Живот10 години не знаел кој е, а сеќавањето му се вратило поради една песна (ФОТО)Во колумна што ја напишал за „Гардијан“, Томас Лидс опишал колку долго се борел со губењето на меморијата по сообраќајна несреќа и како хит од осумдесеттите му ја вратил креативноста и спомените од детството.- Кога ќе се разбудите без ниту едно сеќавање додека другите ви кажуваат кој сте и што ви се случило, сфаќате што сте изгубиле. Овде започнува моето патување, пред 20 години. На 19 години се разбудив во болница. Преживеав тешка сообраќајна несреќа и комплицирана операција за отстранување на згрутчување на крвта во мозокот. Имав сериозна повреда на грбот, но за среќа можев да одам и да зборувам. Но, многу работи не беа во ред. Бев жив, но веќе не бев тинејџерот што го удри црно такси. Тој исчезна. Ги изгубив сите мои спомени од детството. View this post on Instagram A post shared by Thomas Leeds 🏳️🌈 🔥JAYBEN🔥 (@thomasleedsbooks) Мојата глава беше полна со прашања. Сè беше ново за мене. Што е сладолед? Како да ја вклучам музиката? Кои се овие луѓе? Имав среќа затоа што моето семејство беше трпеливо и ме поддржуваше. Секој одговор што ќе го добив веднаш ќе биде проследен со следното прашање. Што ќе правам јас? Како можам да се вработам ако не се сеќавам на училиштето? Кој сум јас? Во мојата соба во една од фиоките најдов еден куп сценарија, цртежи и есеи. Моето име беше потпишано насекаде, но не можев да ја препознаам сопствената работа. Знаев дека имам бујна фантазија, но не можев да се сетам како ги создадов, напишав и цртав сите овие работи. Знаев дека сакам да читам приказни, но имав проблеми со читањето и пишувањето. За мене беше едноставно невозможно некогаш да сум бил креативно дете кое сакало да стане писател. Сакав да бидам јас. View this post on Instagram A post shared by Thomas Leeds 🏳️🌈 🔥JAYBEN🔥 (@thomasleedsbooks) Ми кажаа дека е можно моите сеќавања да не се избришани, но проблемот е што не можам да им пристапам. Можеби нешто од моето минато може да ги разбуди. Веднаш се надевав. Требаше само да го најдам клучот, да ја отклучам бравата и да тргнам во потрага. Ги посетив сите можни места каде што бев како дете. Ги посетив сите паркови и сите училишта. Сум бил и на места каде што одев на одмор со семејството, патував со јавен превоз до градот и училиштето. Пробавме сè, но како што минуваше времето, надежта дека ќе се сетам кој сум, полека умираше. Ноќта пред мојот 30-ти роденден, се помирив со фактот дека моите спомени ги нема. Планирав забава во стилот на осумдесеттите. Музика од осумдесеттите, мода од осумдесеттите... Правев плејлиста и беше доцна. Легнав во кревет, ги ставив слушалките и ги затворив очите. Слушав песни и ги додавав на листата. После 10 години интензивно слушање радио станици, ги знаев сите. Тогаш се случи најчудниот момент во мојот живот. Почна песната „The Whole of the Moon“ на бендот Waterboys и јас бев транспортиран. Се најдов на синиот под и гледав во сребрениот стерео систем. Тогаш наеднаш одев на најсончевиот ден и држев огромен човек за рака. Веднаш бев на друго место. Гледав во светилките на огромната елка. Една жена стоеше покрај елката. Беше млада, ми се смешкаше и немаше седа коса. Тоа беше мојата мајка. Бев момче и сѐ беше реално. Конечно бев таму, таму со неа. Во еден момент сѐ се смени. Како целото тело да ми беше во пламен и сите приказни ми експлодираа во главата. Денес, на 39 години, во фиоката има книга со моето име. Првата книга од серијата е за момче без меморија кое се буди во непознат свет. Тој мора да ги пронајде своите спомени за да ја отклучи моќта што ќе го спречи негативецот кој сака сите деца да ги изгубат спомените од детството. Томас Лидс е автор на книгата „ Jayben and the Golden Torch“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter