3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
Култура„Загребачки плесни ансамбл“ и домашни продукции вечерва на Танц ФестДолг аплауз за „Меѓусвет“ на Рисимкин на синоќешниот 10-годишен јубилеј на Скопје танцовиот театар. Публиката со овации ја круниса прославата на една деценија љубов, страст, работа и борба за домашна современа танцова сцена која рамо до рамо стои до оние од светски ранг. Традиционално за Танц Фест, синоќа беа доделени и престижните награди „МЕНАДА за млад уметник“ на Матеа Киселичка и „МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцот“ на Каролин Карсон. Танц Фест Скопје 2021 оддаде почит и на легендата на македонскиот балет, Антон Тони Баталаков. Вечерта ја завршија премиерата на „Ѓаволска дупка“ на кореографот и танчер Дејан Битровски и танцовиот филм „Дома“ на Адријана Данчевска. Денес од 14.30 часот, на сцената на Танц Фест 2021, ќе се одржи „Отворена програма“ во која учествуваат студијата „Анабела“ од Велес, уметнички директор и кореограф Цеца Пајдаковска, студио „Ултра“ од Куманово, со кореографии на Антонија Димитриева, „Анастасија центар“ од Битола, уметнички директор и кореограф Стефанија Милевска Враниќ, „Реверанс“ од Струмица, директор и кореограф Олгица Илиева, „Битрикс“ културно-уметнички центар од Скопје, уметнички директор и кореограф Ивана Балабанова, „Аква“ уметнички директор и кореограф Емилија Достинова. Вечерната програма започнува во 21 часот, кога публиката ќе има можност да го проследи „ВИТРО“ - танцов филм зад чија кореографија и режија се потпишува Филип Петковски, на музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и Чајковски. Камера и фотографија се на Марко Марјановиќ, Тео Ангеловски и Жарко Чулиќ, а во филмот играат извонредните Мими Поп-Алексова, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Матеа Јанковска и Филип Петковски. Инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата, витро ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата. Веднаш потоа, магија на сцена! „Ревел Ревел“ на шпанскиот кореограф Розе Лопез Еспиноза во изведба на Загребачки плесни ансамбл, Хрватска, под уметничко водство на Петра Глад Мажар, а во продукција и организација на Нина Крижан и Петра Валентиќ. Воздигнување до исцрпеност и влегување во потсвеста. Поминување низ огледалото. „Ревел Ревел“ ќе нè одвеведе на патување, во потрага по слободата да се биде она што навистина сме и битисувањето со другите. Потрага по конците коишто нè поврзуваат и врските што нè одржуваат. Зошто не е доволно да се остане во сопствениот балон? Затоа што кога ќе се осмелиме да бидеме заедно, без огрничувања, стануваме поголеми од самите себе. За крај, во 22 часот, танцовата вечер ќе заврши со соло претставата за патот кон себе и кон природата, за нејзината убавина и рамнодушност кон човековите судбини на кореографот и танчер, Валентино Апстоловски, со сценарио и режија на Благој Мицевски -„НАЈЛОН“. Музиката и музичката илустрација се на Александар Димовски, видео и монтажа на Никола Марковски. Позади „НАЈЛОН“ се потпишува независна продукција, а се претставува парадоксот за светот со брз пристап до информации и исклучително едноставни комуникации, во кој вистински сме осамени. „Најлонот како прв синтетички изум од минатиот век ги спакува нашите срца и тела и го зароби нашиот дух. Стана синоним за човековата одвоеност од природата која ја уништува со својата неуништивост, се наведува во соопштението од организаторите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земјиЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка. Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување. На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот. Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа. Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство. Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот. Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски. Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook