„Зевзекманија“ - Канал 5

„Зевзекманија“

Секоја сабота во 18:30!

„Зевзекманија“

Емисија за топење на наталоженото општествено сало. Хумор, сатира, цинизам, забава, пародичен поглед на нашата убава Македонија.

Дами и господа, селани и селанки, другарки и другари, време е за диета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година

Фестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија.

Избрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 година

На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори:

1. „Меко трње“ од Марија Ангеловска, (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), (Скопје: Бегемот, 2026) ,

2. „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026);

3. „Сократовиот разговор во еден случаен свет“ од Даниела Андоновска – Трајковска, (Битола: Перун Артис, 2026);

4. „Длабок простор“ од , Зоран Анчевски, (Скопје: Арс Ламина, 2026);

5. „ДАРУМ est“ од Ирена Бабамова Стојчева (Скопје: Макавеј, 2026);

6. „Времето ќе ја истресе тишината“ од Мане Манушев (Скопје, Антолог, 2026);

7. „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски (Скопје: Арс Ламина, 2025);

8. „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од Тони Попов (Охрид: ЗПРКДУ – Креативна верига, 2025);

9. „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026);

10. „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026),

Жири-комисијата потоа едногласно ја утврди листата со потесниот избор од 5 поетски книги во конкуренција за наградата (наведени по азбучен ред според презимето на авторот):

- „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026),

- „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026),

- „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026),

- „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026),

- „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026).

Жири-комисијата, согласно Правилникот за наградата, продолжува да работи во тајност до донесувањето на конечната одлука. Поетите од потесниот избор ќе имаат свое претставување на одделен настан на фестивалот, пред официјалното соопштување на добитникот, кое ќе биде на 26.06.2026 година, во 12:30 часот. Наградената книга покрај паричната награда добива и објавување на книгата во превод на англиски јазик, промоција и портрет на следното издание на Струшки вечери на поезијата.

Фестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20:30

Годинава Фестивалот ќе се одржи под фестивалското мото „Каде што живее поезијата“, кое е сообразено и со целокупниот визуелен концепт изготвен од креативниот тим на СВП, преку кој се посочува на кревкоста на традицијата и културата, но и за нејзината особеност и трајноста на зборот. За јазикот како куќа на поезијата, за внатрешното и светогледите, за идентитетите и разноликоста. Сето ова е одразено и низ целокупната програма на Струшките вечери на поезијата, кои годинава одбележуваат 65 години од своето постоење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе се набавуваат електрични велосипеди за Битола велоград

Новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени.

Ќе се набавуваат електрични велосипеди за Битола велоград

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.800.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните.

Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени на изградените велосипедски патеки, односно на неколку пунктови граѓаните ќе имаат можност да ги изнајмуваат со цел да ги користат велосипедските патеки.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Целосно реконструиран локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност.

Проектот претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, поквалитетна и побезбедна сообраќајна поврзаност меѓу двете населени места. Со реализацијата на овој проект се подобрува секојдневната мобилност на жителите, како и пристапноста за сите корисници на овој патен правец.

Во рамки на проектот извршена е целосна реконструкција и асфалтирање на патот во должина од околу 1.900 метри, извршено е проширување на коловозот, а низ населените делови долж кои поминува делницата изграден е нов тротоар со ширина од 1,5 метри, со што дополнително се зголемува безбедноста на пешаците.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во модернизација и развој на патната инфраструктура остануваат стратешки приоритет на локалната самоуправа, со цел обезбедување подобра поврзаност помеѓу населените места, зголемена безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот за граѓаните.

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места, модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер