Хасановиќ: Ние сме држава на „моите 5 минути“ - Канал 5

Хасановиќ: Ние сме држава на „моите 5 минути“

„Погледнете што прават нашите поранешни премиери или претседатели“

Хасановиќ: Ние сме држава на „моите 5 минути“

Да не се исклучуваат меѓу себе, да го почитуваш своето и да учествуваш во светската култура. И подобри глумци ќе продуцираш ако учествуваш во регионални или меѓународни фестивали. Но, ние сме држава на „моите 5 минути“, само погледнете што прават нашите поранешни премиери или претседатели. Ние немаме луѓе што доаѓаат со визија, со своја кариера и достигнување, доаѓаат да ја имплементираат и откако тоа ќе го сторат и се пензионираат, да продолжат таму каде што претходно застанале.

„Парите зборуваат“, а ние треба да направиме една таква економија базирана врз културни вредности, да ги монетизираме и тогаш ќе бидеме интересни на Брисел. Ние не успеваме да ги катализираме нашите богатства, имаме луѓе кои што не ја разбираат важноста да бидеме од европскиот пазар. Лесно е ако државата ја гледаш како своја, како држава за сите нас, тоа е она што може да се промени, а ЕУ ќе го забележи тоа. Но тоа не може да се створи со луѓе кои што не ги поминале потребните скалила. Едноставно овде се гледа низ призмата „моите 5 минути', е така не оди, вели Емир Хасановиќ во Само Вистини со Видиновски.

YouTube video

YouTube video

„GTI Edition 50“: Вака изгледа „Golf“ од 55.000 евра (ФОТО)

Со 325 КС, ова е најмоќниот „Golf GTI“ од серијата во историјата.

„GTI Edition 50“: Вака изгледа „Golf“ од 55.000 евра (ФОТО)

„Volkswagen“ ја слави 50-годишнината од „GTI“ следната година. За да ја одбележи оваа важна годишнина, германскиот производител подготви специјален модел, „Golf GTI Edition 50“.

Со моќност од 239 kW (325 КС) и вртежен момент од 420 Nm, тој е најмоќниот „GTI“ од серијата досега.

Компактниот спортски автомобил достигнува максимална брзина од 270 км/ч и може да се нарача сега во Германија, со цени што почнуваат од 54.540 евра.

„Golf GTI Edition 50“ нуди 18 kW (25 КС) повеќе од „Golf GTI Clubsport“, кој претходно беше најмоќниот „GTI“ од серијата.

Моделот за јубилеј е за 15 mm понизок од „класичниот“ „Golf“, а стандардната верзија веќе има „DCC“ адаптивна контрола на суспензијата со 19-инчни алуминиумски тркала „Queenstown“.

Купувачите можат да ја надградат стандардната опрема на јубилејниот модел со опционалниот пакет „GTI Performance“.

Ова вклучува гуми „Bridgestone Potenza Race“ од 235 mm, лесен издувен систем „R-Performance“ со титаниумски задни пригушувачи и нова шасија „Performance“ спуштена за дополнителни пет милиметри за уште поголема динамика на возење.

Пакетот го прави јубилејниот модел полесен за околу 30 кг. „GTI Performance“ верзијата на моделот „Edition 50“ може да се нарача за дополнителен надомест од 4.200 евра. Ова дава уште порадикална верзија.

Професионалниот тркачки возач Бенџамин Лојхтер го потврди потенцијалот на јубилејниот модел со опционалниот пакет „Edition 50 GTI Performance“ на патеката Нирбургринг Нордшлајфе, долга 20,832 км, во април 2025 година.

Тој заврши круг за 7 минути и 46,13 секунди, најбрзо време досега за сериски „Golf“ на легендарната патека.

Извор: Б92

Во Тетово пронајдено безживотно тело на девојка

Неофицијално, станува збор за девојка од Косово

Во Тетово пронајдено безживотно тело на девојка

Како што јавува порталот „Тетово инфо“, девојката е пронајдена почината вечерва во простор помеѓу згради во центарот на Тетово.

Според првичните информации, безживотното тело на девојката е пронајдено меѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во градот. Полицијата врши увид, а на местото е и јавен обвинител.

Неофицијално, станува збор за девојка од Косово, која во Тетово била дојдена како студентка.

Медиуми: Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

Калчолигашот Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, јавија денеска италијанските медиуми.

Медиуми: Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

„Фудбал Италија“ објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот обезбеди опстанок во Серија А.

Според информациите, Де Роси ќе дебитира на клупата на Џенова в недела против Фиорентина.

Џенова изминатиот викенд му врачи отказ на досегашниот тренер Патрик Виеира, откако тимот не забележа победа во првите девет кола од Серија А./МИА

притисни ентер