобода Б.С.(29) с. Боротино, затоа што во семејниот дом упатувал закани кон неговиот татко. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.07.2026 во 14:55 час во ОВР Кичево, 40-годишна жена пријави дека на 29.06.2026 нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот поранешен свекор, а кон двете упатил закани. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката

Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заедничките гранични премини

Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката

Унапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини.

Делегации од двете Царински управи предводени од директорот Бобан Николовски и директорот на Царинската управа на Албанија, Бесмир Беја, заедно со високи претставници на ОБСЕ извршија увид во начинот на управување со граничниот премин Ќафасан-Ќафтане, по што беше остварена и средба на која трите страни дискутираа за практична примена на Договорот и Протоколот кон истиот.

- Соработката со Албанија прерасна во вистинско партнерство засновано на меѓусебна доверба, отворена комуникација и заедничко разбирање дека ефикасното управување со границите е од суштинско значење за економскиот развој, регионалната поврзаност и безбедноста на нашите држави и регионот, истакна Николовски и додаде дека потпишувањето на Протоколот треба да резултира со намалување на времето на чекање и забрзан проток на трговијата, зголемена доверба на бизнис заедницата и забрзан проток на патници и стока.

Директорот на Царинската управа на Република Албанија, Беја, истакна дека ваквите средби се доказ дека напредокот е можен доколку двете страни работат заедно.

- Соработката на Царинските управи е најдобар пример како да ги подобриме условите и за граѓаните и за бизнис заедницата во нашите држави. Царинската управа на Македонија има добра репутација на институција која има најголем напредок. Со Протоколот ќе ги координираме царинските процеси и заеднички ќе ги користиме ресурсите што ги имаме на располагање и ова е токму во насока на подобри контроли и олеснување на трговијата, вели Беја.

Раководителот на Програмата за реформи во полицијата и кривично-правниот систем во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон рече дека е привилегија да се биде на историски настан кој не само што го унапредува заедничкото делување туку и ја унапредува сигурноста на граѓаните на двете држави.

Дарко Ангелов, шеф на Одделот за соработка во областа на безбедност во Мисијата на ОБСЕ во Тирана потенцира дека Протоколот е успешна кулминација на десетгодишна успешна соработка во делот на граничното управување која постојано се надоградуваше преку поддршка и на Мисиите на ОБСЕ во Македонија и Албанија. Тој притоа додаде дека е поминат долг пат од воспоставување на првиот полициски контактен центар за соработка, сега проширен и во делот на царината на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција

 Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме.

Директорот на БЈБ Јанев: Полициското образование е темел на силна и професионална полиција

Денеска (03.07.2026) директорот на БЈБ Александар Јанев ја посети Полициската академија, каде заедно со раководството и вработените присуствуваше на церемонијата на неделното спуштање на државното знаме – традиција која симболизира чест, одговорност и посветеност кон татковината.

При посетата, директорот Јанев истакна дека оваа церемонија за него има особено значење, бидејќи го потсетува на неговите почетоци во полициската професија пред 33 години, кога како кадет ги направил првите чекори во службата.

Тој нагласи дека обновувањето на Средното полициско училиште „7 Мај“ во рамките на Полициската академија претставува обновување на вредностите, традицијата и докажаниот систем за создавање професионални и достоинствени полициски службеници.

Директорот Јанев порача дека раководството останува посветено на изградба на модерен и стабилен полициски систем заснован на знаење, интегритет и професионалност, нагласувајќи дека силната полиција започнува со образованието, вредностите и љубовта кон татковината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер