- Канал 5

Фото: Римац открива колку гориво троши „Bugatti Chiron“

Мате Римац сподели детали за досегот на „Bugatti Chiron“.

Фото: Римац открива колку гориво троши „Bugatti Chiron“

Римац патуваше во Минхен со својот „Chiron“ за саемот „IAA“, а на социјалните мрежи објави фотографија на која се прикажани податоците од патниот компјутер.

Фотографијата покажува дека „Chiron“ троши 16,3 литри на 100 километри, со просечна брзина од 103 км/ч - ова би значело дека, со полн резервоар, автомобилот може да помине околу 500 километри.

Да ве потсетиме дека во срцето на „Bugatti Chiron“ се наоѓа 8,0-литарски „W16“ мотор со четири турбополначи, а импресивениот автоматски менувач од 1.500 КС го пренесува овој огромен потенцијал на сите 4 тркала.

Според фабричките податоци, „Bugatti Chiron“ може да достигне 100 км/ч во оптимални услови за 2,3 секунди, со максимална брзина од 420 км/ч, па затоа само неколку модели со конвенционален погон можат да му парираат.

Извор: Б92

Принцот Хари морал да му вети едно нешто на кралот Чарлс

Принцот Хари му ветил на својот татко дека ќе молчи за нивните приватни разговори пред да се сретнат вчера за прв пат по повеќе од 18 месеци.

Принцот Хари морал да му вети едно нешто на кралот Чарлс

Војводата од Сасекс поминал 54 минути пиејќи чај со кралот Чарлс во Кларенс Хаус во Лондон, како дел од обидот за „поправка на односот татко-син“.

Кога се сретнале во февруари 2024 година, откако на монархот му бил дијагностициран рак, Хари имал само околу 15 минути да разговара со својот татко.

Кралски извор вели дека Хари е решен да го „ресетира“ својот однос со своето семејство, како и со британскиот народ.

„Ова е важен прв чекор кон обнова на односот татко-син“, изјавил инсајдер за Дејли Меил.

„Тој му рекол на својот татко дека нема да дава интервјуа за тоа и на неговиот тим му е наложено да не открива на печатот што е кажано. Има долг пат пред себе пред да може да ја врати довербата на своето семејство, но тој дал некои уверувања.“

По вчерашниот состанок, Хари се појави расположен на настанот „ Invictus Games“, каде што рече дека неговиот татко бил „брилијантен“ кога го прашаа за состанокот.

Сепак, откако го нападна семејството во своите мемоари и во разни телевизиски интервјуа, се смета дека Хари му ветил на кралот Чарлс дека нема да споделува повеќе детали со јавноста.

Принцот Вилијам не присуствуваше на состанокот во Кларенс Хаус, но се верува дека бил информиран дека состанокот се одржува.

Извор: Б92

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција. Таа е 17-член на новиот владин кабинет „Рама4“.

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела.

Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави дека Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги води и доделува сите јавни тендери, за што Владата ангажира приватни компании.

- Диела е првиот член на кабинетот, кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со вештачка интелигенција. Таа ќе ја претвори Албанија во земја каде што јавните тендери ќе бидат 100 проценти ослободени од корупција. Новата министерка задолжена за јавни тендери нема да биде поткуплива, нема да може да ѝ се заканува некој ниту некој да ѝ се додворува. И тоа е затоа што Диела, е бот генериран со вештачка интелигенција, наведе Рама, претставувајќи го својот нов кабинет.

Јавните тендери долго време се извор на корупција во земјата. Таквата слика го отежна пристапот на Албанија кон ЕУ, што Рама сака да го постигне до 2030 година.

Политичките аналитичари го сметаат ова за амбициозно. Владата не наведе дали Диела ќе биде следена од луѓе или како ќе се отстрани ризикот од можна манипулација.

Диела беше претставена претходно оваа година како виртуелен асистент со вештачка интелигенција на платформата е-Албанија за добивање владини документи.

Многумина не веруваат во неа. „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, коментираше еден корисник на Фејсбук. „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде обвинета“, додаде друг.

Конститутивната седница на новиот законодавен дом избран на 11 мај, е закажана за утре. Следниот ден Рама го доставува Предлог-составот на новата влада до шефот на државата, кој пак во рок од седум дена треба да потпише уредба за нејзино одобрување. Потоа во рок од 10 дена ќе бидат ставени на гласање во Собранието, што ќе биде само формално, бидејќи социјалисти имаат 83 од вкупно 140 пратеници.

притисни ентер