Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
2Пожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот
Македонија„Закана“ од здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ до Бугарските „гастарбајтери“Прочитајте го соопштението на здружението МБП, кое има елементи на мека закана кон бугарските „гастарбајтери“, но истовремено видете од каде доаѓа целата политичка „хистерија“ на Софија. Погледнете ги пописите во Македонија и бројот на Бугари.Канал 5 им го честита националниот празник на Бугарија, 3ти Март, воспоставен во 1991 год. како национален празник, а за кој официјална Софија има специјални чувства поради Санстефанскиот Договор и Санстефанска Бугарија, што било вазално кнежество кое траело само 5 месеци. И толку. Истовремено го пренесуваме во целост денешното соопштение на Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ каде еден период беше претседател македонскиот Бугарин , лидер на партијата ГДУ, кој пред 10на години изјави дека во Македонија живеат преку 1.2 милиони Бугари, кое слободно може да се категоризира во „мека закана“, до оние кои имаат Бугарски пасоши/државјанства, доколку не гласаат дека се Бугари тогаш тоа значи дека при пополнување на документацијата за добивање на „гастарбајтерски бугарски“ пасош, дале „лажни податоци“ Пред да го прочитате соопштението на ова здружение, кое е најблага форма на „говор на омраза“ , навреда и клевета , во споредба со оние политички и историски тонови кои доаѓаат од официјална Софија изминативе 6 месеци, погледнете ја табелата на сите пописи во Македонија во минатото , од која јасно се гледаат две работи: 1. Невистина е дека досега не им било дозволено на нашите сограѓани кои се чувтсвувале или биле Бугари да се изјаснат како такви на претходните пописи 2. Најголем број на попишани Бугари имало на пописот во 1971 год. ( 3334 ), а на последниот попис ги имало само 1487 лица 3. Дали официјална Софија се плаши да не се повторат овие бројки, независно дали од пописот од 1971 или од 2002 год. ? Следува сооштението на Здружението МБП во целост: „ја користиме оваа прилика да им го честитаме националниот празник 3ти март Ослободувањето на Бугарија, на сите во и надвор од Бугарија и да им посакаме добро здравје и понатамошен просперитет. Понатаму, поттикнати од зголемениот интерес во овие неколку дена, чувствуваме обврска да се обратиме на овој начин, со цел колку што можеме, да одговориме на прашањата за кои се интересирате. Прво, согласно Законот за Бугарско Државјанство од 1999 год. на лицето може да му се одземе истото, доколку се докаже дека во текот на постапката дало лажни податоци. На македонските граѓани кои деновиве се известени за такво нешто, а кои се наоѓаат надвор од Република Македонија, им препорачуваме да се обратат до Дипломатско конзуларните претставништва на Република Бугарија. Здружението „Македонско-Бугарско„ пријателство, на ниеден начин не може (дури и да сака) да влијае на таквите правни постапки. Второ, согласно измените во погоре наведениот закон, потенцијалните апликанти од Република Македонија, во иднина ќе можат полесно да се стекнат со државјанство на Република Бугарија. Се надеваме дека овие информации ќе им бидат од корист на оние кои последниве денови ги „вжештија“ телефонските лини на нашето здружение. Понатаму, ја користиме оваа можност да истакнеме дека ги разбираме и ја споделуваме загриженоста на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола за атмосферата на несигурност на лицата кои себе си се идентификуваат како „Бугари или македонски Бугари“ . Впрочем, самата идеја за формирање на МБП е афирмацијата на фолклорот, културата,традициите и зближувањето на сите кои имаат потекло од Македонија. Ние ги перцепираме како сонародници и инспиратори и Ted Kotcheff - Величко Тодор Костадин и Милчо Манчевски (нека ни простат што ги користиме како пример). Творештвото на Димитар Талев и Пеју Јаворов го гледаме како не така дамнешен крик за слобода и правда. И сосема за крај, без да навлегуваме во „политички импликации“ во и онака исполитизираниот попис во Република Македонија, ги охрабруваме пред се, нашите членови, да се изјаснат онака како што се чувствуваат и притоа воопшто да не „лицитираат“ или да се грижат за бројките. Бројките се важни, луѓето уште повеќе!“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКамерон Дијаз по враќањето на глумата, има нов филм- ќе се појави кон крајот на годината Камерон Дијаз го продолжува своето враќање кон глумата со новата акциона комедија „Лош ден“, која пристигнува на Нетфликс на 11 декември. Заедно со датумот на премиерата, стриминг услугата ги објави и првите фотографии од филмот. Во филмот, Дијаз игра самохрана мајка за која еден обичен ден се претвора во низа проблеми. Додека поминува низ она што може да биде најлошиот ден во нејзиниот живот, таа се обидува по секоја цена да го одржи ветувањето што ѝ го дала на својата ќерка. Филмот е режиран од Џејк Шимански, познат по својата работа во познатата серија „Должност на жирито“, додека сценариото го пишува Лаура Солон. Бо Бауман е продуцент, а Солон и Марк Моран се извршни продуценти. Дијаз ја предводи екипата во која се Даниел Брукс, Рензи Фелиз, Џон Хигинс, Марк Дуплас, Џесика Белкин, Ед О'Нил, Роб Кордри, Ајден Мајери, Бен Шварц, Рета, Ема Пирсон, П.Џ. Бирн, Шери Кола, Еди Патерсон и Бек Бенет. Нетфликс сè уште не откри многу повеќе детали за заплетот, а првите фотографии даваат само краток увид во она што ги очекува гледачите. Продолжува со враќањето по десетгодишна пауза За Дијаз, Лошиот ден е уште еден проект по долго отсуство од Холивуд. Актерката, позната по филмовите „Сите се луди за Мери“, „Маската“, „Одмор“ и серијата „Чарлиевите ангели“, не снимала филмови речиси десет години. Таа се врати на глумата со акционата комедија на Нетфликс „Назад во акција“, во која глумеше заедно со Џејми Фокс. Тоа беше нејзиниот прв филм по „Ени“ од 2014 година. Сепак, 53-годишната актерка не сака однапред да утврди со кое темпо ќе продолжи нејзината кариера. Во интервју за списанието „Емпајр“, таа објасни дека сака да ја задржи слободата да одлучува за секој иден проект. „Тешко е да се објасни. Ако кажам нешто, тоа веднаш станува голема приказна“, рече таа. „Го задржувам правото никогаш повеќе да не снимам филм, но исто така и да прифатам улога доколку сакам. Не однапред одредувам ништо. Отворена сум за она што има смисла за мене и моето семејство во одреден момент“, додаде таа. „Лош ден“ пристигнува на Нетфликс на 11 декември.Тагови: Камерон Дијаз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ натаму многу топло време со температура до 38 степени, утре попладне дожд и грмежи Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 30 Крушево, 31 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп, 35 Тетово, 36 Струмица, Виница, 37 Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Штип, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладнето, во западните и централните делови на Македонија, имаше развој на нестабилност проследена со пороен дожд, град, засилен ветер и грмежи. До крајот на денот наместа ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови временските услови ќе се стабилизираат. ВРЕМЕТО УТРЕ Претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаПожарите на Жеден и на Китка го обвија Скопје во чад, воздухот во градот меѓу најзагадените во светот Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба...Скопје попладнево се искачи на самиот врв по загаденост во светот.. Афродита Рамос ја имаме во живо.. Афродита, во претходното издание на вестите се јави од скопско Залениково, каде што гори на Китка.. Сега си на Водно.. Како изгледа главниот град доцна попладнево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter