„Животот е краток и нејасен“ вечерва на „Ин Виница веритас“ - Канал 5

„Животот е краток и нејасен“ вечерва на „Ин Виница веритас“

Главните улоги ги играат Гоце Тодоровски, Благој Чоревски, Марија Лазарова, Јасмин Рамани, Кирил Трајковски – Максим и Ивана Стамевска.

„Животот е краток и нејасен“ вечерва на „Ин Виница веритас“

Во рамките на годинашното издание на фестивалот на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“ вечерва ќе биде одиграна театрската претстава „Животот е краток и нејасен“ на Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје во режија на Гжегож Кемпински, најавуваат од ДК „Тошо Арсов“ од Виница. Претставата започнува во 20 часот. Главните улоги ги играат Гоце Тодоровски, Благој Чоревски, Марија Лазарова, Јасмин Рамани, Кирил Трајковски – Максим и Ивана Стамевска.

„Ин Виница веритас“ започна на 24 октомври со изложба од карикатури што учествуваа на конкурсот распишан на тема: „Кој последен се смее...“. Оваа престижна манифестација ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Годинашното издание на „Ин Виница веритас“ завршува утревечер со стенд ап комедијата на Надица Петрова од Театарот „Златен елец“.

Сите претстави се играат во Сината сала на Општина Виница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура

Почна собраниската процедура за уште два закони од реформската агенда – за судска и за јавнообвинителска служба, чиј предлагач е министерот за правда

Законите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура

. Што предвидуваат тие и какви се реакциите на синдикатот, од прилогот на афродита рамос...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По четири граѓани дневно се јавуваат во Инфективната клиника поради крлежи

Четири граѓани за едно деноноќие побарале помош во Клиниката за инфективни болести откако биле каснати од крлеж. 

По четири граѓани дневно се јавуваат во Инфективната клиника поради крлежи

Директорот на клиниката Фадил Цана објаснува дека нема место за загриженост од компликации, но по каснување од крлеж не треба човекот сам да го вади туку да отиде на хиругрија каде ќе му посочат каде да го продолжи лекуавњето..

Од Клиниката за кожни болести објаснуваат дека и кај нив има граѓани кои доѓаат по каснување од крлеж за да проверат дали е правилно изваден и дали имаат одредено заболување. Најважно е да се извади правилно крлежот, вели доктрока Невенка Аџиевска.

Најважно е во престој на природа да се носи светла облека, да се провери телото да не има крлеж пред се кај помалите деца, апелираат докторите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љутков: Скопското Кале ќе биде во во полн сјај

Еден од најзначајните симболи на Скопје – зградата на „Пошта“ нема да биде готова кога Скопје ќе ја преземе титулата Европски град на културата – посочи на денешниот брифинг со новинарите министерот за култура – Зоран Љутков. 

Љутков: Скопското Кале ќе биде во во полн сјај

Според него, нема обврзаност овој објект да биде завршен за година и половина од сега, а и не постои можност за истото бидејќи станува збор за посериозен зафат кој подлежи на конзервација. Што се однесува до Универзална сала – динамиката вели е според планираното и очекува до крајот на наредната година таа да биде подготвена, а и Калето најави дека ќе биде во полн сјај.

Овој момент се работи само, фазно е решевањето во овој дел, бидејќи внатре мора да се прави конзервација на се она што го имаме, за да се работи на тоа мора прво проектната конструкција да се реши, проектот е готов, има средства, во моментов е министерство за транспорт и врски, не верувам дека ќе биде готова до 2028 година, подолг процес е за разлика од класичните градби. Во моментов се работи на Универзална, добивам информации на неделно ниво, и доколку се работи со вакво темпо до крајот на 2027 година треба да биде завршена, тоа го гледам и по делот на исплатата и на завршените фази. - Зоран Љутков – Министер за култура и туризам.

Од почетокот на наредната година треба да започне и примената на новите механизми за употреба на македонски јазик во државните органи, институциите, медиумите и сите обврзани со закон. Сепак, проблемот е што во почетокот употребата на ниво на земјата ќе ја контролираат само петмина инспектори, бројка, која директорката Менче Андреева очекува да биде зголемена. Воедно утре треба да се знае и кој ќе биде новиот претседател на советот за Македонски јазик, откако Груевска Маџоска си поднесе оставка.

-Јас во почетокот барав 12 инспектори, меѓутоа и со овие пет доволно е што ќе ја започнеме постапката и што ќе можат да почнат со обука, нема да застанеме тука, секако ќе продолжиме со екипирање на инспекторатот и зголемување на бројката на вработени. По вработувањето ќе почне постапката за обука, според закон една година, по завршувањето ќе полагаат за инспектор, односно да добијат лиценца инспектор за македонски јазик.

Што се однесува до туризмот, кој во моментов е во незавидна позиција, Љутков очекува поразличен пристап со изготвената долгорочна стратегија која точно ќе ги мапира проблемите и ќе создаде подобри услови и промоција.

Околу тоа дали станува се поизвесен УНЕСКО - статусот кој му се заканува на Охрид, како културно наследство во опасност, министерот вели дека на овој проблем се работи посветено и дека состојбите се подобруваат.

А, што се однесува до неговата министерска позиција и дали ќе биде опфатен со најавената реконструкција на Влада, Љутков вели дека е спокоен и си ги врши своите должности. Со премиерот на оваа тема не разговарале и дека Мицкоски е тој кој ќе реши кој министер останува, а кој си заминува.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер