Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните
2Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните
Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
1Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
Балкан„Запри Србијо“ во 11.52 акција во спомен на 15-те лица загинати при падот на настрешницатаСе повикуваат граѓаните на Србија денеска во 11:52 часот да застанат 15 минути во акцијата „Запри Србијо“ и да им оддадат почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.Претставници на иницијативата „Проглас“, како и дел од академската јавност и опозициските партии, упатија покана до граѓаните да застанат на симболични 15 минути во 11:52 часот во спомен на 15-те жртви. Акцијата е закажана во Нови Сад и Белград, на повеќе локации, а претставници на иницијативата „Проглас“ ги повикаа сите граѓани на Србија да се приклучат, без разлика каде се наоѓаат во тој момент. Членот на „Проглас“, Гојко Божовиќ рече дека оваа акција треба да покаже дека граѓаните се сеќаваат на имињата на жртвите и дека како сограѓани се чувствуваат лошо поради трагедијата што се случи. Во Белград претставници на „Проглас“ ќе бидат на четири локации - Студентскиот плоштад, раскрсницата кај „Лондон“ во улицата „Кнез Милош“, крстосницата на булеварот на „Крал Александар“ и улицата „Београдска“, а во Нов Белград - раскрсницата на Булеварот на уметноста и Булеварот на Арсениј Чарнојевиќ. Според најавите на социјалните мрежи, таму ќе бидат и студенти, а акцијата беше најавена и пред зградата на Радио телевизија на Србија, на улицата „Таковска“, каде ќе се одржи иницијативата „Мостот останува“. Од Партијата на слободата и правда најавија дека ќе се приклучат на акцијата кај Бранков мост, од страната на Стар град. Група наставници и соработници на Филозофскиот факултет во Нови Сад ги поканија вработените и студентите на Универзитетот во Нови Сад да се приклучат на акцијата во тој град. И опозицијата од блокадата пред новосадскиот суд и обвинителството упати покана до граѓаните на цела Србија да застанат во 11:52 часот на симболични 15 минути во спомен на 15-те жртви. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕксплозија на автомобил во Санкт Петербург, убиен висок руски офицерУтринава се случи експлозија на автомобил во Санкт Петербург во која загинал висок руски воен офицер, додека неговата сопруга со тешки телесни повреди е пренесена во болница. Инцидентот се случил на паркинг во станбена зона на Ростовска улица во моментот кога возачот го активирал моторот на своето возило. Ударниот бран бил толку силен што ги разнел задните стакла, го откорнал поклопецот од моторот и задниот браник. Делови од автомобилот и метални парчиња биле расфрлани на десетици метри околу местото на настанот. ⚡️ A Russian lieutenant colonel’s car was blown up in St. Petersburg The serviceman was killed at the scene, while his wife was hospitalized. According to preliminary reports, an improvised explosive device detonated inside the car. In the Slavyanka neighborhood, where the… pic.twitter.com/6xMfnUV32W — NEXTA (@nexta_tv) August 27, 2026 Според тамошните медиуми возачот им подлегнал на повредите на лице место. Неговата сопруга, која исто така се наоѓала во возилото во моментот на експлозијата, во критична состојба е хоспитализирана на одделот за интензивна нега. Официјалните руски власти сè уште не го соопштуваат идентитетот на загинатиот офицер, ниту точната причина за експлозијата. Ова е трет пат високо рангиран руски воен офицер да биде разнесен од почетокот на месецот. На 13 август во експлозија на улица во Севастопол загинна капетанот Роберт Шагеев од руската морнарица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛиверпул го договори најскапиот трансфер летовоЛиверпул е блиску до реализација на најголемиот трансфер летово, напаѓачот на европскиот шампион ПСЖ, Бредли Баркола се поблиску до Енфилд роуд. Англискиот клуб преговара за ангажман на 23 годишниот Бредли Баркола од Пари Сен Жермен за вкупна сума од околу 140 милиони евра. Преговорите меѓу клубовите траат веќе неколку недели, при што Ливерпул се обидува да ја намали првичната цена од околу 170 милиони евра што ја бараше ПСЖ. Веста за договорот ја потврдуваат англиските медиуми и Фабрицио Романо, водечкиот експерт за фудбалски трансфери. Според најновите информации, „Црвените“ ќе платат фиксна сума од околу 117 милиони евра, плус дополнителни 23 милиони евра кои би можеле да се исплатат преку бонуси. Баркола со месеци беше главна цел на Ливерпул, кој бараше крилен напаѓач по заминувањето на Мохамед Салах во Трабзонспор. Претходно, клубот се обиде да го ангажира и Јан Диоманде, но нивната понуда беше одбиена, па младиот напаѓач на крајот заврши во Реал Мадрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ЗабаваПет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе пулсира во ритамот на македонската музиката во живо, диџеј-сетовите, гастрономските натпревари и специјалните трибјути посветени на Владо Јаневски и ДНК.Од 4 до 8 септември 2026 година, паркот „Авионче“ повторно ќе стане највкусната и најразиграната точка во Скопје. Второто издание на AERO Street Food Festival носи пет фестивалски вечери исполнети со улична гастрономија, концерти, диџеј-сетови и интерактивна забава за публиката. Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден!“, фестивалот годинава подготвува богата музичка програма. Секоја вечер на сцената ќе настапуваат по еден бенд и по двајца диџеи. „AEROStreetFoodFestival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“ изјави Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром. Пред публиката ќе се претстават бендовите South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, носејќи различни музички стилови и енергија за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во познати домашни и светски хитови, изведени во живо и во препознатливите аранжмани на секој од бендовите. За атмосферата пред и по концертните настапи ќе се погрижат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и диџеите од Sure Shotz, со по два диџеј-сета во текот на секоја фестивалска вечер. Особено емотивно и музички моќно ќе биде големото финале на 8 септември, кога фестивалот ќе заврши со вечер посветена на две македонски легенди. Acoustic Division ќе приреди специјален трибјут посветен на Владо Јаневски, додека диџеите од Sure Shotz ќе ја заокружат програмата со посебен музички трибјут посветен на ДНК. Последната фестивалска вечер ќе биде прослава на песните што оставија силна трага во македонската музичка историја и кои публиката ги пее од првиот до последниот стих. „Како и секоја година, остануваме посветени на македонските изведувачи и домашната музика. Во текот на петте фестивалски вечери, публиката ќе ужива во богата музичка програма, врвна улична храна и бројни забавни предизвици. Веруваме дека AERO Street Food Festival и годинава ќе понуди незаборавно урбано доживување за сите генерации“, изјави Владимир Темелковски, еден од организаторите на фестивалот. Забавата, сепак, нема да се одвива само на музичката сцена. Секоја вечер посетителите ќе можат да учествуваат во натпревари во брзо јадење, квизови со прашања и одговори, како и во други забавни фестивалски предизвици водени од Бомбакис. Најхрабрите и највештите учесници ќе имаат можност да се натпреваруваат пред публиката и да освојат интересни награди. Фестивалот веќе втора година по ред ја има клучната поддршка од Општина Аеродром, која уште од почетокот ги препозна вредностите на фестивалот и неговото значење за локалната заедница. А од годинава поддршка дава и Град Скопје, придонесувајќи кон збогатување на културната, забавната и гастрономската понуда на градот. Со афирмацијата на домашната музика, локалните гастрономски брендови и урбаната фестивалска култура, настанот прераснува во нова септемвриска традиција во Скопје. Од добра храна и музика во живо до натпревари, дружење и незаборавни трибјути – од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе биде местото каде што Скопје ќе јаде, ќе пее и ќе се забавува заедно. Финалето секогаш се игра во Аеродром!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26