11-годишник е најмладиот пациент со рак на кожа - за неколку часа откриени 30 нови случаи - Канал 5

11-годишник е најмладиот пациент со рак на кожа - за неколку часа откриени 30 нови случаи

Најмладиот пациент со рак на кожа има 11 години, потврдија од Клиниката за кожни болести. Во Градскиот парк денеска имаше бесплатни прегледи каде кај околу 30-тина пациенти им беше откриен рак на кожа.

11-годишник е најмладиот пациент со рак на кожа - за неколку часа откриени 30 нови случаи

Безболна и кратка е процедурата на проверка на сите промени на кожата со апаратот дерматоскоп. Овој апарат ги проверува дали одредени промени на кожата се бенигни или се малигни. Денеска над стотина бесплатни прегледи се направија во Градскиот парк во Скопје под мотото „Да се заштитиме од Сонцето да спречиме рак на кожа“ организирано од страна здружението на дермато-венеролози по повод недела борба против рак на кожа. Докторите велат дека граѓаните не доволно знаат дека како треба да се заштитат и колку се важни овие прегледи. Долгата изложеност на сонце е причина за рак за појава на рак на кожа. Кожата не се заштитува само на плажа, туку преку целото лето, вели докторка Силвија Дума од Кожната клиника.

На Клиниката има и посебна амбулната каде се прегледуваат овие промени на кожата.

Граѓаните велат дека ваквите прегледи се одлични и порелаксирани без термин. Некои од нив прв пат доѓаат на ваков преглед.

Во 2020 година над 100.000 граѓани на ЕУ им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак е една од дваесетте најчести причини за смрт од рак.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)

Ќерката на Сашка Стојаноска, Македонката уапсена во Улцињ откако со својот автомобил прегазила куче, тврди дека шарпланчанецот прво го нападнал и го убил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на нејзиното семејство.

Ќерката на Македонката, која во Улцињ прегази куче: Го растргна нашето ши-цу, газдата ни се закануваше (ВИДЕО)

Таа рече дека на видеото се гледа и нивното мало куче Ши Цу, кое претходно го убил шарпланинецот, тежок повеќе од 50 килограми. Според нејзините зборови, кучето влегло во нивниот стан, им го растргнало домашното милениче пред нив, а подоцна ги нападнало, меѓу кои и нејзиниот малолетен брат. Според неа, шарпланинецот бил „удрен од автомобил за да го одвои од неа и од кучето што умрело“, пренесе Телеграф.

Таа додаде дека шарпланчанецот имал сопственик кој по настанот им се заканувал пред станот заедно со група пријатели. Според неа, „газењето било обид на мајката да ги одбрани децата и нивниот миленик“.

Обвинителството во Улцињ соопшти дека на жената ѝ е одредена мерка притвор во траење од 72 часа. Таа е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)

Ентони Џошуа го победи Кристијан Пренга со прекин во второто коло во неговата камбек борба во Џеда, Саудиска Арабија. 

Џошуа по победата бара да му дадат албанско знаме (ВИДЕО)

Победата дојде по голема драма. Џошуа преживеа два нокдауни во првата рунда. Но, Албанецот беше истрошен и Џошуа веќе во второто коло го приведе мечот кон крајот.

Британците по победата побараа од публиката да му го даде албанското знаме. Кога го добил, го ставил на рамо, додека на другото рамо стоело знамето на Велика Британија. Погледнете како тоа изгледаше.

Следен противник на Џошуа е Тајсон Фјури

За Џошуа следната борба е против сонародникот Тајсон Фјури. Долгоочекуваната борба меѓу двајцата Британци е закажана за ноември 2026 година, но се уште не е одреден датум. „Го потпишавме договорот, се е договорено“, изјави менаџерот Еди Херн по синоќешната борба.

Борбата меѓу Џошуа и Фјури, двајцата од најпознатите британски боксери, наводно е закажана за ноември. Иако ниту еден од нив не е на врвот на својата кариера, комерцијалниот интерес е огромен. Натпреварот се очекува да биде проследен на Нетфликс.

Британските навивачи се надеваат на борбата дома, но организаторите и радиодифузерите од Саудиска Арабија, наводно, ги претпочитаат САД поради американскиот пазар. Како една од опциите со години се споменува британскиот национален фудбалски стадион Вембли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

CNN: Венс и шефот на армијата го рпедупредија Трамп на опасност од ескалација на војната со Иран

Потпретседателот Џ.Д. Венс и началникот на генералштабот Ден Кејн предупредија за можноста за ескалација на војната со Иран на состанокот што го одржа претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во петокот.

CNN: Венс и шефот на армијата го рпедупредија Трамп на опасност од ескалација на војната со Иран

Во исто време, САД се чини дека привремено ја прекинаа својата кампања за бомбардирање против Иран по речиси две недели континуирани ноќни напади. Информацијата беше потврдена за CNN од извор запознаен со ситуацијата и американски функционер, пишува CNN.

Предупредувања и последици за муницијата

Воените операции во моментов се „на чекање“, потврди извор од Министерството за одбрана за CNN во саботата. На состанокот во петокот, генералот Кејн конкретно го истакна проблемот со американските залихи на муниција и предупреди за други можни негативни последици, според изворите.

Според еден од изворите, Кејн му рекол на Трамп дека војската може да ги спроведе достапните опции, но веднаш предупредил за можните последици од таков потег. Проблемот со залихите беше само едно од низата за кои Трамп беше предупреден за време на состанокот, рекоа двата извори. Сè уште не е јасно дали овие предупредувања се главната причина за прекин на нападот или паузата ќе продолжи.

Бела куќа: Дипломатијата е приоритет

„Претседателот Трамп постојано изјавува дека е за дипломатско решение, но сите опции остануваат отворени ако Иран продолжи со своите терористички активности во Ормутскиот теснец или против нашите сојузници“, рече директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг.

„По успешните санкции кои сериозно ја оштетија економијата на Иран и 13-дневните напади врз воени цели како одговор на нивната агресија, Иран би било мудро да работи кон договор. Инаку, тие знаат што доаѓа“, додаде тој. CNN, исто така, контактираше со канцеларијата на потпретседателот Венс за коментар.

Трамп помеѓу преговорите и заканите за ескалација

Во петокот, разговарајќи со новинарите по состанокот на кабинетот, Трамп потврди дека американските претставници активно преговараат со Иран. Сепак, тој додаде дека војската би можела да продолжи со нападите или дури и да „ја зголеми температурата“. Тој, исто така, рече дека Иран сега се чини дека има „посериозен“ пристап кон преговорите.

Според еден извор, администрацијата на Трамп разговарала за можни модели за ескалација на конфликтот уште во петок попладне. Државите од Персискиот Залив повикаа на воздржаност во разговорите со американските претставници, но исто така признаа дека САД имаат единствена способност да го ескалираат конфликтот доколку одлучат.

Ситуацијата доаѓа во време кога клучните резерви на оружје на САД се веќе сериозно исцрпени и би можеле дополнително да се исцрпат доколку продолжат нападите врз Иран, како што претходно објави CNN. Иако Трамп јавно зборуваше за можноста за масовен удар, тој приватно им кажа на своите преговарачи да „продолжат да разговараат“.

Пентагон се сомнева

Ова ги истакнува ограничувањата со кои се соочува во воените операции што не вклучуваат копнени сили. Според повеќе извори, малкумина во внатрешниот круг на Трамп или во Пентагон веруваат дека таквите ограничени воени опции би ги дале посакуваните резултати.

Кејн и други воени команданти го предупредија Трамп пред војната дека продолжената кампања би можела да ги исцрпи резервите на оружје. „Американската војска е најмоќна во светот и има сè што е потребно за да дејствува во време и место што ќе го избере претседателот“, рече портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.

„Успешно спроведовме бројни операции низ целиот свет, а воедно осигуривме дека војската има огромен арсенал за да ги заштити нашите луѓе и интереси“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер