„Звукот на идната генерација“ - концерт со студентите од ФМУ - Канал 5

„Звукот на идната генерација“ - концерт со студентите од ФМУ

 Во четврток во 20 часот во Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Звукот на идната генерација" на кој ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. 

„Звукот на идната генерација“ - концерт со студентите од ФМУ

Диригент е Борјан Цанев, а на програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска.

Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година", диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство.

Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс" за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис.

Во наредните години маестро Цанев остварува многубројни концерти со Македонската филхармонија, како и со нејзиниот Камерен оркестар во Македонија и во странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, Нови Сад, Загреб, Њујорк, турнеи во Полска и Казахстан). Од 2002 година до денес е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година, му носи постојани ангажмани со овој виден оркестар, а во 2006 година е назначен и за негов постојан гостин-диригент.

Во 2005 година Цанев дебитира во Македонската опера и балет, каде што следната година ја поставува премиерата на „Волшебната флејта" од Моцарт. Покрај гореспоменатите, Цанев диригирал и со Црногорскиот симфониски оркестар, Филхармонијата на Арад, Симфонискиот оркестар „Вагнер" од Токио, Симфонискиот оркестар на Војводина, „Синфониета" - Софија, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со ансамблот за современа музика „Алеа" и др. Настапувал со светски реномирани солисти, меѓу кои: Иво Погорелиќ, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Сергеј Накарјаков, Иља Гринголц, Даниел Милер-Шот, Сајака Шоџи, Симон Трпчески, Штефан Дор, Џозеф Алези, Дејвид Герет, Стефан Миленковиќ, Алексеј Огринчук, Акико Суванаи, Роман Симовиќ, Зи Зи, Стјепан Хаузер, Евгени Божанов, Криштоф Барати, Моника Лесковар, Тине Тинг Хелсет, Антал Залаи, Емануел Сејсон, Питер Лукаш-Граф, Бранимир Слокар, Ана Дурловски, Благој Нацоски и многу други. Диригирал на сите реномирани фестивали во Македонија, како и на многу фестивали во странство вклучувајќи ги: Жорж Енеску, Котор арт, Загрепски летни вечери, Варненско лето, НОМУС, Светот на музиката - Загреб и др. Борјан Цанев како диригент се појавува во САД, Англија, Јапонија, Италија, Франција, Чешка, Полска, Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Турција, Романија, Босна и Херцеговина, Казахстан, а има направено снимки за Македонската радио-телевизија, за Бугарското национално радио, како и за „F.A.M.E'S" Македонија. Во 2010 година, Сојузот на композиторите на Македонија му ја додели наградата „Георги Божиков" за најдобра изведба на дело од македонски композитор. Во 2015 година ја предводи Македонската филхармонија на првото гостување на оркестарот во САД, вклучувајќи два концерта во Њујорк, во „Карнеги хол" и во Музичкиот центар „Кауфман".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Македонија се вклучи во заедничкиот европски систем за одговор при елементарни непогоди, ставајќи на располагање два противпожарни авиона за поддршка на земјите погодени од летните пожари.

Македонија стави два авиона за гаснење пожари на располагање на ЕУ

Преку механизмот за Цивилна заштита на Европската унија, кандидатите и земјите партнери од Западен Балкан ги здружуваат силите со членките на Унијата за побрза координација и реакција на терен.

Покрај воздушната поддршка од Западен Балкан, на терен се распоредени 777 пожарникари од 14 европски земји, меѓу кои се и противпожарните тимови од Молдавија.

Овие ресурси се претходно позиционирани во високоризичните зони во јужна и централна европа за да овозможат брзо локализирање на огнот во почетната фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. 

Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни

СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта.

Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет.

За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење.

Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер