Здравје Зошто зглобовите почесто нè болат во зима? Четири начини да ги ублажите тегобитеСтручните лица откриваат зошто студените денови носат поголема болка и кои навики помагаат полесно да ја поднесете зимата.Студените денови кај многумина предизвикуваат засилено чувство на болка и вкочанетост во зглобовите. Студот може да предизвика затегнување на мускулите и сврзивното ткиво, дополнително засилувајќи ја непријатноста и намалувајќи ја подвижноста. За време на зимата, физички сме помалку активни, тоа ја прави побавна циркулацијата и го отежнува нормалното функционирање на зглобовите. Иако точните механизми сè уште не се целосно разјаснети, искуствата на луѓето и советите од стручните лица покажуваат дека неколку промени во секојдневната рутина може значајно да ги намалат болките и да ја подобрат подвижноста во зимските месеци. Движењето е клучно за здрави зглобови Редовната физичка активност е пресудна во заштитата на здравјето на зглобовите. Дури и лесни прошетки, пилатес, јога или пливање помагаат да се одржи флексибилноста и да се намали вкочанетоста. Топлината како сојузник против вкочанетоста Заштитата од студот е еден од основните чекори во превенција на болките. Се препорачува носење слоевита облека, топли чорапи и ракавици, додека дома дополнително олеснување може да понудат термофорите, топлите бањи кои ги опуштаат мускулите и ја поттикнуваат циркулацијата. Здравата телесна тежина – помал притисок на зглобовите Вишокот килограми претставува дополнително оптоварување за колената, колковите и ‘рбетот. Дури и мало губење на тежината може да доведе до забележително намалување на болките и подобрување на секојдневното функционирање. Исхраната и хидрирањето се важни Правилната исхрана и доволното внесување течности имаат важна улога во здравјето на зглобовите. Се препорачува да консумирате намирници богати со омега-3 масни киселини, куркума и ѓумбир, како и многу свежо овошје и зеленчук. Топлите напитоци и супи не само што го загреваат организмот, туку и дополнително го хидрираат. Кога да побарате стручна помош? Доколку болката стане интензивна, проследена со оток или имате ограничено движење на зглобовите, важно е да побарате помош од лекар или физикален терапевт. Навремената реакција може да го спречи развојот на хроничните проблеми и да го зачува квалитетот на животот. Активна зима без болки Усвојувањето едноставни навики може значајно да ги ублажи зимските тегоби и да ја зачува подвижноста. Правилната комбинација на движење, топлина, исхрана и одмор може и најстудените денови да ги направи пријатни, без тегоби и болки во зглобовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter