- Канал 5

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масивен руски напад врз градови низ Украина уби најмалку десет лица

Најмалку десет лица се убиени, а десетици се повредени откако Русија започна голем напад врз градови низ Украина во текот на ноќта.

Масивен руски напад врз градови низ Украина уби најмалку десет лица

Шест лица беа убиени во Дњепарк, а 36 беа повредени по нападите во раните утрински часови. Четири лица сe убиени во Киев, а најмалку 51 се повредени - од кои 35 се во болница, соопштија официјални лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две високи станбени згради се погодени во градот и дека постојат стравувања дека луѓе се заробени под урнатините.

Москва минатата недела предупреди дека ќе започне напади врз Украина како одговор на нападот со беспилотни летала минатиот месец врз студентски дом во украинскиот регион Луганск, кој е под руска контрола, во кој загинаа 21 лице.

Нападите доаѓаат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот ги повтори предупредувањата за можен голем руски напад и ги повика жителите да обрнат посебно внимание на предупредувањата за воздушен напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Автопатот Требениште -Струга -Ќафасан ќе се гради. По која траса ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО

Виципремиерот Алексадар Николоски во гостување во поткаст истакна дека изградбата на автопатот Требениште- Ќафасан не е довeденa во прашање. 

Николоски: Автопатот Требениште -Струга -Ќафасан ќе се гради. По која траса ќе утврдиме во соработка со УНЕСКО

Виципремиерот Алексадар Николоски во гостување во поткаст истакна дека изградбата на автопатот Требениште- Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди трасата на автопатот.

“УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, ќе видиме финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. Ако нашите аргументи не победат, ќе градиме по траса која што е малку подолу. Но, повторувам, не е прашањето дали, прашањето е по која траса ќе го гардиме автопатот Требениште-Ќафасан”, истакна вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот воедно истакна дека Македонија е единствена држава што отвара нови летови во најголемата авиокриза.

“Ние сме единствена држава која што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвараат 5 нови линии. Австрија Ерлајнс почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг летовите од Виена. Визер почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А од Скопје имаме две одлични летни дестинации кои што ќе продолжат и после летото, но така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена држава што отвара нови летови, дополнително на тоа целосно со керозин го снабдуваме приштинскиот аеродром и делумно нишкиот аеродром, што значи дека заради добрата организација во Скопје фунционираат и овие два аеродроми”, истакна вицепремиерот Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антонио Кошта попладнево на средба со Мицкоски

Македонија денеска е на агендата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. 

Антонио Кошта попладнево на средба со Мицкоски

Тој попладнево од Тирана ќе допатува во Скопје каде, според најавите, ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски.

По тет-а-тет средбата што ќе се одржи во Владата најавена е заедничка прес-конференција во 18:30 часот.

Се очекува Кошта да ја повтори пораката што ја испрати по повод Денот на Европа дека местото на Македонија е во Европската унија но дека земјата мора да ги испочитува и исполни преземените обврски.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, е на турнеја во земјите од Западен Балкан... Посетата ја почна вчера во Сараево од каде што порача дека проширувањето е геостратешки интерес на Европската унија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер