Засилени контроли по маркетите во пресрет на велигденските празници - Канал 5

Засилени контроли по маркетите во пресрет на велигденските празници

9 правни субјекти, вклучително и маркети, аптеки, увозници – дистрибутери, досега добиле 15 дневна забрана за вршење на дејност како и парична казна поради непочитување на владините одлуки за скалестото ограничување.

 Засилени контроли по маркетите во пресрет на велигденските празници

9 правни субјекти, вклучително и маркети, аптеки, увозници – дистрибутери, досега добиле 15 дневна забрана за вршење на дејност како и парична казна поради непочитување на владините одлуки за скалестото ограничување на бруто профитната маржа, како и замрзнување на цените на одредени прозиводи, велат од пазарен за Канал 5. Освен затворање кај одредени правни субјекти, од досега извршените конторли изречени биле и парични казни во висина од над 50 илјади евра. Од ДПИ велат инспекторите остануваат на терен, а според најавите засилени контроли ќе има и за време на велигденските празници.

„Генерално одлуките на Влада се почитуваат со исклучок кај некои правни субјекти. До денес извршени се над 500 надзори во трговијата на мало и големо. Констатирани се околу 65 неправилности врз основа на Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, како и непочитување на одлуките кај 9 правни субјекти, кај кои е изречена забрана на врешење на дејност од 15 дена и соодветен платен налог.“, велат од пазарен за Канал 5.

Владините мерки за замрзнување на цените на 8 групи на производи, како и ограничување на бруто профитната маржа на 5, 10 и 15 % на повеќе од 1 000 прехрамбени и непрехрамбени прозиводи беше донесена во февруари, а ќе трае се до крајот на април. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески пред неколку дена рече дека мерката дава резултати, а во периодот кој следи доколку е потребно ќе се креираат нови мерки за заштита на стандардот на граѓните. А токму во таа насока до крајот на неделава малите, големи и средни маркети веќе ќе треба на своите веб страни на дневна основа да ги објавуваат цените на сите производи.

„Тоа е израелски модел кој се применува во неколку држави Израел, Италија, последно и Хрватска, значи гледаме позитивни примери од другите држави како граѓаните можат да ги проверуваат тие цени транспарентно и да си одлучат сами во кој маркети да одат, каде ќе може да купат подобри, поквалитетни, поевтини производи. “-изјави Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд .

Надлежните очекуваат цените во пресрет на празниците да одат во надолна линија. А дополнително финишира и новата методологија за просечна потрошувачка кошничка, преку која секој месец дражвата ќе премсетува колку пари во просек му се потребни на едно тричлено семејство.

YouTube video

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Мадона објави видео на „TikTok“ со нејзиното момче Аким Морис.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата Принцот од Бел-Ер додека свири песната „Anxiety“ од раперот Доечи. Во ова видео Мадона нема шминка на лицето.

@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety - Doechii

Таа е лежерно облечена во широки панталони, преголема кошула и јакна, додека Аким е во спортски костим.

Овој танцов тренд започна минатиот месец кога Вил Смит рекреираше сцена од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

@willsmith Waited 35 years for this dance to trend. Ib: @Mimii ♬ Anxiety - Doechii

Аким, поранешен колеџ фудбалер, ја запозна Мадона во август 2022 година, иако ја потврдија романсата две години подоцна. Мадона ја објави нивната врска во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“. Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и пречеа фотографите, на кои им го покажа средниот прст.

Извор: Индекс.хр

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

 EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне.

Фото: ЕПА

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

- Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас./МИА

притисни ентер