„Зик Зак Пуф“ - танцова претстава за деца - Канал 5

„Зик Зак Пуф“ - танцова претстава за деца

Во рамки на „Танц фест“ вечер од 18 часот во Македонскиот народен театар првпат ќе биде изведена танцова претстава за деца. Се работи за „Зик Зак Пуф“ на танцовата компанија „Мафалда“ од Швајцарија, во кореографија на Тереза Ротермберг.

„Зик Зак Пуф“ - танцова претстава за деца

Претставата, наменета за деца од најмалку три години, е современа колоритна бајка во која постојат различни чудни суштества.
- Низ заедничко искуство тие сфаќаат дека се различни но и покрај тоа можат да комуницираат и во тоа гледаат предизвик. Разбираат дека нивната снага е во здруженоста и заедно ги надминуваат сите пречки и откриваат нови перспективи, дури и во најчудните ситуации. Претставата ни прикажува различни имагинативни карактери, кои низ прецизни епизоди ја раскажуваат приказната и создаваат незаборавна атмосфера и несекојдневно доживување, соопшти „Танц фест“.

Тереза Ротемберг е кореограф со богато и различно искуство во креациите. Таа е постојан кореограф на танцовата компанија „Мафалда“ во Цирих, основана во 1999 година. Во последно време нејзиниот фокус е креирање претстави за деца и тинејџери, со кои патува низ светот. Работи и како гостин-кореограф во познати танцови компании и како кореограф во театарски продукции и опери. За претставата „Зик Зак Пуф“ ја добила престижната аргентинска награда за уметност „Атина“.

Во рамки на годинашниот „Танц фест“ се одржува и програмата за деца „Танцуваме со Виталија“ во која покрај деца од Македонија, учествуваат и деца од Кина и Холандија.
Децата од танцовиот театар „Аварнес“ од градот Лешан од Кина пристигнаа во Скопје и од вчера имаат заеднички работилници за танц со децата од Македонија. Ним денеска ќе им се придружат и децата од Новиот танцов центар од Хаг, Холандија и во 15.30 часот на сцената „Зебра“ ќе имаат заендичка работилница за современ танц.
Децата гости на фестивалот вечер ќе присуствуваат на претставата „Зик Зак Пуф“, утре ќе настапат со посебна програма во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, а в недела ќе го посетат „Македонско село“ каде повторно ќе се дружат и ќе настапат заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Хаос на улиците во Франција.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот.

Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица.

Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети.

Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо.

Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци .

Немири и насилства имаше и на улиците во Германија.

Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата.

По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје.

Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер