СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
Култура„Женски приказни“ со Македонската филхармонијаСимфониски концерт насловен „Женски приказни“ ќе одржи вечер Македонската филхармонија на кој солист ќе биде руската пијанистка од Германија Олга Шепс, а оркестарот ќе го води нашата диригентка Елена Митревска која кариерата ја гради на европските сцени.Пред македонската публика пијанистката Шепс ќе го изведе познатиот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен. На програмата оваа вечер се и Бетовеновата увертира „Леонора“ бр. 3, како и избор од експресивните две свити „Арлезијанка“ од францускиот композитор Жорж Бизе. Руската пијанистка Олга Шепс почнала да изучува пијано на петгодишна возраст. Во 1992 година нејзиното семејство се преселило од Москва во Германија, и тоа ќе стане новиот дом на Шепс. Сега е активна како концертен пијанист не само во Германија, туку и во Русија и во Англија. На 16 години станала еден од најмладите студенти на Музичката академија во Келн каде дипломирала во 2013 година. Нејзиниот професор Павел Гилилов, како и нејзините родители, и двајцата пијанисти и учители по пијано, сè уште имаат важна улога во нејзиниот развој како музички уметник. Во 2009 година потпишала ексклузивен договор со „Сони класикал“, за чија издавачка куќа во 2016 година го сними својот седми албум. За албумот „Шопен“ ја доби наградата „Ехо“ во категоријата „Млад уметник на годината“. Како „Стенвеј“ артист, Олга Шепс денес живее во Келн, настапувајќи на голем број фестивали за класична музика надвор од нејзината земја, со видни оркестри и диригенти. Диригентката Елена Митревска Скопје доаѓа од Овиедо каде што од 2016 е ангажирана како хор-мајстор во Операта во тој шпански град. Дипломирала на Одделот за музичка теорија и педагогија на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2008 и продолжила во Виена на Универзитетот за музика и изведувачки уметности каде дипломирала - најпрвин хорско диригирање, а потоа и оркестарско диригирање заедно со престижниот Виенски камерен оркестар. За време на студиите активно работела како диригент на неколку хорови во Виена и го основала ансамблот „Глезум” со кој во 2013 ги изведува Чичестер псалмите од Леонард Бернштајн. Уште од почетокот на студиите е редовен член на хорот „Арнолд Шенберг“ каде од 2012 година работи и како асистент на концертните, но и на оперските проекти во Theater an der Wien. Има настапувано во престижни сали, како Musikverein, Wiener Konzerthaus, Suntory Hall, KKL и соработка со диригенти како Николаус Харнонкур, Клаудио Абадо, Бернард Хаитинк, Сајмон Ратл, Рене Јакобс... Во 2014-та ја добила наградата „Ервин Ортнер“ за значајни достигнувања во областа на хорското диригирање во Австрија, а во 2015-та го презела уметничкото раководство на хорската и оркестарска музичка работилница во Хинтершмидинг, Германија. Македонското деби како диригент Елена Митревска го имаше во 2015 година со Камерниот оркестар на Музичка младина на „Охридско лето“ и на „Скопско лето“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter