Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална
1Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална
3Сали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравство
Култура„Заспаната убавица“ на 7 и 8 март во Националната опера и балет Балетската претстава „Заспаната убавица“ преточена во музиката на Петар Илич Чајковски ќе се одржи на 7 и 8 март на сцената на Националната опера и балет (НОБ).Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов. Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. За првпат, во главните улоги на 8 март ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. -Вечната борба меѓу доброто и злото, класичната балетска бајка „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер, се вели во соопштението на НОБ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекалнаШефот на дипломатијата Тимчо Муцунски позитивно гледа на последната иницијатива за т.н. постепена интергација во ЕУ, но предупредува дека оваа алатка може да биде корисна само ако биде мост до полноправо членство,а не да се претвори во трајна чекална.По најавите дека есенва Европската Комисија ќе усвои нова стратегија за т.н постепена интеграција на земјите кандидати во ЕУ додека спроведуваат реформи, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски ваквите иницијативи ги оцени како позитивни, но само ако на нив не се гледа како на алтерантива за полноправното члнество. На панел дискусија на Дубровник форумот, осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакна дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес. -Доколку овој нов модел на постепена интеграција што треба да се имплементира, се надеваме во одреден момент, претставува мост кон полноправно членство и тоа е пораката што ја примаме од сите, тогаш ќе биде исклучително корисна алатка. Но, мора да внимаваме да не стане алатка за поплаки каде што се гледа како нешто што е направено и ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство. И мислам дека ова е главната загриженост која постои, но генерално расположението и тоа што го слушнавме и за што се разговараме, од наша перспектива е исклучително позитивн, изјави Муцунски. Во обраќањето министерот за надворешни работи посочи и дека покрај тврдењата на 26 земји членки дека Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми, истовремено Бугарија според него инсистира и на дополнителни билатерални барања, поврзани со ревизија на националната историја и други области што, како што рече, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство. - Една земја членка, вели, покрај тоа, европскиот консензус е и сет на други договори кои очигледно постојат меѓу двете држави, вклучувајќи, меѓудругото, ревизија на нашата национална историја и области како интервенција во домашните медиумски работи на земјата и други прашања исто така. Значи прашањето е дури и ако го направиме она што 26 земји членки на ЕУ и европските институции ни кажуваат да го направиме, една земја членка штом го направиме ќе рече: „Сега кога сме тука, ајде да почнеме со овие други аспекти што ни се важни“. Ова е замката, многу очигледна, изјави Муцунски. На истиот панел, американскиот професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања. -Ова е уште една грешка на Европската Унија, да го притиска Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања. И постојат и други решенија. Може да држат состаноци во Советот и погодете што, Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата, изјави Џозеф. Во однос на прашањата поврзани со македонскиот идентитет, министерот Муцунски од Дубровник порача дека не постои „северномакедонски“ народ, „северномакедонски“ јазик ниту „северномакедонски“ идентитет, туку единствено македонски народ, македонски јазик и идентитет, нагласувајќи дека секој обид за нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор. Простор за дијалог со Софија за отворените прашања од македонска страна постои, кажа Муцунски, а во меѓувреме, државата продолжува да испорачува резултати во спроведувањето на реформите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаДимитриевски: Конечен договор ќе има во вторник, ЗНАМ и натаму ќе раководи со две министерстваЛидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, и денеска инсистираше дека се уште нема договор за владината реконструкција...На партискиот настан во Куманово денеска не присуствуваше министерот Филков, но Димитриевски вели дека тоа не е поврзано со реконструкцијата, туку со други обврски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
МакедонијаСали: ВЛЕН ќе раководи со 6 министерства - ги добива правда, култура и односи меѓу заедниците, отстапува од здравствоВРЕДИ со реконструкцијата на Владата ќе ги добие едно министерество повеќе и ќе раководи со вкупно шест, објави пред малку првиот вицепремиер Беким Сали.. На настанот во Скопје посветен на отчетот за 2 годишнината од работата на ВЛЕН во Владата, Сали кажа дека ВЛЕН ќе го добие ресорите за правда, за култура и за односи меѓу заедниците, а ќе го отстапи здравството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter