Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
Култура„Златен објектив“ на Кинотеката годинава за светло-мајсторот Петар БогоевскиУправниот одбор на Кинотеката ја донел оваа одлуката заради деценискиот ангажман на Богоевски кој „работејќи со своите колеги - директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли“.Наградата „Златен објектив“ која Кинотеката им ја доделува на филмски автори и културни работници кои придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија, оваа година ќе му припадне на светло-мајсторот Петар Богоевски (1952). Управниот одбор на Кинотеката ја донел оваа одлуката заради деценискиот ангажман на Богоевски кој „работејќи со своите колеги - директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли“. -Петар Богоевски професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ каде што го минува сиот свој работен век, вклучен во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови, соопшти Кинотеката. „Златниот објектив“ на Богоевски ќе му биде врачен во Кинотеката во вторник, 29 април - датумот на кој во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење. Добитници на ова признание досега беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов. Тагови: Златен објектив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е безбедна за пиењеСкопје има една од петте најдобри води за пиење во Европа. - Водата во Скопје е безбедна за пиење. Јас не сум монструм да им дозволам на граѓаните да пијат загадена вода, порача првиот човек на Скопје откако на вонредната прес конференција во градот Скопје свикана поради пораките на социјалните мрежи дека скопската вода е загадена , побара и се напи чаша вода наполнета од чешма. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите?Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе - утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа. Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар. Граѓаните од цела држава се во грч за тоа каква е водата. Во оваа ситуација, се поставува прашањето зошто власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите? Луѓето имаат право да знаат каква е водата што ја пијат. Станува збор за нивното здравје. Владата нека ги направи анализите и нека ги објави резултатите. Видовме до што доведе криењето на информации во Гостивар - 5000 луѓе затруени, секојдневно нови случаи, па дури и реинфицирани граѓани. Не чекајте, направете ги анализите и објавете ги резултатите! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре и задутре следуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невремеКако што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. температурата ќе опадне за неколку степени.Утре и во петок времето на некои места од источна и југоисточна Макеоднија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. температурата ќе опадне за неколку степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата...Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook