Мухамеди: Најголем проблем е ароганцијата на интелектуалците - Канал 5

Мухамеди: Најголем проблем е ароганцијата на интелектуалците

„Тука секој сака да си ја зачува својата комфорт зона“

Мухамеди: Најголем проблем е ароганцијата на интелектуалците

Не е проблем само незнаењето на актуелните политичари, најголем проблем е ароганцијата на интелектуалците. Тука секој сака да си ја зачува својата комфорт зона, можеме да звучиме многу убаво и одлични предлози да дадеме, но доколку треба да жртвуваме од себе си да преземеме некоја одговорност тогаш одлучуваме да ја зачуваме нашата комфорт зона. Многу е полесно ќе најдете човек што се нафати да биде директор или министер, или нема диплома или му е купена во Тетово, Струга или Свети Николе. И интелектуалците мора да излезат од својата комфорт зона и нешто да жртвуваат од сопственото, затоа што тие се тие што ќе треба на крај да ја победат таа високата класа на олигарсите.

Нам ни требаат, не само нови луѓе, туку и нови идеји и нови вредности. Само структура заснована врз база на почит на меѓусебните вредности, со покажување грижа за соседите сограѓаните, почит кон послабите, вели Умејер Мухамеди во Само Вистини со Видиновски.

YouTube video

YouTube video

„GTI Edition 50“: Вака изгледа „Golf“ од 55.000 евра (ФОТО)

Со 325 КС, ова е најмоќниот „Golf GTI“ од серијата во историјата.

„GTI Edition 50“: Вака изгледа „Golf“ од 55.000 евра (ФОТО)

„Volkswagen“ ја слави 50-годишнината од „GTI“ следната година. За да ја одбележи оваа важна годишнина, германскиот производител подготви специјален модел, „Golf GTI Edition 50“.

Со моќност од 239 kW (325 КС) и вртежен момент од 420 Nm, тој е најмоќниот „GTI“ од серијата досега.

Компактниот спортски автомобил достигнува максимална брзина од 270 км/ч и може да се нарача сега во Германија, со цени што почнуваат од 54.540 евра.

„Golf GTI Edition 50“ нуди 18 kW (25 КС) повеќе од „Golf GTI Clubsport“, кој претходно беше најмоќниот „GTI“ од серијата.

Моделот за јубилеј е за 15 mm понизок од „класичниот“ „Golf“, а стандардната верзија веќе има „DCC“ адаптивна контрола на суспензијата со 19-инчни алуминиумски тркала „Queenstown“.

Купувачите можат да ја надградат стандардната опрема на јубилејниот модел со опционалниот пакет „GTI Performance“.

Ова вклучува гуми „Bridgestone Potenza Race“ од 235 mm, лесен издувен систем „R-Performance“ со титаниумски задни пригушувачи и нова шасија „Performance“ спуштена за дополнителни пет милиметри за уште поголема динамика на возење.

Пакетот го прави јубилејниот модел полесен за околу 30 кг. „GTI Performance“ верзијата на моделот „Edition 50“ може да се нарача за дополнителен надомест од 4.200 евра. Ова дава уште порадикална верзија.

Професионалниот тркачки возач Бенџамин Лојхтер го потврди потенцијалот на јубилејниот модел со опционалниот пакет „Edition 50 GTI Performance“ на патеката Нирбургринг Нордшлајфе, долга 20,832 км, во април 2025 година.

Тој заврши круг за 7 минути и 46,13 секунди, најбрзо време досега за сериски „Golf“ на легендарната патека.

Извор: Б92

Во Тетово пронајдено безживотно тело на девојка

Неофицијално, станува збор за девојка од Косово

Во Тетово пронајдено безживотно тело на девојка

Како што јавува порталот „Тетово инфо“, девојката е пронајдена почината вечерва во простор помеѓу згради во центарот на Тетово.

Според првичните информации, безживотното тело на девојката е пронајдено меѓу зградите спроти Центарот за социјални работи во градот. Полицијата врши увид, а на местото е и јавен обвинител.

Неофицијално, станува збор за девојка од Косово, која во Тетово била дојдена како студентка.

Медиуми: Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

Калчолигашот Џенова ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, јавија денеска италијанските медиуми.

Медиуми: Де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

„Фудбал Италија“ објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот обезбеди опстанок во Серија А.

Според информациите, Де Роси ќе дебитира на клупата на Џенова в недела против Фиорентина.

Џенова изминатиот викенд му врачи отказ на досегашниот тренер Патрик Виеира, откако тимот не забележа победа во првите девет кола од Серија А./МИА

притисни ентер