„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер - Канал 5

„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

Холандскиот и светски познат кинематографер Роби Милер (1940) е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржува од 10-ти до 17 септември во Битола.

„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

Одлуката за наградата денеска на прес-конференција ја соопшти новиот директор на фестивалот Благоја Куновски-Доре, кој рече дека со неа „Браќа Манаки“ на најдобар можен начин ќе го прослави и круниса извонредниот креативен и уметнички опус на еден од најголемите директори на фотографија кој, како што рече, е еден од десетте великани-кинематографери на сите времиња.

За филмот „Спроти брановите“ во режија на Ларс фон Трир пред две децении во Битола Роби Милер ја доби Бронзената камера 300, а во 2002 година, на 23. ИФФК, ја доби Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Тогаш беше и претседател на жирито за доделување на наградите на филмовите кои беа во натпреварувачката програма.

Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, не е во состојба да патува и затоа нема да дојде во Битола. За отворањето на фестивалот во Битола е поканета неговата сопруга Андреа, а статуетката на Роби Милер на 3 јуни ќе му ја врачи директорот на ИФФК Куновски во Амстердам.

Таму, во Eye Film Institute, идниот петок ќе биде отворена тримесечна ретроспективна изложба „Мајстор на светлината“ на која ќе биде претставен опусот на Милер, соработки со филмски автори низ фотографии, видеа и инсталации.

Роби Милер има снимено над 80 филма и 15-ина ТВ-филмови. Најмногу сорабтувал со режисерот Вим Вендерс, чиј прв долгометражен филм „Summer In The City“ го снимил 1969 година. Во нивната долга и плодна соработка се и насловите „The Goalkeeper Fear Of The Penalty“, „Alice In The Cities“, „Paris, Texas“ - награден со Златна палма во Кан во 1983 година.

- Понатаму се е филмска легенда. Го нарекуваат и мајстор на светлината и инспирација на режисерите Вендерс, Џармуш, Фридкин. Ги снимил дел од најзначајните филмови од опусот на Ларс фон Трир. Во неговиот опус има ремек-дела во црно-бела техника, рече Куновски кој поканата за наградата му ја соопштил на Милер во писмо на крајот на минатата година.

На својата прва прес-конференција како директор на ИФФК, Куновски рече дека е сведок на создавањето на фестивалот, од 1995 година е негов селектор и, како што рече, сите директори на ИФФК му биле драги соработници.

- Гордоста наша е дека првиот фестивал во светот посветен на кинематограферите веќе има и Клуб на великаните со 20 лауреати на „Златната камера 300“ за животно дело, додаде Куновски.

Уметничкиот директор на ИФФК Евгенија Теодосиевска рече дека фестивалот ја подготвува програмата за 37-мото издание во септември.

- Малку доцниме со почетоците, но нашата вредна екипа, избрана од директорот Куновски, нема да потфрли воопшто. Сите планирани програмски содржини квалитетно ќе ги исполниме, како и секогаш во сите фестивалски изданија, додаде Теодосиевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

Меѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT).

Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги.

Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата.

Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет.

По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на американски претставници.

Американските претставници изјавија за весникот дека Трамп им кажал на своите помошници дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи по ноемвриските избори за Конгресот на САД, додека американскиот претседател, велат тие, изразил сомнежи на затворени состаноци дека Иран ќе ги исполни неговите барања.

Иран предложи седумдневен прекин на огнот минатата недела за време на состанокот во Катар, што би можело да го отвори патот за запирање на иранските напади врз бродовите во замена за укинување на блокадата од САД, објави WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Сепак, американски претставници запознаени со ситуацијата изјавија дека Вашингтон им кажал на Иран и на медијаторите дека Трамп нема намера да ја укине поморската блокада на Иран, бидејќи САД веруваат дека економскиот притисок ќе го принуди Техеран да го потпише договорот.

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на арапски медијатори, иранските дипломати дале неколку предлози за прекин на војната и признале дека економската криза во нивната земја се влошува.

Сепак, официјалните лица нагласија дека сегашниот став на Трамп би можел да се промени ако конфликтот продолжи во наредните недели и дека на него би можеле да влијаат резултатите од изборите за Конгресот.

Американските претставници изјавија дека Трамп се двоуми да продолжи со големи воени операции против Иран, делумно затоа што САД сакаат да ги зачуваат своите намалени резерви на муниција за други итни случаи.

Во меѓувреме, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат преку медијатори, вклучително и разговори за нуклеарната програма на Иран, потврдија официјални лица за американскиот весник.

Американските претставници открија дека напорите предводени од САД да им дозволат на танкерите да поминат низ Ормускиот теснец ја намалија итноста за постигнување договор.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потврди во петокот дека Техеран доставил план до Вашингтон со кој Ормускиот теснец би се отворил за поморски сообраќај во рок од седум дена.

Аракчи рече дека Иран доставил конкретен седумдневен план до САД преку Катар и дека, доколку се исполнат потребните услови, теснецот би можел да се отвори повторно, а сообраќајот да се врати во нормала во предвидениот временски рок.

Според него, на шестиот ден од рокот, Ормутскиот теснец би бил отворен, додека преговорите за договорените прашања би започнале следниот ден за да се постигне конечен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер