3Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
МакедонијаМалчески: ЕУ да си разјасни и себе си и нам, важат ли критериумите еднакво за земјите кандидатки „Треба да го видиме и самиот акционен план на ЕУ за проширувањето, но стратегијата донесе една голема политичка порака“Ние сме заложници на билатерално прашање кое што ниту е дел на Копенхашките критериуми ниту е дел од вредностите на ЕУ и еднаш за секогаш ЕУ треба да си разјасни и себе си и нам -важат ли критериумите исто за сите или ние имаме некои посебни критериуми. ЕП донесе стратегија за проширување на Унијата. Нормално треба да го видиме и самиот акционен план, но стратегијата донесе една голема политичка порака и на сајтот на ЕП од страна на пратениците е објавено дека процесот на пристапување мора да биде базиран на заслуги и да биде реверзибилен и одбиваат да прифатат кратенки за вредностите или за фундаменталните принципи на ЕУ. Овде никаде не се споменуваат билатералните прашања, што е прва и сериозна порака. Исто така и за да се справат со политичките блокади и да се поедностави процесот на пристапување тие предлагаат одлуките на Советот за отворање и затворање на поединечни групи и поглавја да се носат со квалификувано мнозинство, а едногласноста ја оставаат на крај како финална одлука, вели Самоил Малчески во Само Вистина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЧетворица убиени во американски напад врз брод со осомничени трговци на дрога на Карибите Четворица мажи се убиени синоќа во американски воен напад врз брод со осомничени трговци со дрога во Карипското Море, соопшти американската армија.Американската Јужна команда (SOUTHCOM) соопшти дека „четворица машки нарко-терористи“ загинале во „смртоносен кинетички напад“ врз брод за кој САД тврдат дека се движел по познати рути за шверц на дрога и бил вклучен во такви активности. Американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци повеќепати наредуваше напади врз бродови во Карибите и источниот дел на Тихиот Океан, наведувајќи дека целта е спречување на прекуграничниот шверц на дрога. Критичарите оценуваат дека ваквите смртоносни напади во меѓународни води го прекршуваат меѓународното право. Според официјални податоци, во слични операции досега се убиени повеќе од 130 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЦрвена ѕвезда по продолжение ја совлада Басконија во последниот натпревар од 33. коло на ЕвролигатаЕкипата на Црвена ѕвезда забележа важна победа синоќа на гостувањето кај Басконија во 33. коло на кошаркарската Евролига.Натпреварот заврши со резултат 108:100 по дополнителни пет минути, откако основните 40 завршије нерешено 91:91. Монеке со 22 поена беше најефикасен во победничкиот тим, кај домаќините се истакна Форест со 31 постигнат поен. „Црвено-белите“ сега имаат 19 победи и 14 порази и се наоѓаат на 9. место. Баскијците останаа на девет победи и се на претпоследното, 19. место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Рапсодија“ - концерт на Македонската филхармонија„Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечер, на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел.Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 од Ернест Шосон, Рапсодија за виолина и оркестар од Морис Равел и „Кармен суита“ од Бизе-Шчедрин. Диригентката Бар Авни (1989, Израел) е добитничка на Првата награда на натпреварот „Ла Маестра“ во Париз, во 2024 година, награда која ѝ беше доделена од страна на престижно жири предводено од влијателната Натали Штуцман. Маестра Авни ги освои и дополнителните награди, вклучувајќи ги и Наградата на оркестарот, „Арте“, „Ехо“... Ова подразбира дека во наредните две години, таа ќе биде стипендистка на Академијата „Ла Маестра“, а по натпреварот за неа веќе се пројави огромен интерес за нејзината диригентска работа, односно покани да диригира со бројни светски оркестри. Ја опишуваат како диригентка со вешта и креативна програмскаконцепција и јасен и елегантен стил на диригирање. Во моментов, маестра Авни е главен диригент на Филхармонијата Бајер, позиција на којашто е од 2021 година, како прва жена диригент во 120- годишната историја на оркестарот. Силно е посветена на промоцијата на нови, млади таленти и тесно соработува со тимот во Бајер за развивање возбудливи музички образовни проекти. Од нејзиното диригентско деби во 2016 година, маестра Авни соработувала со различни оркестри, вклучувајќи ја Израелската филхармонија, Камерната филхармонија во Бремен, Израелскиот камерен оркестар, Ансамблот „Резонанц“, „Камерата“ од Хамбург. Нејзината флексибилност и љубопитност при креирање програми, како и нејзината разноликост и способност да негува широк спектар на репертоар се импресивни. Една од главните поддржувачи и советници на маестра Авни е славната Барбара Ханиган, а на почетокот на 2024 година, таа дебитираше со оркестарот „ВДР Функхаус“ и Гетеборшката симфонија, како асистентка токму на маестра Ханиган. Инаку, маестра Бар Авни студирала перкусии и настапувала како перкусионистка во нејзината земја, но желбата за диригирање ќе ја однесе во Тел Авив, каде што студирала со Јоав Талми, а подоцна станала негова асистентка на Израелскиот камерен оркестар. Потоа ги продолжила студиите во Грац и во Хамбург, а во 2021 година станала најмладата добитничка на награда и стипендист на Меѓународниот институт „Курт Масур“. Опишана од The Strad како „значаен нов талент“, Ава Бахари е високо остварена шведска виолинистка со свеж и посебен пристап кон репертоарот. Добитничка е на бројни награди, меѓу кои први награди на меѓународните натпревари Premio Paganini во Џенова (2021), Concours International Tibor Varga во Сион (2021) и Aurora Music Competition во Стокхолм (2019). Во сезоните 2024/25 и 2025/26, Бахари е резидент-уметник на Гетеборшкиот симфониски оркестар. Таа ја отвори сезоната 24/25 заедно со главниот диригент Санту-Матиас Рували, изведувајќи го Концертот за виолина од Стравински, а во пролетта 2025 година повторно ќе настапи со Рували, изведувајќи го Концертот за виолина од Сибелиус. Во текот на сезоната 24/25, Бахари за првпат соработува со Хелсиншката филхармонија, BBC Шкотскиот симфониски оркестар, Исландскиот симфониски оркестар, BBC Националниот оркестар на Велс, Хелсингборшкиот симфониски оркестар, а го има и своето јапонско концертно деби со Токискиот симфониски оркестар под водство на музичкиот директор Џонатан Нот, со изведба на Концертот за виолина од Шенберг. Како посветен камерен музичар, Бахари настапувала на реномирани фестивали, а во рамки на нејзината двосезонска резиденција со Гетеборшкиот симфониски оркестар, таа соработува со членови на оркестарот за реализација на два камерни концерта. Во пролетта 2024 година, Бахари ја доби дипломата концерт-мастер (Konzertexamen) на Високата школа за музика „Ханс Ајслер“ во Берлин, надополнувајќи ги претходните дипломски и магистерски студии под менторство на професор Колја Блахер. Во 2021 година го завршила своето образование на Академијата „Стауфер“ во Кремона, Италија. Бахари свири на виолина „антонио страдивариус“, изработена во Кремона во 1694 година, која ѝ е позајмена од Фондот ASAF. Тагови: Македонска филхармонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook