МакедонијаЛукаревска: Западнонилската треска и труењето во Гостивар се доказ за неспособноста на власта да менаџира кризаПратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм.Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм, додека реакцијата на институциите е задоцнета, и во преземањето мерки, но и во делот со прскањето. Власта потфрли во менаџирањето со западнонилската треска, но и во справувањето со труењето со вода во Гостивар. „Според статистиката од 2011 година до 2025 година ние имаме само 5 смртни случаи на западно-нилска треска. Тоа се вкупно 14 години. А сега, во многу краток временски период, имаме исто толку смртни случаи. Паралелно со сето тоа, гледаме додека нашите врвни епидемиолози даваат добронамерни совети кон граѓаните, секако и по барање на медиумите, за да се слушне, за да се разберат одредени непознаници, бидејќи ова не е нешто старо, ова е нова состојба, премиерот веднаш ги нападна дека шират одредени дезинформации“, рече Лукаревска. Лукаревска посочи дека наместо системска превенција, од власта се слушаат различни објаснувања – од базени и канализации, до застоена вода, а на крајот и вазните на гробиштата. „Од друга страна, слушаме изјави од владини претставници дека треба да се испразнат базените, канализациите и така натаму, застоена вода да нема, и на крајот да слушнеме дека вазните на гробиштата се исто така криви за тоа што имаме повеќе случаи за западнонилска треска“, рече Лукаревска, посочувајќи дека реакцијата е задоцнета, особено во делот на прскањето. Но, потфрлањето не е ограничено само на западнонилската треска. Сериозен пример е и случајот со труењето со вода во Гостивар, каде што наместо единствена и транспарентна информација, граѓаните добиваат различни извештаи од различни институции. „Многу потфрлија и во ова труење со вода во Гостивар. Значи, ние имаме 5.000 случаи, од друга страна гледаме префрлање на одговорноста кај надлежните институции, односно Министерството за здравство вели: „Јас ќе ви дадам извештај само она кое што е во мој домен“, а Агенцијата за храна и ветерина вели: „Ние ќе дадеме извештај кој што е во наш домен“, меѓутоа не можеме се и да испренесеме пред јавноста. Институтот за јавно здравје со трета приказна, четврта приказна, други институции, и така натаму. Граѓаните не се задоволни од кумулативни извештаи, или од половични извештаи, или од четвртини извештаи од секоја институција. Треба да седнат на прес-конференција, сите оние кои што се надлежни, и да ја кажат реалната состојба, макар и тоа да е најлошо, меѓутоа општеството, граѓаните, тоа мора да го знаат. Ние поднесовме кривична пријава и очекуваме дека ќе има разврска“, потенцираше Лукаревска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
СветСАД почнаа голема операција против Иран- не е воена, туку економска Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денеска објави нови сеопфатни санкции кои имаат за цел прекинување на економските врски на Иран со остатокот од светот.Тој ја нарече операцијата „економски Ден Д“. Пет клучни области на санкции „Новите секторски одлуки за санкции издадени денес се насочени кон пет од најважните области што Иран ги експлоатира во други земји: дигитални средства, технологија, злато, авијација и бродарство“, рече Бесент на прес-конференција. Мерките се дел од кампањата наречена „Операција Економски егзил“, која има за цел да ги прекине изворите на приходи за Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГК). Целта: Спречување на шверцот со нафта „Министерството за финансии ги идентификуваше сите локации, секој посредник и секоја мрежа што Иран ја користел за шверц на нафта и избегнување на санкциите“, рече Бесент. „Активностите на Министерството за финансии и другите агенции ќе го затегнат јажето почнувајќи од денес и ќе го блокираат секој потенцијален извор на приходи што ја финансира ИРГК“, додаде тој. Притисок врз меѓународните партнери Бесент рече дека тимови од Стејт департментот, Стејт департментот и американската војска се среќаваат со своите меѓународни колеги за да извршат притисок врз нив да ги запрат активностите што ги откри Вашингтон. Тој рече дека на земјите им е даден рок до кој мора да ги прекинат овие активности и предупреди дека Вашингтон ќе преземе еднострани мерки ако не го сторат тоа. „Секоја земја има специфичен рок за да ги запре активностите што ги идентификувавме. Доколку не дејствуваат, ние ќе го сториме тоа еднострано, преку механизмите на Министерството за финансии“, рече тој, без да ги именува земјите за кои станува збор или да разјасни кој е рокот. Заканата на Трамп со економска војна Претседателот Трамп минатата недела му се закани на Иран со невидена „економска војна“ и предупреди дека земјите што го поддржуваат Техеран, вклучително и оние што го прават тоа на нивните финансиски институции, компании, аеродроми и владини агенции, ќе се соочат со „огромни економски последици“. Мировните преговори се во застој Шест месеци откако избувна војната што САД и Израел ја започнаа против Иран, напорите за постигнување мировен договор се во застој. Иако меѓусебните напади се намалија во последните недели, клучните прашања остануваат нерешени, вклучувајќи го повторното отворање на Ормутскиот теснец и иднината на нуклеарната програма на Иран.Тагови: Иран операција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар на експресниот пат Штип- Кочани, сообраќајот во прекин (ВИДЕО) На социјалните мрежи се појави снимка од голем пожар покрај експресниот пат Штип- Кочани.Поради силината на пожарот, сообраќајот вечерва е во прекин. На учесниците во сообраќајот им се препорачува, доколку е можно, да користат алтернативни патни правци и да не се упатуваат кон зафатената делница додека трае интервенцијата на противпожарниоте служби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има!ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево.Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните. Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да биде изговор за нетранспарентност и игнорирање на јавниот интерес. Одлуките за вакви проекти мора да се носат транспарентно, одговорно и заедно со граѓаните, а никако зад затворени врати, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15