Тренчевска: Имаме одлични кандидати за Градоначалници, луѓе кои го сменија ликот на градовите - Канал 5

Тренчевска: Имаме одлични кандидати за Градоначалници, луѓе кои го сменија ликот на градовите

„Вести Плус” со Јованка Тренчевска

Тренчевска: Имаме одлични кандидати за Градоначалници, луѓе кои го сменија ликот на градовите

Тренчевска:

- Зошто да бараме од Јавен Обвинител кога Јавен Обвинител не дал наредба за прислушкување? Јавен Обвинител може да даде наредба за декласификација само ако дал наредба за ПИ мерки.

- Ние денеска ја одложивме седницата затоа што беше закажана надвор од сите процедури. Дали тоа е игра на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, виситната ќе се доазнае. Надвор од Деловникот е закажана седницата, игра е да не се одржи Комисијата и да не се зборува за овој проблем и да не се предложи декласифицирање на информациите.

- Како опозиција се покажа дека не ги кочиме процесите тку напротив, иницираме постапки како да помогнеме да ги придвижиме процесите, да не заостануваме за разлика од земјите во регионот и во таа насока беше изјавата на претседателот Филипче за подготовка на работната верзија за црвените линии.

- До крај на недела ќе ја доставиме работната верзија на декларацијата за „црвените линии“ до сите политички актери во Собранието.

- Ако донесеме декларација испраќаме порака и даваме сигнал до ЕУ дека сме ги надминале политичките поделби а политичките лидери ја немаат кратковидоста за ЕУ интеграциите.

- Ако се вратиме 4 години наназад ќе видиме дека Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги запустија градовите, освен бекатон ништо стратешко не направија. Имаме одлични кандидати за Градоначалници, и луѓе кои во своето досегашно работење го сменија ликот во градовите, а луѓето кои што живеат таму се чувствуваат убаво.

- Имаме реални шанси да добиеме одреден број општини каде што СДСМ ќе покаже дека умее да работи, дека се грижи за ѓраѓаните и дека ги научивме лекциите од минатото.

Новата верзија на „Оркански висови“ со Марго Роби и Џејкоб Елорди предизвика потсмев: 50 нијанси Бронте (ВИДЕО)

Трејлерот за новата адаптација на класикот „Оркански висови“ веднаш предизвика бура од реакции на социјалните мрежи - главно поради, како што многумина велат, претерано сексуализираната атмосфера.

Новата верзија на „Оркански висови“ со Марго Роби и Џејкоб Елорди предизвика потсмев: 50 нијанси Бронте (ВИДЕО)

Филмот е режиран од Емералд Фенел, авторката на познатата драма „Ветувачка млада жена“, а главните улоги им се доверени на Марго Роби и Џејкоб Елорди. Покрај тоа, музиката за филмот ја потпишува поп-ѕвездата Чарли Екс-Си-Екс, што дополнително поттикна жестоки коментари, објави Хафингтон Пост.

Адаптацијата е базирана на познатиот роман на Емили Бронте од 1847 година и ја следи страсната, но деструктивна врска помеѓу Хитклиф и Кетрин Ерншо.

Сепак, многу обожаватели сметаат дека трејлерот не го одразува духот на оригиналот - особено кога станува збор за изборот на актери. Роби, велат тие, изгледа премногу зрела за улогата на младата Кетрин, додека Елорди е критикувана затоа што ликот на Хитклиф во книгата има „темен тен“ и нејасно потекло, кое во некои претходни адаптации се толкува како африканско или ромско наследство.

Обожавателите исто така стравуваат дека клучните теми на романот - како што се насилството, социјалните поделби и прашањата за идентитетот - ќе бидат засенети од заводливите кадри на главните актери. Филмот треба да има премиера на Денот на вљубените.

YouTube video

Фенел веќе беше цел на критики минатата година за нејзиниот филм „Солтберн“, кој многумина го сметаа за премногу сличен на „Талентираниот г-дин Рипли“, па затоа не е изненадување што корисниците на социјалните мрежи овој пат беа подготвени со остри забелешки.

„Го ценам фактот што насловот „Оркански висовии“ е ставен во наводници - како да се каже дека всушност е само „технички Оркански висови““, се пошегува еден корисник на Reddit.

„Бронте, но во стил на детиште“, додаде друг.

На YouTube можеше да се прочита: „50 нијанси на Бронте“ или „Мојот омилен дел е кога Хитклиф вели: „Време е за оркански висови“, а потоа орка по Катерина“.

Еден корисник заклучи: „Жалам што интернетот постои, само за да ги видам студентските есеи напишани од луѓе кои само го гледале овој филм“.

Пред изборите во Германија починаа 16 кандидати, најмногу од АфД- се шират теории на заговор

Надзорниот орган на изборите во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија потврди дека 16 кандидати починале пред локалните избори оваа година.

Пред изборите во Германија починаа 16 кандидати, најмногу од АфД- се шират теории на заговор

Изборите ќе се одржат на 14 септември, а гласачите ќе одлучат за составот на општинските, градските и окружните совети, како и ќе изберат градоначалници и гувернери на окрузите, објави Euronews.

Иако бројот на починати кандидати изгледа необичен, изборните службеници велат дека нема причина за загриженост и не го сметаат за особено висок.

Низа смртни случаи меѓу кандидатите на AfD

Фактот дека некои од починатите кандидати биле поврзани со крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) привлече особено внимание. На почетокот на септември беше објавено дека четири кандидати на АфД починале, а само неколку дена подоцна бројот се искачи на седум. Копретседателката на AfD, Алис Вајдел, објави на социјалната мрежа X only: „Четири кандидати на AfD починаа“.

Првите четири смртни случаи вклучуваат кандидати од градовите Бад Липспринге, Бломберг, Рајнберг и Шверте. Федералната покраинска полиција, која ги истражуваше случаите, рече дека нема докази за вмешаност на трета страна. Само во еден случај беше отворена официјална истрага, но без траги од кривично дело. Во други случаи, смртта е прогласена за несомнителна.

Од кандидатите чии смртни случаи беа објавени на 2 септември, едниот починал од откажување на бубрезите, а другиот извршил самоубиство. Гранката на AfD во Ремшајд потврди на 3 септември дека нивниот кандидат од Кременхал, на 80-годишна возраст, починал од природна смрт по долго боледување.

Полицијата вели дека нема знаци на криминална активност

Кеј Готшалк, потпретседател на AfD во Северна Рајна-Вестфалија, за Politico изјави дека нема причина да се верува дека смртните случаи се нешто друго освен случајност. Тој најави дека случаите сепак ќе бидат дополнително разгледани, „без веднаш да се влезе на територијата на теориите на заговор“.

И покрај официјалните објаснувања, социјалните медиуми се преполни со шпекулации и теории на заговор за зголемениот број на кандидати што умираат, особено оние поврзани со AfD.

Северна Рајна-Вестфалија е трета по големина покраина во Германија, со население од повеќе од 18 милиони. Повеќе од 20.000 луѓе се кандидираат на претстојните локални избори во државата.

Општина Карпош ја пушта во употреба новата општинска зграда

Општина Карпош информира дека по завршените приклучоци од страна на ЕВН КЕЦ Ѓорче Петров, новата општинска зграда е ставена под електрична мрежа и целосно осветлена. 

Општина Карпош ја пушта во употреба новата општинска зграда

Во тек е и финалното поврзување на телекомуникациските и интернет врски, со што објектот ќе стане целосно функционален за користење.

Свеченото отворање на новата општинска зграда ќе се одржи на 10 септември (среда), со почеток во 19:00 часот, пред новата општинска зграда.

Оваа модерна и енергетски ефикасна зграда претставува едно од најзначајните вложувања во историјата на Општина Карпош. Со современ интериер, кабинети и комплетно функционален приземен дел, новата зграда е изградена во согласност со потребите на локалната самоуправа и граѓаните.

Со овој капитален проект, Општина Карпош ја потврдува својата определба за создавање современи, функционални и енергетски ефикасни јавни објекти, во кои граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и услуги во услови достојни за еден европски град. На свеченото отворање се поканети сите граѓани, медиумите и соработниците на Општината.

Општина Карпош

притисни ентер