3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Македонија11. седница на Уставниот судДенеска ќе се одржи 11. седница на Уставниот суд. Закажано е да се дискутира по две иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободи и права и донесување на две конечни одлуки на Судот. Поради интерес на медиумите информираме дека барањето за заштита на слободата на јавното изразување на мислата согласно член 110 алинеја 3 од Уставот од новинарот Давид Илиески е предвидено за дискусија на денешната седница. Од наводите во барањето: Барателот, тврди дека во својство на новинар, поднел барање за пристап до информации од јавен карактер до Развојна банка на Македонија АД Скопје, со кое побарал податоци за компании и проекти финансирани преку банката, агрегирани статистички податоци, како и извештаи доставувани од деловните банки во рамки на кредитните линии за период од 01.01.2020 година до моментот на доставување на бараните информации. Развојна банка делумно го прифатила барањето, односно и споделила агрегирани податоци за бројот на поддржани компании, поделени по сектор година и кредитна програма, но не и списоците со компаниите и проектите кои добиле кредити од Развојна банка, ниту копии од извештаите што деловните банки ги доставуваат до Развојна банка во рамки на кредитните линии. Поради нецелосни информации барателот вложил жалби до надлежната Агенција за заштита на правото на слободен пристап на информации од јавен карактер. Таа спровела постапка и двапати одлучувала по предметот, при што во второто решение ја уважила жалбата во целост, ги поништила одбивните решенија и наложила доставување на бараните информации во рок од 15 дена. И покрај тоа, Развојна банка не постапила по конечното и извршно решение, ниту ги доставила бараните податоци со образложение дека станува збор за доверливи податоци, односно банкарска тајна. Барателот смета дека со ваквото неизвршување на решението, по исцрпување на сите правни средства, е сторена повреда на неговото право на слобода на изразување, конкретно правото да прима информации од јавен карактер. Наведува дека бараните информации се од јавен интерес, бидејќи се однесуваат на користење на јавни средства од страна на институција, односно банка во државна сопственост. Предвидено е Судот на денешната седница да донесе одлука за Програмата за празници и одбележување на јубилејни настани и значајни датуми во Општина Кичево за 2025 година, откако на 4 февруари 2026 година поведе постапка за преиспитување на уставноста и законитоста на Програмата. Судот изрази сомнеж дека оспорениот акт е пропис којшто разработува културни активности и одбележување на празници и истиот е донесен без потребното мнозинство од заедниците кои не се мнозинско население во Општината, како што предвидува член 41 став 3 од Законот за локалната самоуправа. Според доставените податоци во предметот, односно одговорот кој го достави Советот на Општина Кичево како доносител на оспорениот акт, се наведува дека програмата е донесена со 12 гласови „за“ и 11 гласови „против“ и според етничката припадност сите советници кои гласале „за" се Албанци и сите советници кои гласале „против" се Македонци. Смислата на член 41 став 3 од Законот за локалната самоуправа е да обезбеди вклученост и заштита на заедниците кои не се мнозински во процесот на донесување прописи на советот што засегаат прашања од културата. Вака предвиденото мнозинство ја штити рамноправноста на заедниците во процесот на донесување прописи коишто се однесуваат на културата и употребата на јазиците. Тоа произлегува и од содржината на Амандаманот XVI со кој се заменува ставот 5 на член 114 од Уставот на Република Македонија. Со донесувањето на оспорениот акт на овој начин, пред Судот се постави прашањето дали Програмата е спротивна на член 41 став 3 од Законот за локалната самоуправа, бидејќи Советот на Општина Кичево не го обезбедил потребното мнозинство и со тоа го прави оспорениот акт незаконит и спротивен на Уставот.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПродолжува политичкиот ќорсокак во Шведска- премиерот Крисерсон доби нов рок за формирање влада Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе добие уште една недела да се обиде да формира нова влада, изјави претседателот на парламентот, откако опозицијата не успеа да формира влада и покрај победата на септемвриските избори.Кристерсон доби задача од претседателот на парламентот минатата недела да ја истражи можноста за формирање влада откако крајно десничарските Шведски демократи се откажаа од кандидатурата за министерски места, објави Ројтерс. Тоа би можело да ѝ го олесни на Кристерсон преговарањето со Партијата на центарот и да ја убеди да го поддржи неговиот десничарски блок, наместо да застане на страната на лидерката на централно-левичарската опозиција Магдалена Андерсон. Блокот на Кристерсон го загуби мнозинството на септемвриските избори, но лидерката на социјалдемократите Андерсон досега не успеа да ја обезбеди поддршката од Зелените, Левичарската партија и Партијата на центарот, кои ѝ се потребни за да освои доволно гласови за да биде избрана за премиер. Мандатот на Кристерсон да се обиде да формира влада требаше да истече во вторник, но претседателот на Риксдаг, шведскиот парламент, Андреас Норлен, рече дека повторно ќе разговара со лидерите на сите партии и ќе му даде на премиерот уште една недела. „После тоа, ќе ги објавам следните чекори во овој процес“, рече Норлен во соопштението. Андерсон во вторникот изјави дека побарала од претседателката на парламентот нова шанса да се обиде да формира влада додека се обидува да обезбеди доволно гласови за да стане премиер. Таа врши притисок врз Левичарската партија да се откаже од своето барање да биде дел од владата. Партијата на центарот јасно стави до знаење дека нема да прифати влада во која е вклучена Левичарската партија, која се соочува со обвинувања за антисемитизам, што би можело да ја наведе да ја поддржи десничарската алтернатива на Кристерсон. „Мојата проценка е дека работите сега почнуваат да се движат“, изјави Андерсон за новинската агенција ТТ, по извештаите дека опозициските партии планираат уште еден состанок.Тагови: Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотМонета од 2 евра вреди 80.000 евра- можеби ја имате дома? (ВИДЕО)Може ли обична монета од две евра да вреди дури 80.000 евра? Токму тоа тврдење се појавува на Инстаграм, каде што е објавено видео од германска монета од 2002 година, за сума што за многумина може да звучи како мало богатство. Видеото прикажува раце во бели ракавици како ја превртуваат монетата, прикажувајќи ги двете страни. На едната страна е германскиот федерален орел, додека на другата е апоенот од две евра. Цифрата од 80.000 евра е напишана низ целото видео. Сепак, авторот не наведува зошто оваа конкретна копија може да достигне толку висока цена, ниту пак покажува доказ дека монетата всушност е продадена за наведената сума. Што е прикажано во видеото? Станува збор за германска монета од две евра од 2002 година, кога еврото беше воведено во готово. На нејзината национална страна е орел, традиционален симбол на германската државност, опкружен со 12 ѕвезди на Европската Унија. Овие монети биле произведени од пет германски ковници, кои се разликуваат по ознаките на буквите A, D, F, G и J. Според нумизматичките каталози, само во 2002 година биле ковани повеќе од милијарда германски монети од две евра со овој мотив. View this post on Instagram A post shared by Coin2euro (@coin.europa) Дали навистина вреди 80.000 евра? Во случај на колекционерски монети, вредноста зависи од неколку фактори, вклучувајќи реткост, состојба на зачуваност, специјални серии и можни грешки направени за време на ковањето. Поединечните примероци со необични грешки може да имаат поголема нумизматичка вредност, но тоа не значи дека секоја монета од истата година е колекционерско богатство. Во достапните нумизматички каталози, стандардните германски монети од две евра од 2002 година генерално имаат вредност блиска до нивната номинална вредност, додека подобро зачуваните колекционерски примероци може да се проценат на малку повисоки износи. На што треба да обрнете внимание? Граѓаните кои поседуваат постари евро монети можат да ја проверат годината на издавање, ознаката на ковницата и сите отстапувања од вообичаениот изглед на монетата. Сепак, за сериозна проценка на вредноста, потребно е да се контактира нумизматички експерт или да се спореди примерокот со сигурни каталози и документирани резултати од аукции. Поточно, потребно е да се направи разлика помеѓу цената што некој ја бара на Интернет и износот за кој всушност е продадена монетата. Доколку имате германска монета од две евра од 2002 година, не ја сметајте автоматски за вреден колекционерски предмет. Многу е веројатно дека нејзината вредност не е многу поголема од две евра.Тагови: монета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветТрамп: Америка не ја започна војната со Иран (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа во војната против Иран, која трае повеќе од осум месеци. За време на говорот на Денот на ветераните на Националните гробишта Арлингтон во Вирџинија, тој рече дека американската војска веќе победила и дека Вашингтон може да одлучи кога да го заврши конфликтот, објавува „Тајмс оф Израел“. „Ние возвративме и победивме. Само е прашање кога сакаме да ја завршиме војната“, рече Трамп. Сепак, американскиот претседател не објави крај на воените операции или повлекување на американските сили од регионот. Тој нагласи дека не сака да ја запре војната пред САД да ги постигнат сите свои цели. „Сакаме целосна победа“ Трамп рече дека САД не ја започнале војната со Иран, туку дека Техеран со децении водел непријателска политика кон Вашингтон. „Америка не ја започнала војната со Иран. Иран е во војна со Америка од 1979 година“, рече Трамп. „Сакаме да бидеме сигурни дека сме постигнале целосна победа, а не победа од 93 проценти. Тоа ќе биде целосна победа“, рече американскиот претседател. Trump on Iran War: We won. We want to make sure we have a total victory, not a 93% victory. https://t.co/d4DTeWZZls — Clash Report (@clashreport) November 11, 2026 Трамп, исто така, тврдеше дека на Иран ќе му бидат потребни 25 години за да го обнови она што американските сили го уништија. Тој изрази надеж дека дополнително уништување нема да биде потребно и го повтори тврдењето дека американските бомбардери Б-2 го спречиле Иран да добие нуклеарно оружје. Го најави претстојниот крај на војната За време на својот говор, американскиот претседател ги спомена и паднатите американски војници. Тој тврдеше дека во конфликтот се изгубени 18 животи, а потоа повторно го најави неговиот претстоен крај. „Изгубивме 18 прекрасни луѓе, но кога овој конфликт ќе заврши, а наскоро ќе заврши, целиот свет ќе биде многу побезбедно и помирно место“, рече Трамп. Неговата изјава доаѓа по месеци најави за брз крај на војната. Уште во април, Трамп рече дека конфликтот наскоро ќе заврши, а во текот на летото постојано тврдеше дека Иран е воено поразен. А во недела, на 8 ноември, тој прогласи американска победа, велејќи дека конфликтот сè уште треба да се заврши. Еден ден подоцна, по разговорот со катарскиот премиер, тој изјави дека Иран е практично воено поразен и дека постои добра можност за постигнување договор. Блокадата на Иран од страна на САД останува на сила И покрај прогласувањата за победа на Трамп, поморската блокада на Иран од страна на САД продолжува. Вашингтон одржува силно воено присуство во регионот, а американските сили продолжуваат да преземаат мерки за ограничување на иранската трговија и приходи. Трамп во понеделник изјави дека во моментов не гледа потреба од нови големи воени напади, но дека американските сили се подготвени да одговорат доколку се променат околностите. Во исто време, американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, изјави дека преговорите со Техеран сè уште не донеле напредок. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ја отфрли можноста за завршување на војната само со воена сила или со зголемување на санкциите. Тој рече дека Вашингтон мора да ги прифати условите на Иран и да пристапи кон преговорите со почит. Војната започна на 28 февруари со американските и израелските напади врз Иран. Конфликтот предизвика големи прекини во снабдувањето со нафта, зголемување на цените на енергијата и политичко незадоволство во САД, каде што републиканците ги загубија своите мнозинства во двата дома на Конгресот минатата недела.Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter