Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
1Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
3Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
Здравје10 производи со една од најбараните состојки за нега на кожата на лицетоГи бришат брчките правејќи ја кожата поубава!Една од најпознатите и најпопуларни состојки за нега на кожата е ретинолот. Се работи за еден од облиците на витамин А, кој првенствено се користи за нега на зрела кожа. Ретинолот, исто така е една од состојките што предизвикува страв кај потенцијалните корисници. Меѓутоа, доколку сте добро информирани и ги следите правилата, ретинолот може да стане состојка која ѝ дава бројни придобивки на вашата кожа. Како функционира ретинолот? Ретинолот е вид на ретиноид кој се произведува од витаминот А. За разлика од другите производи за нега на зрела кожа, тој не ги отстранува мртвите клетки од кожата. Наместо тоа, малите молекули кои го сочинуваат ретинолот продираат длабоко под надворешниот слој на кожата, а штом ќе влезат во средниот слој на кожата, ретинолот помага да се неутрализираат слободните радикали. На овој начин помага во стимулирањето на производството на еластин и колаген. Исто така, тој ја намалува појавата на фини линии и брчки и проширени пори. Ретинолот, исто така, може да се користи за лекување на акни и придружни лузни, и има ефект на пилинг на површината на кожата, што може да помогне во подобрување на текстурата и тонусот. Во секој случај, секојдневната употреба на ретинол може да донесе многу придобивки за вашата кожа на лицето, која со текот на времето ќе стане поеластична и помека, со сè помалку видливи знаци на стареење. Несакани ефекти од употребата на ретинол Пред упатствата за употреба на ретинол, ќе се осврнеме на несаканите ефекти што може да ги предизвика. За почеток, луѓето кои воведуваат ретинол во нивната рутина може да доживеат сува и иритирана кожа. Некои од можните несакани ефекти се црвенило, чешање и лупење на кожата. За да се намалат несаканите ефекти, важно е да се следат правилата за употреба на ретинол. Како да се користи ретинол? На самиот почеток би било добро да користите производи со што помалку ретинол и да не го правите тоа секоја вечер. Во првите неколку недели, користете ретинол околу два пати неделно. Нанесувањето на ретинол 30 минути по миење на лицето може да помогне во намалување на иритацијата на кожата, а ризикот од несакани ефекти се зголемува ако истовремено користите повеќе производи кои содржат ретинол. Затоа, внимателно прочитајте ги етикетите на производите вклучени во вашата дневна рутина. Друга состојка која не се препорачува да се користи истовремено со ретинолот е витаминот Ц. Експертите предлагаат да ги користите наизменично, па дури кога кожата ќе се навикне на еден производ, почнете да го воведувате другиот производ во вашата рутина. За да избегнете несакано оштетување на кожата, важно е да нанесувате креми со висок заштитен фактор на лицето во текот на денот. Не користете ретинол за време на бременост или кога се изложувате на сонце. Производи со ретинол Во продолжение, издвоивме десет производи со различен процент на ретинол кои можеби ќе станат дел од вашата рутина. „Serum La Roche-Posay Retinol B3“ Серумот Ретинол Б3 и помага на кожата веднаш да изгледа помазна и посјајна. Кожата постепено ја враќа својата цврстина и се коригираат знаците на фотостареење: длабоки брчки, фини линии и нерамномерен тен на кожата. Се нанесува навечер на лицето и вратот со секојдневна употреба на производите за заштита од сонце. „Dermalogica Dynamic Skin Retinol Serum“ Ова е ноќен серум кој има висок процент на ретинол. Содржи 3,5% од ретиноиден комплекс кој ефикасно делува на брчките и фините линии, ја изедначува текстурата и бојата на кожата и ја намалува видливоста на порите. „Balea Beauty Collagen Retinol Serum“ Серумот Balea Beauty Collagen Retinol ги измазнува брчките и ја прави кожата мазна. Нежниот серум со ретинол го стимулира природното производство на колаген и ја зајакнува структурата на кожата одвнатре. Интензивно ја хидрира и подмладува кожата правејќи ја свиленкаста. Неколку капки од серумот се нанесуваат на исчистената кожа на лицето, вратот и деколтето. „Kiehl's Retinol Skin – Renewing Daily Micro-dose Serum“ Ова е моќен серум против брчки со ретинол кој видливо ги намалува брчките и зацврстува и ја подобрува текстурата на кожата. Тој е прецизно формулиран за да обезбеди дневна доза на чист ретинол притоа предизвикувa минимални непријатни несакани ефекти. „Environ Focus Care Youth+ Concentrated Retinol Serum“ Овој серум го подобрува тeнот и текстурата на кожата и го спречува предвременото стареење. Ако се користи правилно, ѝ дава на кожата цврст и мазен изглед и го подобрува нејзиното целокупно здравје и сјај. „Paula's Choice 1% Retinol Treatment“ Овој производ ги измазнува длабоките брчки и фините линии, ја зацврстува кожата и ги намалува флеките и нерамномерниот тен. Покрај тоа, ги прочистува порите и текстурата на кожата и помага да се намалат мозолчињата и да се ублажат лузните од старите мозолчиња. Ноќен концентрат за лице „Biotherm Blue Retinol“ Овој третман против стареење го комбинира регенерирачкото дејство на Life Plankton со чистиот и високо дозиран (0,25%) ретинол за ефективна борба против брчките обновувајќи ја површината. „Afrodita Skin Specialist проконцентрат Ретинол. 2“ Овој производ е совршен избор за секој што бара напредна и ефикасна нега против стареење. Ефикасно ја намалува појавата на брчки, видливо ја затегнува кожата, создава сјаен, мазен изглед и ја зајакнува природната бариера на кожата делувајќи како навлажнувач. Покрај тоа, го изедначува тенот и ја намалува хиперпигментацијата и формирањето на мозолчиња. Крема „А313“ Оваа крема со ретинил палмитат го подобрува изгледот на кожата. Го одржува младешкиот изглед на кожата и ја штити од стареење, меѓу другото, ја намалува видливоста на фините линии и брчки на кожата. Серум со ретинол „CeraVe“ Овој серум помага да се изедначи структурата на кожата со тоа што ја намалува појавата на лузни предизвикани од неправилности, ја намалува видливоста на порите и ја подобрува површината на кожата. Серумот е лесен и брзо се апсорбира, враќајќи и здравиот изглед на кожата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банкаДвојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени. Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаКлековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болестМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија. „Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски. Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства. Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време. Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS). На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45