3СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
Македонија„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на СтрумицаДенешниот протест се одржа под мотото „Излези. Застани. Зборувај за себе. За своите деца. За здравјето. За иднината“.Набавка на дрон специјализиран за мерење на квалитетот на воздухот, вработување на 5 инспектори за животна средина, техничка и теренска ревизија на сите издадени „А“ и „Б“ дозволи, како и сите постоечки елаборати за заштита на животната средина, зголемен буџет за заштита на животната средина, обезбедување материјални средства за 100 проби во акредитирана лабораторија, поставување камери на дивите депонии и јавно објавување и отчет за работата на инспекторите во општината, побараа од денешниот протест против аерозагадувањето од Здружението „Здрава котлина“, кој се одржа во центарот на градот пред крстосницата на ТЦ „Глобал“ во Струмица. Покрај тоа, од сите пратеници од струмичко во Собранието побараа да поднесат иницијатива за итна измена на Законот за индустриски емисии со бришење на деловите каде се дозволува деловна тајна за процесите на емисија, законска можност за загадување повеќе од дозволеното, како и вметнување на обврската за сите „А“ и „Б“ интегрирани еколошки дозволи за воспоставување автоматски континуиран мониторинг со постојана видливост на резултатите. -Ако овие наши барања не се исполнат во најкус можен рок, ќе продолжиме со протести и блокади се до остварувањето на нашите барања. Струмица има право да дише. Сакаме чист воздух, порача Оливера Аризанова Мансбарт од „Здрава котлина“. Пред насобраните граѓани се обратија повеќе активисти и граѓани, кои алармираа за состојбите со аерозагадувањето во Струмица, притоа потенцирајќи дека едвај педесетина денови во годината градот не е загаден и дека постојано ги зазема највисоките места во домашните и европските мерења по загаденост. Денешниот протест се одржа под мотото „Излези. Застани. Зборувај за себе. За своите деца. За здравјето. За иднината“. Инаку, „Здрава котлина“ и лани во февруари и јули организираше протести против аерозагадувањето.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаМитева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлукиТемата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа. „Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. „Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева. Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки. „Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева. Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија. „Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗа полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евраДизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 годиниЦените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години. Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр. Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи. Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци.. ... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезеМицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно. Народот не е наивен. Сметката е проста. За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи. Цевките со Грција и Србија ги најавува. Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес. Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери. Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име. ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува. Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери. Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата. Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка. Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата. Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа. Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија. Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација. Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција. Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата. Скопје, 19.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter