„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски - Канал 5

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Наградата „Златен објектив“ за 2025 година денеска ќе му биде доделена на  светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). 

„Златен објектив“ за 2025 за доајенот Петар Богоевски

Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Со одлука на Управниот одбор на институцијата, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман, работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли.

Петар Богоевски (1952) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

„Златниот објектив“ традиционално се доделува на 29 април, бидејќи на тој датум во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите?

Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. 

СДСМ: Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите?

Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа.

Загадена е водата за пиење и во Свети Николе - утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа.

Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар.

Граѓаните од цела држава се во грч за тоа каква е водата.

Во оваа ситуација, се поставува прашањето зошто власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите?

Луѓето имаат право да знаат каква е водата што ја пијат.

Станува збор за нивното здравје.

Владата нека ги направи анализите и нека ги објави резултатите.

Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар - 5000 луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани.

Не чекајте, направете ги анализите и објавете ги резултатите!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре и задутре следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме

Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. температурата ќе опадне за неколку степени.

УХМР: Утре и задутре следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме

Утре и во петок времето на некои места од источна и југоисточна Макеоднија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. температурата ќе опадне за неколку степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдена млада Португалка, се трага по уште тројца португалски туристи исчезнати во Јадранското море во Хрватска

Четворица млади португалски туристи исчезнаа во Јадранското море, за време на синоќешното невреме во околината на велебитскиот канал на хрватското крајбрежје..

Пронајдена млада Португалка, се трага по уште тројца португалски туристи исчезнати во Јадранското море во Хрватска

Спасувачките екипи трагаат по туристите, кои според информациите, пред да изчезнат пловеле со чамец.. За време на пребарувањето во близина на островот Крк, пронајден бил чамец на надувување, кој, според описот, се совпаѓа со чамецот на исчезнатите. Попладнево е пронајдена жива и здрава млада Португалка која била во чамецот.

Хрватските медиуми објавија дека во операцијата е вклучен и авион на крајбрежната стража - Риека поради неповолните временски услови со силни бури и бранови високи неколку метри..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер