Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
Култура„Замислувајќи го Балканот - идентитети и сеќавања од долгиот19 век“„Замислувајќи го Балканот- идентитети и сеќавања од долгиот 19–ти век“ е меѓународната патувачка изложба што синоќа беше отворена во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија.Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на оваа значајна изложба која ја раскажува приказната за градењето и за развитокот на модерните нации во Југоисточна Европа, посетителите на непосреден и автентичен начин ќе можат да се запознаат со балканската историја, со културата, религијата и со богатото културно наследство на овој простор, кое е универзално и препознатливо во меѓународен контекст. - Замислувајќи го Балканот е изложба која несомнено ги демантира негативните стереотипи за Балканот и ги антиципира вредностите кои не издвојуваат но, и не обединуваат во балканскиот и во европскиот културен простор. Таа е искрен придонес на балканските земји во одбележувањето на нашето славно минато и на нашата заедничка историја, рече на отворањето на изложбата Канческа-Милевска. Музејската поставка која е резултат на соработката на националните историски музеи од 12 балкански земји содржи 11 тематски содржини како „Животот во Стариот свет“, „Патувања и комуникации“, „Создавање и ширење на знаењето“, „Јавни манифестации“, „Мапирање“, и други тематски целини кои случувањата од националните истории ги позиционираат во еден глобален контекст. Секоја држава е претставена со 12 музејски предмети преку кои посетителите можат да видат како изгледа стереоскопот со 25 колор фотографии на Петар Петровиќ Његош и неговото семејство, грчкиот чибук, кутијата за бурмут на д-р Франце Прешерн, челичната круна на романскиот крал Карол Први, портретот на Вук Караџиќ, Германско-илирскиот речник и други експонати. Македонија во рамки на поставката презентира вредни артефакти како сребрена табакера и сет за кафе од 19 век, бератот за трговија со западните земји на охридското семејство Робевци, кратката славјанска граматика од Партениј Зографски, тријазичникот на Ѓорѓија Пулески, копија од иконата со Седмочислениците на Дичо Зограф на која се претставени Кирил и Методиј со своите ученици, фотографија од Гоце Делчев со знамето на Крушевската чета и прогласувањето на Крушевската република, оригиналниот галички свадбен бајрак и краткометражни филмови на браќата Манаки. Сите овие експонати, според министерката за култура, се потврда за цивилизациската присутност на балканските земјии и за заедничките заложби, културата и културното наследство да се промовираат како трајни и универзални вредности. Координатор на проектот од Македонија е Даниела Николова од Музејот на Македонија.Поставката досега беше презентирана во Љубљана, Белград и Букурешт, ќе биде претставена и пред посетителите во останатите земји-учеснички во проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Кипар, и Црна Гора. Изложбата е во организација на УНЕСКО и нивната канцеларија БРЕСЦЕ во Венеција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter