Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Култура„Животот е прекрасен“ - премиера на Македонскиот народен театарМакедонскиот народен театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, во адаптација и режија на познатиот бугарски режисер Александар Морфов. Новата премиера МНТ ја најави како претстава „што ќе ве расплаче и ќе ве насмее до солзи“, во која во фокусот е малиот и обичен човек - неговите желби, стравови и страсти.Наместо „Дон Кихот“, како што првично беше најавен проектот на МНТ со Морфов, тој е насловен „Животот е прекрасен“ откога режисерот ги изгледал претставите на нашиот театар и се запознал со ансамблот. Одлучил дека „Животот е прекрасен“ е „по мерка на овој ансамбл“. - Почнуваме да ја губиме смислата на животот. Политиката стана најужасно нешто, свет со народ кој се занимава со пари и со самиот себе. Во таа смисла „Животот е прекрасен“ ми се чинеше дека е понеопходно, да му се даде нешто и на малиот човек, дека и тој треба да живее. Треба да стигне до пеколот за да сфати што е најважно, рече Морфов на прес-конференција по повод премиерата. Бугарскиот режисер со меѓународна кариера, кој оваа претстава со македонскиот ансамбл ја подготвува три месеци, рече дека е задоволен што повторно работи во пријателска Македонија и одново соработува со, како што рече, омилените актери Никола Ристановски, Николина Кујача, Звездана Ангеловска. Не сакаше да зборува за крајниот резултат и за оценката на критиката зашто нему, рече тој, најважен му е креативниот процес. - За мене нема ништо поубаво од тоа процесот на работа да е креативен и секој ден да се изненадуваме со нови идеи и предлози, независно од критиката. Важно е што чувствуваме ние. Овде тоа се случи во прекрасна форма и се надевам дека претставата ќе биде достојна на нашиот труд. Мора да се уважува трудот, напорот и желбата на актерот да излезе на сцена и да покаже што знае, рече Морфов. Директорот на МНТ Дејан Пројковски рече дека останал без здив гледајќи ја генералната проба на три и полчасовната претстава и дека 10 април ќе биде празник за МНТ. Покрај вечерашната, гала-премиера, МНТ најави уште две премиери на „Животот е прекрасен“ - на 15-ти и на 16 април. - Претставата е многу слоевита и шокантно е што од минута во минута ве прави и многу среќни и многу тажни, каков што е и животот. Морфов, кој е еден од најголемите европски режисерски имиња, во оваа претстава ја вградува сопствената естетика. Нејзиното поставување е остварување на голем сон и важна точка за МНТ во потрагата на креативни предизвици, рече Пројковски. Во актерската екипа се: Никола Ристановски, Николина Кујача, Звездана Ангеловска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиоски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Кире Ѓоревски, Александар Михајловски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазија Христовска и Соња Крстевска. Сценографијата е на Никола Тороманов од Бугарија, костимограф е Марија Пупучевска, кореограф Инга Красовска. Учествува и петчлениот оркестар „Раскрши се“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook