Свет10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното мореТурските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи. Тагови: Мраморното море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаШефот на британските воздухопловни сили: Ова може да биде последниот борбен авион со пилотСледниот британски борбен авион би можел да биде последниот во чија пилотска кабина ќе има пилот, изјави ер-маршалот сер Харв Смит, висок командант во Кралските воздухопловни сили (РАФ), во интервју за „Телеграф“. Смит смета дека борбените авиони без екипаж, потпомогнати од вештачка интелигенција, целосно ќе ја трансформираат воената авијација – промена што тој ја спореди со преминот од авиони со пропелери кон авиони со млазен погон. Се очекува новиот борбен авион да биде подготвен до 2035 година. Британија развива борбен авион од шестата генерација наречен „Темпест“ (Tempest), кој ќе вклучува „стелт“ технологија. Тој се развива како дел од меѓународна иницијатива позната како „Глобална програма за борбена авијација“ (GCAP). Во проектот, вреден повеќе милијарди фунти, се вклучени британската компанија „BAE Systems“, италијанската „Leonardo“ и јапонската фирма „Japan Aircraft Industrial Enhancement Company“. Планот е новото летало да влезе во оперативна употреба до 2035 година. „Леталото од програмата GCAP би можело да биде последното борбено летало со екипаж што некогаш ќе го изградиме – не затоа што луѓето ќе станат помалку важни, туку напротив“, изјави Смит за „Телеграф“. Смит објасни дека британското Кралско воено воздухопловство (RAF) во иднина ќе ги комбинира постојните борбени авиони со автономни системи – односно, со летала способни самостојно да извршуваат одредени задачи. „Доколку се користат правилно, вештачката интелигенција и машините ќе ги преземат најопасните задачи наместо луѓето; сепак, технологијата мора да го подобри човечкото расудување, а не да ја замени човечката одговорност“, рече Смит. Британското Кралско воено воздухопловство моментално управува со борбените авиони „Еурофајтер тајфун FGR4“ (Eurofighter Typhoon FGR4) и „Ф-35Б лајтнинг“ (F-35B Lightning). Вториот модел го користи и Кралската морнарица, бидејќи е способен да полетува и слетува на носачи на авиони. Смит најави дека првите беспилотни борбени летала ќе почнат да летаат низ британскиот воздушен простор уште следната година. Ова ќе го означи почетокот на нова фаза во развојот на воената авијација, во која луѓето сè повеќе ќе управуваат со леталата од далечина. „Беспилотните борбени летала ќе почнат да летаат во британскиот воздушен простор следната година. Ова е истовремено возбудливо и неопходно“, изјави првиот човек на британското Кралско воено воздухопловство. Велика Британија веќе го користи беспилотното летало „Протектор“ - долго приближно 11 метри - дизајнирано и за извидување и за вооружени операции. Се управува од RAF Waddington, база лоцирана во англискиот округ Линколншир. „Протектор“ може да остане во воздух приближно 40 часа и е способен да носи ракети „Бримстоун“ и прецизно водени бомби „Пејввеј“. За разлика од целосно автономните системи, ова летало е контролирано од оператори на земја. САД веќе тестираат борбени беспилотни летала заедно со борбени авиони. Минатиот месец, воздухопловните сили на САД спроведоа тест што демонстрираше како би можела да изгледа таквата соработка. Борбен авион „Ф-22 Раптор“, пилотиран од човек, полета од воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија. За време на тестот, пилотот на „Ф-22“ дал тактички инструкции на беспилотното летало „ЈФК-44А Фјури“ што летало во близина. Дронот потоа независно ги толкувал овие команди, ги избирал своите маневри и извршувал симулирани борбени задачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКим Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации. Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон. За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации. Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер.... Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста. За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе. Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката. Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење. Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката. Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.Тагови: џенифер лоренс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter