„Заврти и победи” нов награден предизвик на 2win.mk - Канал 5

„Заврти и победи” нов награден предизвик на 2win.mk

Наградна игра „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk со вкупен фонд на награди од 13 милиони денари. Видеолотарија Касинос Австрија  започна со нов награден предизвик за играчите на  2win.mk.

„Заврти и победи” нов награден предизвик  на 2win.mk

На задоволство на играчите на играчката платформа 2win.mk, Видеолотарија Касинос Австрија почна со нов награден предизвик. Наградната игра „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“има богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 13 милиони денари. Ќе се одвива во две фази и тоа:

Фаза 1: Турнирски фаза, и

Фаза 2: Дополнителна игра „Среќно Тркало“

И во наградната игра „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“, ќе се доделуваат награди во две категории:

видеолотариски и електронски игри и

спортско обложување

Главните награди се автомобил Мерцедес GLB во двете категории. Целокупната наградна игра во двете фази ќе трае од 16.10.2022 година до 25.02.2023 година, вклучувајќи го и 25.02.2023 година до завршетокот на дополнителната игра „Среќно тркало“. Правилата на наградната игра се достапни на платформата 2win.mk

Турнирската фаза ќе се изведува преку 2win.mk во двете категории. Во оваа фаза учесниците освојуваат поени од нивните добитни влогови во интернет игрите на среќа и врз основа на собраните поени се формираат ранг листи на најсреќни учесници, за секоја категорија посебно. Во турнирската фаза, учесниците со најмногу поени од 6-то до 30-то место на конечните официјални ранг листи стануваат добитници на награда во секое коло, односно на главните награди на крајот на последното коло. Во текот на наградната игра ќе се доделуваат награди во секое од 4-те (четири) кола во секоја категорија, како и главните награди на крајот на турнирската фаза во секоја категорија:

По завршување на турнирската Фаза од секое коло на наградната игра, односно по завршување на последното коло за главните награди, првите 5 (пет) учесници од официјалните листи за колото/главните награди во секоја категорија се квалификуваат за Фаза 2 од наградната игра, каде преку дополнителната игра „Среќно тркало“ се одредуваат добитниците на првите 5 награди за колото по категорија, односно на 5-те главни награди по категорија. Фаза 2, Дополнителната игра „ Среќно тркало“ за секое коло ќе се одржи во просториите на Државна Видеолотарија на Македонија или на друга локација која ќе биде јавно објавена и проследена до квалификуваните учесници, на следните датуми:

Играј со најдобрите! ЗАВРТИ И ПОБЕДИ на 2win.mk

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите #ЗавртиИпобеди

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер