11-годишен ученик од Прилеп паднал од 3 кат во ОУ „Гоце Делчев“

Во стабилна состојба и надвор од животна опасност е 11 годишниот ученик кој вчера попладне паднал од прозорец од трет кат на училиштето Гоце Делчев во Прилеп. 

Кои се причините не е познато, но според сведоштавата, немилиот настан се случил за време на големиот одмор, кога сите други деца биле излезени надвор.

Директорката на училиштето Гоце Делчев, Снежана Котева, за Канал 5 појасни дека учениците први го заблежале и веднаш повикале помош, а детето при падот било контактибилно и веднаш пренесено во болница.

По укажувањето на првичната помош во прилепската болница, ученикот поради сериозноста на повредите, итно бил хоспитализиран на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Како што истакнаа од Клиниката за Канал 5, состојбата на детето е стабилна и тоа ќе биде под лекарски надзор деновиве.

„Момчето е примено во нашата клиника и тоа е надвор од животна опасност. Направени се сите потребни прегледи и снимања. Неговата здравствена состојба е стабилна. Во наредниот период повторно ќе се проценуваат повредите и детето ќе биде под постојан медицински надзор.“

Случајот бил пријавен и во полиција, од каде додаваат дека ги преземаат сите мерки за расчистување на случајот.

Од училиштетот информираа дека денеска екипи на МВР ги прегледале камерите и извршен бил целосен увид на лице место, при што се очекува да бидат познати и причините за немилиот настан во прилепското училиште.

Какви реформи се потребни во правосудството?

Дали со извесното разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ќе се поправи угледот и довербата во обвинителството?

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека покрај првиот човек, треба да има промени и на други раководни позиции за да има реални резултати. Со заминувањето на Коцевски од позицијата, кое вчера Владата го усвои и на седница, Калајџиев оценува дека се отвора пат за реформа во врвот на правосудниот систем.

„ Треба на некој начин да се тргнат барем од раководни позиции сите инволвирани освен државниот обвинител. Он во тој конфликт и да не е директно одговорен, ние никогаш нема да дознаеме кој нависина бил причина за конфликтот или колку придонел, меѓутоа он е тој шефот и не смеел да дозволи да настане таква ситуација. “-Гордан Калајџиев – универзитетски професор.

Кој ќе го наследи Коцевски, според професорот најмногу зависи од политичката поддршка. Во Македонија има пракса кандидатите прво да бараат партиска помош пред да се пријават на огласите, вели Калајџиев.

„ Властите кај нас е општопознато дека имаат желба да си донесат по можност свој обвинител и тоа не би било добро. Би било добро навистина да дојде еден ден човек со интегритет. Во крајна линија тоа нема да зависи само од властите, ќе зависи од тоа кој ќе се јави. Во обвинителството сигурно може да се најде човек со интегритет. “-Гордан Калајџиев – универзитетски професор.

Вчера Владата ја прифати иницијативата за разрешување на Коцевски, со наводите дека постапувал пристрасно имал судир на интереси, а под негово раководство обвинителството има нарушен углед и функционалност...

Следен чекор во процедурата за Коцевски е комплетниот предлог да биде испратен до Советот на јавни обвинители кои треба да дадат мислење, кое сепак нема да влијае врз крајниот исход од гласањето во Собрание.

Прашана за овој случај, американската амбасадорка Агелер денеска накусо изјави дека нема коментар и дека одблизу го следат процесот, со очекување дека ќе се испочитуваат законите.

Стопанската комора на трговци со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите

Стопанската комора на трговците на големо и мало изразува загриженост од вчерашната одлука да ги ограничи маржите, односно заработката на трговците за 5, 10 и 15% на прехранбени и непрехранбени производи и браат итна нова средба со премиерот.

Стопанската комора на трговците на големо и мало изразува загриженост од вчерашната одлука да ги ограничи маржите, односно заработката на трговците за 5, 10 и 15% на прехранбени и непрехранбени производи и браат итна нова средба со премиерот Христијан Мицкоски

Тие се жалат дека со ова им се нанесува значителна штета на стопанските субјекти, а целта нема да биде постигната.. Велат дека иако Владата најави дека оваа мерка ќе опфати 1000 производи, во реалноста се работи за многу поширока листа од 3000-4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко со различни маслености, како и производи како што се детергенти и сапуни.

-Од една страна, се наведува дека основните производи се маржираат од 20-25%, што е причината за ограничувањето на маржата на 5%, но од друга страна се тврди дека нема да има значително намалување на цените. Логично е, цените да се намалат за 15-20%, доколку се намали маржата на овој начин. Дополнително, овие одлуки не ги заштитуваат социјално загрозените граѓани, туку најголемата финансиска корист ќе ја имаат потрошувачите со повисоки приходи. На пример, во групата на месни производи ќе треба да се намалат цените и на луксузни производи, што значи дека не се води сметка за приоритетите на граѓаните со пониски примања. – Стопанска комора на трговци на големо и мало.

Сепак, овој пат тешко дека ќе има премислување за одлуката, бидејќи од министерството за економија за Канал 5 потврдуваат дека набргу истата ќе заврши во службен весник, по што и официјално ќе стапи на сила. А, трговците со одлуката се задолжени и да имаат најмалку 70% од предвидените производи на полиците...

Дел од граѓаните сметаат дека е добро што се направило нешто во оваа насока, но сепак ќе почекаат да видат како реален ефект ќе има оваа одлука врз нивниот џеб..

Со одлуката, со 5% се ограничуваат 8 производи, белиот и полубелиот леб, брашната тип 400 и 500, киселото млеко, јогуртот, јајцата, маслото за јадење. На 10% се ограничуваат 37 производи, меѓу кои оризот, пекарските производи, месото од разно животинско потекло, рибата, млечни производи и уште многу други. Со 15% пак се ограничени поголем дел од овошјата и зеленчукот, пелени, бебешка и детска храна, хемикалии како и дел од алкохолните и безалкохолни пијалаци.

Одлуката ќе трае до 30 април со што во овој период ќе бидат опфатени и два од најголемите верски празници кај христијаните и муслиманите, Велигден и Рамазан Бајрам на кои традиционално се полнат трпезите, а се празнат маркетите.

Агелер: Вашингтон не може да го гарантира патот на Македонија кон ЕУ, но поддршката останува

САД не можат да го гарантираат вашиот пат кон ЕУ затоа што не сме членка на Унијата, но силната поддршка останува, порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. 

Прашана дали и какви гаранции за европскиот процес може да му дадат американските претставници на премиерот Мицкоски кој два пати за еден месец е во посета на Вашингтон, Агелер како особено значајни ги оцени овие посети за зајакнување на македонско-американските односи.

-Вашингтон не дава гаранции за вашиот европски пат, бидејќи ние не сме членка на ЕУ. Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високи претставници на ЕУ, но ќе кажам дека мило ми е што премиерот и членовите на неговиот кабинет се во Вашингтон. Ова е важна врска. Фактот што тој беше таму неколкупати откако ја презеде функцијата како премиер исто како и многу други министри, само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната, изјави Агелер.

Американската амбасадорка се уште не знае како ќе се одрази одлуката на американскиот претседател Трамп за замрзнување на средствата за финансирање на програмите на УСАИД за значајни области во земјава, но порача дека САД остануваат посветени на соработката.

-Не знам. Ова е процес што е во тек и јас не знам како ќе се одрази на нашата идна поддршка на развојот. Се разгледува и мислам дека е важно да биде разгледано. Но, како што им кажав јавно и приватно на Владата и на нашите партнери дека ние сме тука. САД не си одат, ангажирани сме и правиме фантастични партнерски настани, рече Агелер.

Експертот за Балканот Даниел Сервер, пак, во интервју за МИА зборувајќи за геополитичките односи и преговорите меѓу Вашингтон и Москва за Украина, оценува дека секој договор што би го компромитирал суверенитетот и територијалниот интегритет на Киев ќе охрабри сецесионистички и иредентистички сили на Балканот, а Македонија и премиерот Мицкоски според него нема да ги прифати бугарските барања за промена на уставот без гаранции.

-Македонија, според мене, е подготвена да ги прифати бугарските барања за вклучување на Бугарите во уставот, но сака тоа барање да биде последното од страна на Софија. Не знам дали Бугарите ќе се согласат на тоа, изјави Сервер.

притисни ентер