3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
Свет„Златната купола“ на САД е поскапа за 10 милијарди долари, Пентагон го забрзува развојот на одбанбениот штитЦената за американскиот ракетен одбранбен штит „Златна купола“ е зголемена за 10 милијарди долари на 185 милијарди долари за да се забрза развојот на клучните вселенски капацитети.Цената за американскиот ракетен одбранбен штит „Златна купола“ е зголемена за 10 милијарди долари на 185 милијарди долари за да се забрза развојот на клучните вселенски капацитети, а „Локхид Мартин“, „РТКС“ и „Нортроп Груман“ се приклучуваат на проектот како главни изведувачи, изјави директорот на програмата во вторник. Веста за зголемувањето на цената и новите партнери беше објавена на Конференцијата за одбранбени програми „МекАлис“ во Арлингтон, Вирџинија, објави „Ројтерс“. Што е „Златна купола“? Проектот „Златна купола“ вклучува проширување на постојните копнени одбранбени системи, како што се пресретнувачки ракети, сензори и системи за команда и контрола, со додавање на вселенски елементи. Овие елементи се дизајнирани да детектираат, следат и потенцијално да неутрализираат дојдовни закани од орбитата, што би вклучувало напредни сателитски мрежи и орбитално оружје за кое сè уште се дискутира. Забрзување на вселенските капацитети „Од нас е побарано да го забрзаме развојот на некои вселенски капацитети“, рече раководителот на проектот „Златна купола“, генералот на вселенските сили Мајкл Гетлајн. Тој наведе три програми кои ќе имаат корист од дополнителното финансирање: Иницијативата за напредно следење на ракети, Мрежата за вселенски податоци и Системот за сензори за следење на хиперсонични и балистички ракети базиран на вселената, познат како HBTSS. HBTSS е систем за сензори базиран на вселената дизајниран да открива и следи закани од хиперсонични и балистички ракети. Неговото вклучување во пакетот за брзо финансирање покажува колку е итно Пентагон да воспостави постојан капацитет за надзор додека противниците ги прошируваат своите хиперсонични арсенали. Нови изведувачи и „клучниот елемент“ на системот 185-те милијарди долари го покриваат она што Гетлен го нарече „архитектура на целта“, систем со целосни способности што ќе биде испорачан во текот на следната деценија. Генералот ги отфрли надворешните проценки дека потенцијалната цена на програмата би можела да надмине трилион долари, тврдејќи дека тие бројки се базираат на примена на скапи, автономни борбени системи во мисија за одбрана на татковината што бара фундаментално различен и поевтин пристап. „Тие не го ценат она што го градам“, рече Гетлен. Тој го нарече системот за команда и контрола „клучен елемент“ на Златната купола. Тој опиша конзорциум од девет компании кој започна како независно формирана група од шест компании, пред Локхид Мартин, РТК и Нортроп Груман да се приклучат како главни партнери. Конзорциумот поднесува извештаи до Гветлајн секој четврток навечер и може да гласа за исклучување на членовите кои не ги исполнуваат очекувањата. Најголемите предизвици Генералот ги идентификуваше вселенските пресретнувачи како елемент од програмата со најголем ризик, наведувајќи ја скалабилноста и прифатливоста како централен предизвик. Тој рече дека оружјето со насочена енергија и вештачката интелигенција од следната генерација претставуваат најперспективни технологии за намалување на трошоците по уништена цел и зголемување на бројот на достапни пресретнувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ѕвезда од „Чувари на плажата“ (Baywatch) на 56-годишна возраст, заработува на „Onlyfans“Таа глумеше во хит-серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), а еве како денеска изгледа познатата актерка Ерика Еленијак која во август оваа година се приклучи на платформа наменета за возрасни.Американската серија „Чувари на плажата“ се прикажуваше 10 години – од 1989 до 1999 година. Таа се емитуваше во 148 земји и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледана телевизиска програма. Сите се сеќаваат на воведната шпица, но и на убавите актерки во црвени костими за капење. Меѓу нив е и актерката Ерика Еленијак, која денес има 56 години и не заработува од глума. Русокосата Ерика имала само 20 години кога започнало снимањето. Во тоа време, актерката била многу популарна, а во 1989 година дури била прогласена за „жена на месецот“ во списанието „Плејбој“. Зад себе има два брака, кои завршиле со развод. Таа се мажела двапати – во 1998 и 2005 година, а во 2006 година добила ќерка. Од пред неколку месеци, таа е активна на платформата „Онлифанс“ (OnlyFans), а „TMZ“ пишува дека за три месеци заработила 300.000 долари. Извори блиски до поранешната актерка откриваат дека „бизнисот цвета“ и дека таа заработува по 10.000 долари неделно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим издаде наредба: „Команданти, кажете им на војниците да се подготват...“Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика командантите на чети да ја интензивираат обуката и да ја подобрат борбената готовност, дефинирајќи го ова како нивна „примарна револуционерна задача“, објавија денеска државните медиуми.„Примарната револуционерна задача на командантите на чети е да ги завршат борбените подготовки на своите единици, така што тие ќе бидат целосно подготвени за водење војна. Начинот да се постигне ова е преку радикално подобрување на ригорозната и интензивна обука“, пренесе севернокорејската државна новинска агенција „KCNA“, цитирајќи го него. Понатаму се наведува дека тој ги дал овие изјави во вторникот, за време на фотографирање со учесниците на Третиот состанок на командантите на чети на Корејската народна армија. Според извештаите, Ким Џонг Ун нагласил дека тие мора да ја докажат својата лојалност и лидерски способности преку успешно трансформирање на своите единици во „сили во кои еден војник вреди колку стотина други – сили што се одликуваат со цврста револуционерна вера, патриотски дух, неспоредлива херојска храброст и борбена ефикасност“. Тој додал дека иднината на изградбата на моќна армија изгледа „исклучително ветувачка, благодарение на нив“. Ким претседаваше со состанокот, одржан на 22 и 23 октомври во Пјонгјанг, при што им наложи на командантите „да изградат најмоќна армија и да ја забрзаат воената револуција во корејски стил преку обука на најсилните чети“. Тој, исто така, им даде насоки „доследно да ја чуваат и развиваат суштината на армијата како армија на Партијата – армија дефинирана преку својата идеологија и основни вредности“.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамГермански министер со критики кон „Audi“: „Се обложуваат на мртов коњ“„Audi“ планира да изгради фабрика во САД, но реакцијата во Германија е сè освен позитивна.Германскиот министер за животна средина, Карстен Шнајдер, остро го критикуваше „Audi“ поради плановите во САД, како и поради појавувањето на извршниот директор на компанијата покрај Доналд Трамп. „Додека светот се движи кон технички супериорна електромобилност, „Audi“ се обложува на фосилни горива. Со други зборови, се обложуваат на мртов коњ“, изјави Шнајдер за весникот „Kölner Stadt-Anzeiger“, пренесува агенцијата „DPA“. „Освен крајно непријатните околности што ја придружуваа оваа најава, мора да се постави прашањето за оправданоста на ваквата одлука“, додаде тој. За време на викендот, извршниот директор на „Audi“, Гернот Долнер, се појави на бина заедно со Трамп на еден предизборен настан, каде што ја најави изградбата на фабрика на „Audi“ во Џорџија. „Audi“ има намера во САД да произведува „SUV“ модели, вклучувајќи го и новиот, екстра голем модел „Q9“, дизајниран специјално за американскиот пазар. Оттогаш, Долнер се соочува со остри критики во татковината, а некои дури и бараат негова оставка. Внатрешните правила на „Audi“ забрануваат учество во изборни кампањи. Во САД, на 3 ноември, треба да се одржат избори за Конгресот. Повеќето германски граѓани критички гледаат на појавувањето на Долнер покрај Трамп. Во анкетата спроведена од институтот „YouGov“, 39 отсто од испитаниците го оценија најавувањето на фабриката од страна на Долнер на еден предизборен настан како „крајно несоодветно“. Уште 18 отсто го окарактеризираа потегот како „главно несоодветен“. За разлика од нив, седум отсто од испитаниците сметаат дека потегот на Долнер бил „целосно соодветен“, додека 11 отсто го опишаа како „главно соодветен“. „Audi“ се наоѓа под огромен притисок поради долгорочниот пад на продажбата и приходите. Компанијата веќе укина одредени работни места, а сега е принудена да планира дополнителни намалувања. За разлика од своите домашни ривали „BMW“ и „Mercedes“, „Audi“ нема сопствени производни капацитети во САД, поради што е уште повеќе погоден од царините што ги воведува Трамп.Тагови: Audi Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook