Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Македонија10-то издание на неделата на италијанската кујна во светот во MакедонијаНајголемата манифестацијата посветена на италијанската кујна во светот, а промовирана од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија се враќа во Македонија. Оваа година, настаните ќе бидат посветени на темата „Италијанска кујна: здравје, култура и иновации“. Оваа манифестација е особено значајна денес, во време кога италијанската кујна го доби првото зелено светло во процесот да биде признаена како нематеријално културно наследство од страна на УНЕСКО, притоа зајакнувајќи ја вредноста на нејзиниот културен идентитет и нејзината неодвоива социјална димензија. Ова десетто издание, организирано од Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Италијанската Трговска Агенција ќе понуди висококвалитетна програма со голема културна вредност. Фокусот ќе биде ставен на сицилијанските слатки кои се автентичен симбол на вековните традиции, но и едни од водечките кулинарски брендови „Произведени во Италија“. Покрај тоа, ќе се посвети внимание и на значајната кафе-култура и односот помеѓу гастрономијата и здравјето, теми кои го издвојуваат италијанското кулинарство како искуство кое ги спојува вкусот, здравјето и иновациите. Неделата ќе започне со ексклузивен мастерклас посветен на уметноста на сицилијанското слаткарство, што ќе биде предводен од познатиот слаткар маестро Лило Дефраја. Водечка фигура во индустријата на слатките веќе речиси шеесет години, тој е добитник на престижни институционални награди, вклучувајќи јa и Ѕвездата за посебни заслуги во работата, орден доделен од Претседателот на Италијанската Република, како и неодамнешната награда Honos 2025. Тој е исто така и шестократен меѓународен рекордер - го поставил светсиот рекорд за најдолго каноло и најдолг ролат во светот (21,43 метри и 303,30 метри). Мастеркласот на маестро Дефраја ќе се одржи во среда, 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, во хотелот Лимак (6-ти кат, Сала Лимра), а учеството ќе биде бесплатно. Следниот ден, четврток, 20 ноември, Дефраја ќе одржи и работилница за правење слатки наменета за ученици и наставници на Угостителското училиште „Лазар Танев“ во Скопјe. Во петок, 21 ноември, програмата ќе продолжи со работилница посветена на уметноста за правење на омиленото италијанско еспресо, предводена од експертот Дејан Богоевски, која ќе се одржи во Центарот за обука во кафулето „Coffee Factory“ во Скопје. Во согласност со централната тема за оваа година, Здружението на наставници по италијански јазик ЗПИРМ ќе организира неколку едукативни активности инспирирани од италијанската гастрономија, кои ќе се одржат во различни училишта низ земјата, промовирајќи ја кујната како културно и јазично наследство. Италијанската амбасада во Скопје ќе се вклучи и во проектот на италијанското Министерство за надворешни работи, реализиран во соработка со ЏалоЅаферано, под насловот „Вкусот на здравјето: Три италијански менија“. Преку 10 видео-рецепти инспирирани од традицијата и преработени согласно пониските калориски потреби, проектот илустрира како свесниот избор на состојки може да го подобри квалитетот на животот и да го трансформира секој оброк во гест на грижа кон самите себе. Видео рецептите се достапни на каналите на социјалните медиуми на Амбасадата на Италија во Скопје. Сите настани од Неделата на италијанската кујна во светот може да се следат на социјалните медиуми преку хаштагот #cucinaitaliana. Целосната програма на настаните во земјава е достапна во прилог на овој маил. Придружете ни се да ја прославиме Неделата на италијанската кујна во знакот на традицијата, идентитетот и здавјето, вредности што ја прават италијанската кујна единствена во светот, соопштуваат од италијанската амбасада.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook